Црноризец Храбар
Црноризец Храбар (старословенски: Чръноризьць Храбръ) — анонимен средновековен писател од Преславската книжевна школа во Првото Бугарско Царство. Псевдонимот Црноризец Храбар значи „храбар калуѓер“.
Црноризец Храбар | ||
Роден | крај на IX век? | |
---|---|---|
Починал | X век | |
Познат | по делото „О писменех“ | |
Занимање | писател |

Некои слависти како Милош Вајнгарт и Блаже Конески сметаат дека под овој псевдоним се крие името на Св. Наум Охридски, еден од истакнатите ученици на Св. Кирил и Методиј и активен деец во Охридската книжевна школа, други како Ф. Снопка - Климент Охридски, проф. Г. А. Илински - Јоан Екзарх, проф. Васил Златарски - Симеон I, Е. Георгиева - Црноризец Докс.
За Црноризец Храбар се знае дека е автор на делото „О писменех“ („За буквите“), напишано во Охридската или Преславската школа во почетокот на X век.[1] Според податокот во делото, со кој се кажува: „Уште се живи што ги виделе нив“, Храбар го напишал „За буквите“ кон крајот на 9. или почетокот на X век, не повеќе од една генерација по Моравската мисија.
Во Бугарија по него е именуван Варненскиот слободен универзитет.
Наводи Уреди
- ↑ „Преславски извори за трактата "За буквите" на Черноризец Храбър, проф. Христо Трендафилов, Преславска книжовна школа, т. 7, стр. 305-306“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-06. Посетено на 2013-04-01.
Поврзано Уреди
Викиизвор има текст за |