Старословенски јазик

(Пренасочено од Старословенски)
Старословенски јазик
́ ́,
Застапен воСловенска Европа
ПодрачјеИсточна и Јужна Европа
Изумренсе употребува само како богослужбен и службен јазик на православните цркви
Јазично семејство
Индоевропско
Писмоглаголица; кирилица
Јазични кодови
ISO 639-1cu
ISO 639-3chu

Старословенскиот јазик или старомакедонски јазик[1] (стсл. ́ ́, ) е познат во лингвистиката (поточно во славистиката) како првиот пишан, забележан, засведочен словенски јазик, а тоа бил јазикот којшто го говореле македонските Словени во непосредната околина на Солун (говорите од Сухо и Висока), во втората половина на IX век и се засновал на македонскиот јазик[2]. Често, што поради неинформираност, што поради непрецизност на мислата или пак невнимание, погрешно се вели дека старословенскиот јазик е јазик - татко на современите словенски јазици, т.е. дека сите модерни словенски јазици директно водат потекло од овој јазик. Ова тврдење не е точно, бидејќи старословенскиот јазик, од генеалошко гледиште, припаѓа во групата на јужнословенски јазици, поточно во нејзината источна подгрупа, заедно со современите македонски и бугарски јазик. Сите словенски јазици, вклучително и старословенскиот, водат потекло од прасловенскиот јазик. Познато е дека вистинските говорители сопствениот јазик го именувале како словенски (́ ́), а себе се именувале како Словени (, мн. ).

Историја и поважни особини

Статии поврзани со индоевропските народи
[[Словени|]]
Знамето на панславизмот

Словенска култура
Книжевност · Музика
Уметност · Кујна
Носија · Митологија

Словенски народи и нивни земји
Источни Словени
Руси · Белоруси · Украинци · Русини
Западни Словени
Полјаци · Чеси · Словаци
Лужички Срби
Јужни Словени
Срби · Хрвати · Бошњаци
Македонци · Црногорци · Словенци
Бугари · Југословени

Русија · Украина · Белорусија
Полска · Чешка · Словачка · Лужица
Македонија · Србија · Црна Гора
Бугарија · Хрватска · Словенија
Сродни народи
Балтички народи
( Литванци · Летонци )

Словенски јазици и говори
Пра- или општословенски јазик
Источнословенски јазици
Руски · Украински · Белоруски · Русински
Западнословенски јазици
Чешки · Полски · Словачки
Долнолужички · Горнолужички
Поморски · Кашупски · †Полапски
Јужнословенски јазици
Српски · Бугарски · Хрватски
Македонски · Босански · Црногорски
Српскохрватски / Hrvatskosrpski
Старословенски · Црковнословенски

Словенска писменост
Св. Кирил и Методиј · Глаголица
Кирилица · Моравска мисија
Прв словенски универзитет
Св. Климент Охридски · Св. Наум Охридски
Црноризец Храбар · О писменех

Историја
Потекло · Прататковина
Преселба на Словените
Словенски опсади на Солун
Склавинии

Други статии поврзани со Словените
Наука за словенштината · Панславизам
Знаме на панславизмот
Химна на панславизмот

Со големата преселба на народите дошло до раселување на многу народи и племиња, меѓу кои биле и Словените. Кон крајот на VI век од нашата ера словенските племиња веќе ја имале напуштено својата (претпоставена) прататковина во Закарпатието и се раселувале низ Европа. Раселувањето се движело главно во три правци: на исток низ Источноевропската Низина, на запад кон средна Европа и на југ кон Балканскиот Полуостров. Со распадот на оваа „племенска“ заедница на старите словени, дошло до јазично раслојување на словенските говори, односно на распад на прасловенската јазична заедница. Така се оформиле три големи групи дијалекти: источна, западна и јужна група. Секоја од овие групи пројавила (создала) сопствени особини кои ја разликувале од останатите, но се претпоставува дека овие разлики биле (до средината на IX век, т.е. до запишувањето на првите словенски зборови) сè уште мали и не толку значајни за да пречат во дирекната комуникација помеѓу говорителите на различни дијалекти. Од друга страна, пак, овие групи биле своевидни конгломерати, па во секоја од нив се јавувале поддијалекти. Така, крајот на VI век се смета за крај на постоењето на единствената прасловенска јазична заедница.

