Густина (се обележува со грчката буква ро - ) — физичка величина која што за едно хомогено тело се дефинира како маса m на единица волумен V од телото:

Густина
Епрувета што содржи четири обоени течности со различна густина кои не се мешаат
Симболи
ρ
D
SI-единицакг/м3

За нехомогени тела, оваа релација ни ја дава средната вредност за густината на телото, бидејќи кај таквите тела густината за разни места е различна. Кај нехомогените тела, густината на телото во дадено место се добива како гранична вредност (лимес) на средната густина кога волуменот се стреми кон нула, односно ќе биде толку мал, што може да се смета дека во него густината е константна. Математичката формула за густина на нехомогените тела е следна:

Густината во меѓународниот систем на единици се мери со единица килограм на метар кубен кг/м3.

Методите за определување на густината на телата се методи за определување на волуменот на телото, кое може да биде неправилно тело или течност. Мерењето на волуменот на телото обично се прави индиректно со користење на Архимедовата сила која се јавува кога некое тело е целосно потопено во течност или гас. Течноста (најчесто вода) делува на телото со сила чија големина е еднаква на производот од масата на истисната вода mv (гас), помножена со Земјиното забрзување g, односно Fa=mvg. Со ваквиот начин на мерење и со познавањето на густината на течноста (најчесто водата) во која што се потопува даденото тело, може да се определи волуменот на телото.

Поврзано уреди