Словенска Европа
Словенска Европа или словенски држави е регион во Европа каде живеат словенски народи и се зборуваат словенски јазици. Овој регион зазема територии од Средна Европа, Источна Европа и Југоисточна Европа. Словенската Европа ги вклучува државите: Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Полска, Русија, Словачка, Словенија, Србија, Украина, Хрватска, Црна Гора и Чешка.
Словенска Европа |
||||
---|---|---|---|---|
|
||||
Главни градови | Белград; Братислава; Варшава; Загреб; Киев; Љубљана; Минск; Москва; Подгорица; Прага; Сараево; Скопје; Софија; | |||
Службени јазици | белоруски, босански, бугарски, македонски, полски, руски, словачки, словенечки, српски, украински, хрватски, црногорски, чешки. | |||
Членство | Белорусија Босна и Херцеговина Бугарија Македонија Полска Русија Словачка Словенија Србија Украина Хрватска Црна Гора Чешка |
|||
Површина | ||||
• | Вкупна | 18,682,932 км2 | ||
Население | ||||
• | проценка за г. | 282,221,685 |
Балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија имаат значително словенско население, во Естонија околу 28% од населението се Словени, во Латвија 34%, а во Литванија 14%. Покрај нив, словенско население живее и во Австрија, Азербејџан, Албанија, Германија (Лужица), Грција, Ерменија, Италија, Косово, Молдавија, Романија, Турција, Унгарија, Финска, и ширум Северна и Средна Азија.
Религија и култура
уредиСловенските народи и држави воглавни се поделени на два христијански правци, православие и католицизам. Оваа религиска поделба е јасно видлива меѓу Источните и Западните Словени, иако западна Украина била под силно влијание на католицизмот. Јужните Словени се поделени меѓу два христијански правци и исламот, па така Бугарија, Македонија, Србија и Црна Гора се доминантно православни, Словенија и Хрватска се католички, а Босна и Херцеговина е мнозински муслиманска ако се сметаат католицизмот и православието одделно, во спротивно државата нема доминантна религија.
Од културна гледна точка, Западните Словени политички и социјално се поблиску до западноевропските филозофски, уметнички, книжевни и архитектонски вредности. Источните Словени биле под влијание на Византија, половина од Јужните Словени под влијание на Византија, а подоцна поголемиот дел од нив бил под влијание на Отоманското Царство. Ова може да се види и според писмата кои се користат во државите, каде западнословенските држави (заедно со Словенија и Хрватска) користат латиница, додека останатите држави како Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора користат и латиница и кирилица, а Белорусија, Бугарија, Македонија, Русија и Украина користат само кирилица.
Држави
уредидржава | изворно име | население[1] | површина во км2 | БДП ($ милијарди) |
главен град | службени јазици | официјално писмо | доминантна религија |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Белорусија | Беларусь | 9,503,807 | 207,595 | 45,126 | Минск | белоруски и руски | кирилица | христијанство |
Босна и Херцеговина | Bosna i Hercegovina Босна и Херцеговина |
3,531,159 | 51,197 | 16,306 | Сараево | босански, српски и хрватски | латиница и кирилица | нема |
Бугарија | България | 7,364,570 | 110,994 | 52,418 | Софија | бугарски | кирилица | христијанство |
Македонија | Македонија | 2,022,547 | 25,713 | 10,424 | Скопје | македонски | кирилица | христијанство |
Полска | Polska | 38,512,000 | 312,679 | 482,920 | Варшава | полски | латиница | христијанство |
Русија | Россия | 142,856,536 | 17,075,200 | 1,560,000 | Москва | руски | кирилица | христијанство |
Словачка | Slovenská republika | 5,397,036 | 49,035 | 89,134 | Братислава | словачки | латиница | христијанство |
Словенија | Slovenija | 1,964,036 | 20,273 | 43,503 | Љубљана | словенечки | латиница | христијанство |
Србија | Србија Srbija |
7,186,862 | 77,474 | 37,739 | Белград | српски | кирилица и латиница | христијанство |
Украина | Україна | 48,416,000 | 603,500 | 87,000 | Киев | украински | кирилица | христијанство |
Хрватска | Hrvatska | 4,284,889 | 56,594 | 51,945 | Загреб | хрватски | латиница | христијанство |
Црна Гора | Crna Gora Црна Гора |
620,029 | 13,812 | 4,250 | Подгорица | црногорски | латиница и кирилица | христијанство |
Чешка | Česká republika | 10,562,214 | 78,866 | 196,068 | Прага | чешки | латиница | атеизам |
Вкупно: | 282,221,685 | 18,682,932 | 2,676,833 |
Словенски симболи
уредидржава | знаме | грб | држава | знаме | грб |
---|---|---|---|---|---|
Белорусија | (опис) |
(опис) |
Бугарија | (опис) |
(опис) |
Босна и Херцеговина | (опис) |
(опис) |
Македонија | (опис) |
(опис) |
Полска | (опис) |
(опис) |
Приднестровие (непризната) |
(опис) |
(опис) |
Русија | (опис) |
(опис) |
Србија | (опис) |
(опис) |
Словачка | (опис) |
(опис) |
Словенија | (опис) |
(опис) |
Украина | (опис) |
(опис) |
Хрватска | (опис) |
(опис) |
Црна Гора | (опис) |
(опис) |
Чешка | (опис) |
(опис) |
(опис) |
Пансловенско знаме |
Галерија
уреди-
Присуство на Словените во Европа.
-
Словенски држави во Европа.
Наводи
уреди- ↑ Според последните национални пописи.
- ^ Michael Fleischer: Niemcy, Europa, USA i Rosja w polskim systemie kultury, Wrocław 2004 (in Polish)
Поврзано
уредиОваа статија поврзани со културата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |