Ковалентен полупречник (ковалентен радиус) или валентен полупречник (валентен радиус) — средното растојание на најоддалечените електрони од атомското јадро на два или повеќе атоми кои учествуваат при образувањето на хемиски врски (се викаат уште и валентни електрони). Ковалентниот полупречник е речиси еднаков на половината од средната должина на поединечните хемиски врски кои ги градат тие атоми. Ковалентните полупречници на атомите се околу 25 - 50% помали од нивните Ван дер Валсови полупречници.
Споредба на Ван дер Валсовиот и ковалентниот полупречник кај некои атоми
уреди
Атом
|
Ковалентен полупречник
|
Ван дер Валсов полупречник
|
N
|
0.7
|
1.5
|
P
|
1.1
|
1.9
|
S
|
1.04
|
1.85
|
I
|
1.33
|
2.15
|