Во почетокот на VII век словенските племиња масовно го преминуваат Дунав и се населуваат на Балканот. Тие главно се населуваат околу градовите, зачувувајќи ги своите верски и културни обичаи и секако својот јазик. Околу тоа како доаѓа до создавање на првото словенско писмо и како зачнала словенската писменост, консултирајте ја статијата за словенската писменост.

Востановувањето на (старо)словенскиот јазик во пишана форма е директно поврзан со дејноста на византиските мисионери, светите браќа Константин Филозоф и Методиј (наречени и „Апостоли на Словените“) и покрстувањето на Словените. Родум од Солун, тие имале допир со Словените, ги познавале нивниот јазик и култура и имале голема улога во политичките игри на Византија кон Словените, секако клучна во нивната христијанизација. Како што е речено погоре, старословенскиот јазик е всушност говорот (дијалектот) на Словените од околината на Солун, кој е избран за прв книжевен словенски јазик од проста причина што Светите Браќа многу добро владееле со него (како што се вели во Панонските Легенди: „...ı , ı ...“ („...зашто вие сте Солунјани, а сите Солунјани беседаат чисто словенски...“). Припаѓа на индоевропската фамилија на јазици, поточно во потсемејството на сатемски јазици. Ова се најзначајните особини на старословенскиот јазик, според рускиот славист Николај Дурново:

  • замена на прасловенските согласнички групи *tj и *dj со -шт- и -жд- соодветно:
*světja > (свеќа), *medja > (меѓа);
  • Почетно а без прејотација:
(јас), (веднаш), (јагне);
  • Доследно разликување на ултракратките вокали, т.н. ерови (ъ и ь) во нивниот најстар изговор и во нивниот развој:
> o и > ;
  • о и є со „носов призвук“, т.е. носни вокали оn и en (наречени назали, во старата кирилица графемите се наречени голем и мал јус):
оn=ǫ
en=ę;
  • Неразликување на гласовната вредност на јатот (ѣ) и прејотираното а:
= ıa (ја);
  • Отсутство на етимолошка разлика на є и ѥ, т.е.
= (је);
  • Сведување на прасловенските согласнички групи *tl и *dl кон -л-:
*metlŭ > , *radlo > , *krydlo > ı;
  • Придавни форми без скусување:
(„добрајего“ наместо „добрааго“ или „добраго“)

Ова се основните особини на јазикот, кои го разликуваат од останатите словенски говори, меѓутоа тој носел одредени особини кои пак го разликувале од останатите, несловенски, јазици меѓу кои се: задолжителната употреба на двоината како граматички број, сите слогови се отворени, т.е. завршуваат на самогласка, постоење на вокални р и л (ŗ и ļ ), палатализација на заднонепчените согласки к, г и х, изедначување на генитивот и аблативот во корист на првиот, метатеза (промена на местата) во прасловенските групи: *or, *ol, *er и *el помеѓу согласки или во почетокот на зборот пред согласка, чувањето на супинот како посебна глаголска форма итн.

Наведените одлики на јазикот се одржале многу кус период. Со ширењето на писменоста меѓу Словените, говорителите ги внесувале во книжевниот јазик нивните месни (локални) особини, па по извесен временски период се формирале т.н. рецензии или редакции на книжевниот јазик, односно негови варијанти. Кон почетокот на 12 век разликите меѓу овие варијанти станале доволно изразени, што се создале услови за формирање на посебни јазици; краен резултат на овој процес е создавањето на современите словенски јазици. Славистиката го именува периодот од зачетоците на словенската писменост до почетокот на 12 век како старословенски период, период на условна единственост на книжевниот јазик. Периодот од 12 век до конечното оформување на современите словенски јазици (некаде околу XVII-XVIII век) се именува како црковнословенски период, бидејќи традицијата на стариот јазик (со помали или поголеми отстапки) се задржала само во рамките на Црквата, каде старословенскиот (во различни варијанти) бил јазик на литургијата и богослужбата, па оттука и името црковнословенски јазик. Заради сè поголемиот углед на Руската православна црква по XII век и историските околности на Балканот (доаѓањето на Турците и замирањето на словенската книжевна активност), руската варијанта на црковнословенскиот јазик постепено се наметнала себеси како службен и литургиски јазик на Православната Црква.

Така, веќе во 18 век ширум словенскиот свет се случува национално будење, па истовремено се оформуваат и модерните словенски јазици, што пак претставува крај на активното користење на црковнословенскиот јазик (во ова време веќе премногу оддалечен од народниот говор!), односно со старословенската традиција. Во денешно време употребата на јазикот е мошне ограничена, само во рамките на Православната Црква како јазик на богослужбата, паралелно со локалните јазици.

Писмо

Главни статии: Глаголица и Старословенско писмо
Псалми на старословенски јазик
Минијатура со старословенски натписи. Добрејшинско Евангелие, XIII век

Старословенскиот јазик се пишувал на две писма: глаголица и (старословенска) кирилица. Во славистиката општо е прифатен фактот дека глаголицата е писмото кое го создал Константин Филозоф, наречен Кирил. Во прилог на ова одат следниве факти:

  • Утврдено е дека одредени кирилски документи (споменици) се всушност (пре)напишани врз постар, глаголски текст; обратниот пак процес не е забележан.
  • Во некои документи пишувани на кирилица или пак со грчката алфабета, за специфичните словенски гласови се употребени глаголски графеми.
  • Во трактатот О писменех од Црноризец Храбар кој се занимава со зачетоците на словенската писменост, дирекно се наведува бројот на букви создадени од Св. Кирил: 38 букви. Токму толку букви има глаголицата, не броејќи ги прејотираните самогласки.

Меѓутоа во Панонските Легенди при една мисија на св.Кирил на бреговите на Црно Море, забележено е следново:

... і , , , , і , і ...
...и тука пронајде евангелие и псалтир напишани со руски букви, и наоѓајќи човек кој го говореше тој јазик и зборувајќи со него, примајќи ја силата на зборовите на својот јазик му прикладе различни букви, согласки и самогласки и наскоро држејќи почест кон Бога почна да кажува молитва, а многумина му се восхитуваа воспевајќи го Бога...

Овој дел остава простор за шпекулации околу авторството на Кирил на глаголицата или воопшто - словенското писмо. Како и да е, во него не е подетално објаснето за какво писмо се работи ниту пак подоцна се навестува дека Кирил го употребил (или барем се угледал на ова писмо) при создавањето на глаголицата.

Глаголицата, така, се смета за оригинално словенско писмо, иако познато е дека нацртите на одредени графеми се многу слични со оние од грчкото брзописно (минускулно) или хебрејското писмо. Кирилицата, пак, од друга страна е создадена некаде на почетокот на X век, најверојатно во Преславскиот книжевен центар од страна на Св. Наум - ученик на Светите Браќа. Таа е создадена по углед на грчкото уставно писмо и броела 44 букви заедно со прејотираните самогласки и неколку графеми за позајмени грчки гласови. Заради својата практичност, кирилицата многу брзо почнала да ја истиснува глаголицата како главно словенско писмо. Така се јавила поделба во употребата на писмата, на едната страна биле оние верни на традиционалноста (пред сè Охридската Книжевна Школа и слични институции во Хрватска), додека на друга страна биле книжевните центри кои ја прифатиле кирилицата (пред сè Преславската Книжевна Школа и сличните инстиуции во Србија и Русија). Со тек на време, глаголицата била сосема истисната од употреба, задржувајќи се само во хрватските краишта сè до XVIII век.

Двете писма биле фонетски: еден глас - една буква, верно пренесувајќи го изговорот. Исто така секоја буква имала сопствена бројна вредност (и тука глаголицата била независна, додека кирилицата го следела грчкото писмо).

Во науката, за претставување на старословенски зборови, во главно се користи кирилицата во нејзината постара, оригинална варијанта. Глаголицата се употребува само кога тоа е нужно.

Граматика

Граматички, старословенскиот јазик бил доста сложен и се одликувал со изобилие од форми и именски и глаголски. Именските зборови (именки, заменки, придавки, броеви) се менувале по падеж и број (освен броевите, секако) и припаѓале на одреден род (машки, женски или среден, или пак имале посебни форми за одреден род), глаголите се менувале по време, лице и број, одредени глаголски форми имале и род и падеж, а особено значајна е категоријата глаголски начин (аспект), односно поделбата на свршени (перфективни) и несвршени (имперфективни) глаголи. Постоеле, секако и неменливи зборови: прилози, предлози, сврзници и честички (партикули).

Именски зборови

Главна статија: Именски форми во старословенскиот јазик

Именските зборови делат неколку заеднички менливи категории: род, број и падеж. Постоеле: седум падежи: номинатив, генитив, датив, акузатив, вокатив, инструментал и локатив; три рода: машки, женски и среден род и три броја: еднина, двоина и множина.

Именките се менувале според повеќе парадигми (начини на промена), и тоа главно според основата, а не според родот. Постоеле пет вакви парадигми: О/ЈО-промена, А/ЈА-промена, И-промена, У-промена, ЪВ-промена и Согласнички промени.

Заменките општо биле поделени на нелични и лични. Личните не разликувале форми за секој род, туку имале една, општа, форма; за разлика од нив пак, неличните различувале и род.

Лични заменки се: , ı, , , ı и ı (јас, ти, ние (за двоина), вие (за двоина), ние и вие), лично-повратната замека: (себе, се), прашалните заменки: и (кој?, што?), како и облиците изведени од нив: , (некој, нешто); , (никој, ништо) и сл.
Нелични заменки се: , ıa, (тој, таа, тоа, заменка за 3.лице); , , (тој, таа, тоа); , , (оној, онаа, она); ı, ı, (кој, која, кое); , , (овој, оваа, ова); , , (сиот, сета, сето).

Придавките се дополнение на именките. За нив се врзува една карактеристична особина на јазикот; имено постојат два начини на нивна промена: проста или именска и сложена или заменска промена. Нивниот однос (разлика) е следниов: простата промена означува нешто новонаведено. новоспоменато, неодредено, додека сложената пак, нешто познато, одредено, однапред познато (за говорителите/читателите), слично како состојбата со членот во современиот македонски јазик.

Глаголи

Главна статија: Глаголски форми во старословенскиот јазик

Глаголот е една од најспецифичните црти на старословенскиот јазик. Слично како кај именските зборови, и глаголите изобилуваат со форми. Некои од категориите и формите што ги пројавува глаголот се исклучиво словенски, други пак индоевропски. Според информацијата кој ја носи, глаголот ги има следниве категории:

Прости времиња: сегашно (презент), минато определено несвршено (имперфект) и минато определено свршено (аорист)
Сложени времиња: минато неопределено (перфект), предминато (плусквамперфект) и идно определено (футур егзактен);

Покрај наведените категории, постојат и следниве именски форми на глаголот:

  • инфинитив, супин и глаголска именка;
  • Партиципи, вкупно пет од кои три активни и два пасивни: партицип на презентот активен, партицип на презентот пасивен, партицип на претеритот активен прв, партицип на претеритот активен втор, партицип на претериото пасивен;

За разлика од глаголите во латинскиот или старогрчкиот јазик, старословенскиот глагол морфолошки не разликувал состојба на глаголот - глаголски залог. Пасивноста на дејствието се означувала аналитички (перифрастично) со употреба на комбинации од пасивните партиципи и лично-повратната заменка.

Фонетика

Главна статија: Фонетика на старословенскиот јазик

Во однос на современите словенски јазици старословенскиот пројавувал особени фонетски сложености, особено во самогласничкиот систем на јазикот, кој броел 11 гласа. Зборовите се состоеле од слогови кои завршувале на самогласка - отворени слогови. Исто така се вршела палатализација на веларните согласки пред самогласки од преден ред.

Примери

О писмєньхъ Чрьноризьца Храбра

ı 1:1 - 1:8

1. .
2. ı ı ı.
3. : ! ı .
4. ı ı ı.
5. , . ı ı , ı.
6. : ı,
7. ı ı.
8. . ı ı. ı ı , ı.

ı 20:2 - 20:8

2. ı ı ?
3. ı , .
4. c ?
5. , ı , , , .
6. t ı .
7. ı .

, 14:17 - 14:24

17. ı .
18. ı ı ı , .
19. ı ?
20. :