Долнолужички јазик
Долнолужички или долнолужичкосрпски јазик — јазик кој се зборува во Бранденбург, Германија, во областа околу градот Котбус. Денеска има уште 2.000 луѓе во поодминати години кои го зборуваат овој јазик. Неговата лоша состојба се должи на фактот што повеќе нема деца кои го зборуваат како мајчин. Овој јазик е исто така заштитен и се проучува во Лајпцишкиот институт. Долнолужичкиот, како и горнолужичкиот е присутен во медиумите, радиото, телевизијата, но исто така постои и неделникот „NOWY CASNIK“. Културното списание Розхлад објавува статии на долнолужички јазик покрај текстовите на горнолужички јазик Проектот ВИТАЈ служи токму ѕа ревитализација на долнолужичкиот и горнолужичкиот јазик.
Долнолужички | |
---|---|
dolnoserbski | |
Изговор | [ˈdɔlnɔˌsɛrskʲi] |
Застапен во | Германија |
Подрачје | Бранденбург |
Говорници | 14 000 |
Јазично семејство | |
Писмо | Сорпска латиница |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Фонологија
уредиФонологијата на долнолужичкиот јазик не е толку приклонета кон таа на германскиот како фонологијата на горнолужичкиот јазик.
Азбука
уредиДолнолужичкосрпската азбука се заснова врз латиничното писмо и користи дијакритички знаци.
На долнолужички јазик имаат творено многу писатели. Како најпознати долнолужички писатели ќе ги споменеме: Мина Виткојц, Богумил Швјела, Јуриј Кох, Марјана Домашкојц итн.
Оваа статија поврзана со индоевропските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |