Група (периоден систем)

Група или семејство — поим во хемијата кој означува колона од периодниот систем на елементите. Постојат 18 вакви групи означени со бројка, освен колоните на f-блокот (меѓу група 2 и 3). Елементите во една група имаат слични физички и хемиски особености на најнадворешните електронски обвивки на нивните атоми (т.е. имаат ист јадрен полнеж), со оглед на тоа што највеќето хемиски својства ги одредува орбиталната положба на најнадворешниот електрон.

Периоден систем на елементите каде секоја колона е група означена со соодветна бројка.

Постојат три начини на означување на групите. Современиот начин на бележење (група 1-18) е препорачан од Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (МСЧПХ или IUPAC) и претставува замена за две постари шеми кои предизвикуваат забуни. Групите може да се означуваат и според нивниот најгорен елемент, или пак да имаат сопствен назив. На пример, групата 16 се нарекува и кислородна група или халкогени. во 1989 г. како појдовен е земен долгиот облик на периодниот систем[1] со препорака да се користат арапските бројки од 1 до 18.

Групи уреди

Нов назив
(МСЧПХ)
По старо
(МСЧПХ) (Европа)
CAS
(САД)
Називи според елементи Тривијален назив
(*=одобрен од МСЧПХ)
Белешка
Група 1 IA IA литиумско семејство алкални метали* Водородот ѝ припаѓа на оваа колона, но не се смета за алкален метал
Група 2 IIA IIA берилиумско семејство земноалкални метали*
Група 3 IIIA IIIB скандиумско семејство Се состои од реткоземните елементи и актиноидите
Група 4 IVA IVB титанско семејство
Група 5 VA VB ванадиумско семејство
Група 6 VIA VIB хромно семејство
Група 7 VIIA VIIB манганово семејство
Група 8 VIII VIIIB железно семејство
Група 9 VIII VIIIB кобалтно семејство
Група 10 VIII VIIIB никлено семејство
Група 11 IB IB бакарно семејство монетни метали
Група 12 IIB IIB цинково семејство испарливи метали
Група 13 IIIB IIIA борово семејство триели, икосагени триели = „третници“
Група 14 IVB IVA јаглеродно семејство тетрели, кристалогени тетрели = „четвртници“
Група 15 VB VA азотно семејство пниктогени*
Група 16 VIB VIA кислородно семејство халкогени*
Група 17 VIIB VIIA флуорно семејство халогени*
Група 18 Група 0 VIIIA хелиумско или неонско семејство благородни гасови*, аерогени

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Сайфуллин Р.С., Сайфуллин А.Р. Новая таблица Менделеева // Химия и жизнь.— 2003.— № 12.— С. 14—17.

Литература уреди

  • Scerri, E. R. (2007). The periodic table, its story and its significance. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-530573-9.