Распаден производ
Распаден производ (наречен и изведен изотоп или изведен нуклид) — нуклидот преостанат од радиоактивниот распад во низа чекори наречена распаден ланец. На пример, 238U се распаѓа на 234Th, што се распаѓа на 234mPa, кое пак се распаѓа на друуги изотопи за крај да дојде до 206Pb (кој е стабилен):
Во примеров:
- 234Th, 234mPa,…,206Pb се распадни производи на 238U.
- 234Th е изведеник на 238U.
- 234mPa (234, метастабилен) е второизведеник на 238U.
Сите тие се изведеници на 238U.[1]
Распадните производи се важни за добивање увид во природата на радиоактивниот рапад и постапувањето со радиоактивен отпад.
Кај елементите so атомски број поголем од оловото, распадниот ланец обично завршува со изотоп на талиумот или оловото.
Во многу случаи, членовите на распадниот ланец се многу порадиоактивни од првичниот нуклид. Така, достатна количина ураниум е опасно радиоактивна во чист облик, а некои парчиња уранинит во природата се мошне опасни бидејќи содржат радиум. Друг пример се ториумските гасни мрежички, кои имаат многу мала радиоактивност кога се нови, но стануваат далеку порадиоактивни по само неколку месеци. доколку во меѓувреме не се искористат.
Иако не може да се предвиди дали кога некој атом од радиоактивна супстанција ќе се распадне, распадните производи се крајно предвидливи. Поради ова, распадните производи се можне важни за научниците што треба да ја знаат количината и видот на матичниот производ. Ваквите испитувања се прават кога треба да се утврди степенот на загаденост во и околу атомските централи и на други места.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Glossary of Volume 7 Архивирано на 3 јануари 2017 г. (Depleted Uranium — authors: Naomi H. Harley, Ernest C. Foulkes, Lee H. Hilborne, Arlene Hudson, and C. Ross Anthony) of A review of the scientific literature as it pertains to gulf war illnesses.