Сухо
Сухо (грчки: Σοχός, Сохос; до 1940 г. Σωχός, Сохос[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.979 жители (2021).
Сухо Σοχός | |
---|---|
Црквата „Св. Илија“ | |
Координати: 40°49′N 23°22′E / 40.817° СГШ; 23.367° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Сухо |
Надм. вис. | 630 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 1.979 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 25 километри североисточно од градот Лагадина и на 45 килиметри северно од Солун, на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 630 метри. Најстара црква во селото е „Св. Ѓорѓи“, изградена во 1750 г.
Историја
уредиВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 550 семејства и 409 жители муслимани и 1766 Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 3600 жители од кои 2600 Македонци и 1000 Турци[3][5].
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото жиееале 96 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 4704 македонски патријаршисти [3][6].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[7]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 3570 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 3408 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото.
Демографија
уредиВо 1928 година селото броело 3694 жители.[8], додека во 1940 година броело 4082 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 3861 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 3947 жители, во 1971 година имало 3459 жители, во 1981 година имало 2925 жители, додека во 1991 година имало 3423 жители[9]. Денеска, населението на селото е 2920 жители според пописот од 2001 година. Во 2011 г. населението броело 3094 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 4.082 | 3.861 | 3.947 | 3.459 | 2.925 | 3.423 | 2.920 | 3.094 | 1.979 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Илија“
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1750 г., прогласена за споменик на културата
- Манастири
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Σοχός
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 115.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-25.