Црногорски јазик
Црногорскиот јазик (црногорски: Crnogorski jezik) е јужнословенски јазик и една од стандардните норми на српскохрватскиот јазик. Јазикот е службен во Црна Гора. Црногорскиот се заснова на ијекавското-штокавско наречје. Неговото стандардизирање всушност започнува во 2005 година. Во времето на СФРЈ за службен јазик во Црна Гора бил сметан српско-хрватскиот јазик. Со распадот на СФРЈ, а со тоа и на српско-хрватскиот јазик како официјален, во новосоздадените држави како официјални се воведуваат јазиците наречени според нацијата, па така како службениот јазик бил наречен „српски јазик од ијекавското наречје“.
Црногорски јазик | |
---|---|
Crnogorski jezik | |
Застапен во | Црна Гора Албанија Србија |
Подрачје | Балкан |
Говорници | околу 144.838 луѓе |
Јазично семејство | индоевропско
|
Статус | |
Службен во | Црна Гора |
Регулативен орган | Одбор за стандардизација на црногорскиот јазик |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | sla |
ISO 639-3 | srp |
Кодификација
уредиВо јануари 2008 година, владата на Црна Гора составила Одбор за стандардизирање на црногорскиот јазик, чиј главна цел била стандардизација на јазикот според меѓународните норми. Понатамошните документи, после верификацијата, станале дел од образовната програма на црногорското образование.
Првиот црногорски стандард бил официјално предложен во јули 2009 година. Покрај веќе стандардизираната форма на српскохрватскиот, со новиот предлог се опфаќале две нови букви, односно се предложиле буквите ‹ś› и ‹ź› како замена за диграфите ‹sj› и ‹zj›. Одборот првично предложил два предлога, но владата не ги прифатила, но сепак бил прифатен третиот предлог на Одборот. На 21 јуни 2010 година Советот за општо образование ја прифатил првата граматика на црногорскиот јазик.
Дијалекти
уредиЦрногорскиот јазик има два дијалекта, дел од штокавското наречје. Дијалектите на црногорскиот јазик се:
- Источнохерцеговски дијалект - се зборува во западниот и северозападниот дел од земјата
- Зетско-јужносанџачки дијалект - се зборува во остатокот од земјата
Азбука
уредиЦрногорската азбука е двописен систем, односно официјално двете писма и латиницата и кирилицата уживаат еднаков статус, но латиницата доста повеќе се користи. Азбуката била усвоена на 9 јуни 2009 година од министерот за образование на Црна Гора Сретен Шкулетиќ[1]. Оваа азбука ги заменила српскохрватската латиница и кирилица.
Латиница | |||||||||||||||||||||||||||||||
Aa | Bb | Cc | Čč | Ćć | Dd | Dždž | Đđ | Ee | Ff | Gg | Hh | Ii | Jj | Kk | Ll | Lj lj | Mm | Nn | Nj nj | Oo | Pp | Rr | Ss | Šš | Śś | Tt | Uu | Vv | Zz | Žž | Źź |
Кирилица | |||||||||||||||||||||||||||||||
Аа | Бб | Вв | Гг | Дд | Ђђ | Ее | Жж | Зз | З́з́ | Ии | Јј | Кк | Лл | Љљ | Мм | Нн | Њњ | Оо | Пп | Рр | Сс | С́с́ | Тт | Ћћ | Уу | Фф | Хх | Цц | Чч | Џџ | Шш |
Македонски изговор и распоред | |||||||||||||||||||||||||||||||
а | б | в | г | д | ѓ | е | ж | з | зј | и | ј | к | л | љ | м | н | њ | о | п | р | с | сј | т | ќ | у | ф | х | ц | ч | џ | ш |
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-01-10. Посетено на 2010-06-29.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Јазикот на Црна Гора
- Црногорски јазик на montenegrina.net Архивирано на 30 април 2006 г.
Оваа статија поврзана со индоевропските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |