Собна температура
Собна температура — израз за претпочитаната или типичната температура на една просторија која ја користат луѓето за разни цели. Претставува мал опсег на температури, при кои воздухот не е ни претопол, ни престуден.
Поимот може да се однесува на температурата што се чувствува на човечкото тело, или пак на оптимална температура за храна и пијалаци, складирање на лекови или пак вршење на научни опити. На пример, Државната фармакопеја на Русија, под „собна температура“ (за чување на лекови) подразбира опсег од 15 до 20 °C.[1]
Здравје и удобност
уредиПоради разликите во влажноста на воздухот и облеката, препорачаната собна температура во лето не е иста со онаа во зима. Лете се препорачува 23 °C до 25,5 °C, а зиме 20 °C до 23,5 °C.[2] Според други согледувања, максималната температура треба да изнесува 24 °C, а под 22 °C за да се избегне синдромот на боледување при лош квалитет на воздухот.[2]
Според Здравствената опсерваторија на Западен Мидлендс, Британија,[3] соодветна собна температура зиме е 21 °C за дневната соба и барем 18 °C во другите простории, при што највисоката удобна температура за возрасни е 24 °C.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Государственная фармакопея Российской Федерации Архивирано на 8 февруари 2016 г., XII изд. часть 1
- ↑ 2,0 2,1 Burroughs, H. E.; Hansen, Shirley (2011). Managing Indoor Air Quality. Fairmont Press. стр. 149–151. Посетено на 25 December 2014.
- ↑ Hartley, Anne (1 March 2006). „Fuel Poverty“. West Midlands Public Health Observatory. Birmingham, UK: West Midlands Public Health Observatory. Посетено на 25 December 2011.
- ↑ Roberts, Michelle (27 October 2006). „Why more people die in the winter“. BBC News. Посетено на 25 December 2011.