Сврзник
Сврзници — неменливи зборови кои поврзуваат други зборови или цели реченици во составот на сложената реченица.
На пр.: Јас и ти ќе одиме кај него. (зборови) Тие отидоа и по пет минути се вратија. (реченици)
1. Сврзниците според составот се делат на:
а) прости - составени од еден збор : и, а, но, ама, или, да итн. б) сложени - составени од два или повеќе збора : за да, макар што, поради тоа што итн.
2. Според тоа какви реченици поврзуваат се делат на:
А. Приредени (во независносложените реченици)
а) Составни: и, ни, ниту, па, та, не само што, туку и;
б) Спротивни: а, но, ама, туку, ами, меѓутоа;
в) Разделни: или, или-или, било-било, де-де, и-и, ем-ем, час-час, ни-ни;
г) Исклучни: само, само што, освен што, единствено;
Б. Подредени (во зависносложените реченици)
а) Временски: кога, штом, штотуку, тукушшто, откако, откога, пред да, дури, додека;
б) Причински: затоа што, зашто, бидејќи, поради тоа што, дека, оти;
в) Последични: така што, толку...што, такви...што, така...што;
г) Целни: да, за да;
д) Условни: ако, да, без да, ли;
ѓ) Допусни: иако, макар што, и покрај тоа што, и да;
е) Начински: така како што, како да, како божем;
ж)Односни: што, кој, којшто, чиј, чијшто, каков што, колкав што;
з) Исказни: дека, оти, како, што, да, дали, кој, чиј, кога.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |