Прилог
Прилозите се неменливи зборови што ги дополнуваат првенствено глаголите по место, време, начин и количество.
Освен глаголите, тие можат да дополнуваат и придавки, именки и други прилози. Според значењето прилозите се делат на:
1. Прилози за место : каде, близу, далеку, овде, таму, онде, горе, долу, натаму, наваму, напред, назад,однапред,одназад, лево, десно, налево, тука, некаде, никаде,секаде, дома, озгора, оздола итн.
2. Прилози за време : кога, вечер, утре, лани, денес, доцна, рано, тогаш, некогаш, никогаш, сега, одамна, некни, после, зимоска, зимава, понекогаш, оттогаш, бргу, дење, ноќе итн.
3. Прилози за начин : како, добро, лошо, силно, слабо, така, вака, инаку, онака, брзо, полека, машки, пријателски, тешко, смешно, тажно, некако, секако, јасно, чисто, високо, ниско итн.
4. Прилози за количество и степен : колку, малку, многу, толку, сосем, доста, неколку, николку, онолку, двојно, тројно, веќе, премногу итн.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |