Мосова скала
Мосова скала — скала со која се изразува цврстината на минералите, карактеризирајќи ја способноста на потврдиот материјал да го изгребе помекиот. Осмислена е во 1812 г. од германскиот геолог и минералог Фридрих Мос и претставува еден од неколкуте начини на изразување на цврстината (тврдоста) на материјалите.[1] Методот на споредување на цврстината со гребење е многу стар. Прв го споменува Теофраст во неговата расправа „За камењата“ (~ 300 п.н.е.), а потоа Плиниј Постариот во неговото дело „Природознание“ (Naturalis Historia, ~ 77 г.).[2][3][4]
Минерали
уредиМосовата скала на цврстина на минералите се заснова на способноста на примерок од еден материјал да изгребе примерок од друг. Мос користел само примероци на минерали како чисти супстанции што се среќаваат во природата. Камењата и карпите се составени од еден или повеќе минерали.[5] Како најцврства природна супстанција, дијамантот се котира највисоко на скалата. Цврстината на еден материјал се наоѓа со споредба со скалата, т.е. наоѓајќи кој е најтврдиот материјал што дадениот материјал може да го изгребе, и/или најмекиот материјал што може да изгребе даден материјал. На пример, ако некој материјал може да се изгребе со апатит, но не со флуорит, тогаш неговата цврстина на Мосовата скала ќе биде некаде помеѓу 4 и 5.[6]
Мосовата скала е чисто редна скала. На пример, корундот (9) е двапати поцврст од топазот (8), но дијамантот (10) е речиси четири пати потврд од корундот. Во табелата подолу е дадена споредба со апсолутната цврстина измерена со склерометар, заедно со слики од примерите.[7][8]
Мосова цврстина | Минерал | Хемиска формула | Апсолутна цврстина | Слика |
---|---|---|---|---|
1 | талк | Mg3Si4O10(OH)2 | 1 | |
2 | гипс | CaSO4·2H2O | 3 | |
3 | калцит | CaCO3 | 9 | |
4 | флуорит | CaF2 | 21 | |
5 | апатит | Ca5(PO4)3(OH–,Cl–,F–) | 48 | |
6 | ортоклаз | KAlSi3O8 | 72 | |
7 | кварц | SiO2 | 100 | |
8 | топаз | Al2SiO4(OH–,F–)2 | 200 | |
9 | корунд | Al2O3 | 400 | |
10 | дијамант | C | 1600 |
На Мосовата скала, графитот (од кој е направена мината кај моливите) има цврстина од 1,5; нокт: 2,2–2,5; бакарна паричка: 3,2–3,5; џебно ноже: 5,1; сечило од нож: 5,5; прозорско стакло: 5,5; а челична турпија има цврстина од 6,5.[9] Плоча за траги (неглазиран порцелан за гребење на минералот за да се добие прав) има цврстина од 7,0. Користејќи ги познатите цврстини на овие обични материјали имаме прост начин на приближно утврдување на положбата на еден минерал на скалата.[1]
Поподробен преглед на цврстини
уредиВо табелата подолу се наведени разни други супстанции што се котираат некаде помеѓу целобројните степени на цврстина:
Цврстина според Викерс
уредиЕве споредба на цврстината на материјалите по методот на Мос и методот на Викерс:[14]
Минерал | Цврстина (Мос) | Цврстина (Викерс) кг/мм2 |
---|---|---|
графит | 1 - 2 | VHN10=7 - 11 |
калај | 1½ - 2 | VHN10=7 - 9 |
бизмут | 2 - 2½ | VHN100=16 - 18 |
злато | 2½ - 3 | VHN10=30 - 34 |
сребро | 2½ - 3 | VHN100=61 - 65 |
халкозин | 2½ - 3 | VHN100=84 - 87 |
бакар | 2½ - 3 | VHN100=77 - 99 |
галенит | 2½ | VHN100=79 - 104 |
сфалерит | 3½ - 4 | VHN100=208 - 224 |
хејзелвудит | 4 | VHN100=230 - 254 |
каролит | 4½ - 5½ | VHN100=507 - 586 |
гетит | 5 - 5½ | VHN100=667 |
хематит | 5 - 6 | VHN100=1.000 - 1.100 |
хромит | 5½ | VHN100=1.278 - 1.456 |
анатаз | 5½ - 6 | VHN100=616 - 698 |
рутил | 6 - 6½ | VHN100=894 - 974 |
пирит | 6 - 6½ | VHN100=1.505 - 1.520 |
боувиит | 7 | VHN100=858 - 1.288 |
евклаз | 7½ | VHN100=1.310 |
хром | 9 | VHN100=1.875 - 2.000 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Encyclopædia Britannica. 2009. Encyclopædia Britannica Online. 22 февруари 2009 „Мосова цврстина“ (англиски)
- ↑ Теофраст - „За камењата“ (англиски)
- ↑ Плиниј Постариот. Природознание. книга 37. глава 15. ADamas: six varieties of it. Two remedies.
- ↑ Плиниј Постариот, Природознание. книга 37. глава 76. Начини на проверка на драги камења (англиски)
- ↑ Learn science, Intermediate стр. 42
- ↑ American Federation of Mineralogical Societies. "Mohs Scale of Mineral Hardness" Архивирано на 11 март 2023 г.
- ↑ Amethyst Galleries' Mineral Gallery Зошто е важна цврстината? Архивирано на 30 декември 2006 г. (англиски)
- ↑ Inland Lapidary Цврстина на минералите и скали на цврстина Архивирано на 17 октомври 2008 г. (англиски)
- ↑ William S. Cordua (1998). „The Hardness of Minerals and Rocks“. Lapidary Digest. Архивирано од изворникот на 2021-03-09. Посетено на 19 август 2007. на International Lapidary Association
- ↑ l. i. berger "semiconductor materials" crc press, 1996 isbn 0849389127, стр. 126
- ↑ Weintraub E. (1911). „On the properties and preparation of the element boron“. J. Ind. Eng. Chem. 3 (5): 299–301. doi:10.1021/ie50029a007.
- ↑ Solozhenko, V. L. (2008). „On the hardness of a new boron phase, orthorhombic γ-b28“. Journal of superhard materials. 30 (6): 428–429. doi:10.3103/s1063457608060117. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - ↑ Zarechnaya, E. Yu.; Dubrovinsky, L.; Dubrovinskaia, N.; Filinchuk, Y.; Chernyshov, D.; Dmitriev, V.; Miyajima, N.; El Goresy, A.; Braun, H. (2009). „Superhard semiconducting optically transparent high pressure phase of boron“. Phys. Rev. Lett. 102 (18): 185501. doi:10.1103/physrevlett.102.185501. PMID 19518885.
- ↑ „Mindat.org“.
- G.V. Samsonov (уредн.) во Handbook of the physicochemical properties of the elements, IFI-Plenum, New York, USA, 1968.
- Cordua, William S. "The Hardness of Minerals and Rocks" Архивирано на 9 март 2021 г.. Lapidary Digest, ~ 1990.