Инфинитивот е јазичен термин за одредена глаголска форма во јазикот. Традиционално, инфинитивот се дефинира како основната форма на глаголот, односно формата на глаголот во сегашно време која се користи низ речниците. Сепак, давање генерална дефиниција за инфинитивот не е можна поради тоа што не сите јазици имаат инфинитив. Така на пример, инфинитив имаат англискиот (work, to work), српскохрватскиот (raditi), словачкиот (robot') итн. Јазиците како што се македонскиот, бугарскиот или поголем број од американските, африканските и австралиските староседелски јазици немаат инфинитив. Таквите јазици изнаоѓаат други средства за одредување на основната форма на глаголот. Така на пример, македонскиот како основна форма ја зема сегашната глаголска форма за трето лице еднина.

Инфинитивот низ јазиците

уреди

Албански

уреди

Албанскиот нема инфинитив и наместо него како основна форма на глаголот се зема сегашната глаголска форма за прво лице еднина.

Германски јазици

уреди

Англискиот, традиционално има две форми на инфинитивот наречени чист инфинитив (bare infinitive) и да-инфинитив (to-infinitive). Така на пример инфинитивните форми на глаглот игра се: play (игра) и to play (да игра).

Инфинитвот во германскиот јазик завршува на -en (sagen, вели), а некои глаголи завршуваат и на -eln или -ern. Постои и можност да се стави zu пред инфитивот кое функционира како англиското to.

Во холандскиот јазик инфинитивот завршува на -en. Постои и можност да се стави te пред инфитивот кое функционира како англиското to. Африканс не разликува инфинитив од сегашна форма на глаголот.

Во скандинавските јазици инфинитвот од -en се редуцирал на -е или -а.

Романски јазици

уреди

Инфинитивот на скоро сите глаголи во латинскиот јазик завршувале на -re. Денес во италијанскиот јазик инфинитивот завршува на -are, -ere, -rre, или -ire, и -arsi, -ersi, -rsi, -irsi за повратни глаголи.

Во шпанскиот инфинитивот завршува на -ar, -er, or -ir, а во францискиот на -re, -er, oir, и -ir.

Романскиот има т.н. долга и кратка форма. Долгите форми завршуваат на -are, -ere, -ire и тие функционираат како глаголски именки.[1]). Кратките форми завршуваат на -a,-ea, -e, и -i.

Балтословенски јазици

уреди

Инфинитивот во рускиот јазик обично завршува на -ть или -ти. Инфинитивот во полскиот јазик завршува на (меко ќ, а понекогаш и на -c), во словачкиот на -t’ (-ќ), во чешкиот на -t, во латвискиот најчесто на -s, во украинскиот на -ти, во белорускиот на -ць, во литванскиот на -ti, во словенечкиот на -ti или -či и во хрватскиот (српскохрватскиот и босанскиот) на -ti или -ći. Во српскиот инфинитивот завршува на -ti или -ći, но е пофлексибилен одошто останатите јазици.

Македонскиот и бугарскиот се единствените словенски јазици кои ги загубиле инфинитивните форми, а завршувале на -ти, кои биле наследени од старословенскиот. Наместо инфинитив, македонскиот јазик ја користи сегашната форма на глаголот за трето лице единина, а бугарскиот сегашната глаголска форма за прво лице единина.

Наводи

уреди
  1. Pană Dindelegan, Gabriela. „Aspecte ale substantivizării în româna actuală. Forme de manifestare a substantivizării adjectivului“ (PDF) (романски). стр. 2.

Поврзано

уреди