Прасловенски јазик
Прасловенски јазик — прајазикот од којшто произлегуваат старословенскиот и подоцна сите други словенски јазици. Се зборувал пред 7 век. Прасловенскиот произлегол од хипотетичкиот праиндоевропскиот јазик.
Прасловенски | |
---|---|
Реконструкција од | словенските јазици |
Регион | Источна Европа |
Ера | 2 милениум п.н.е. – 6 век н.е. |
Реконструирани предци |
Прасловенскиот јазик не е документиран писмено и затоа во научните истражувања е реконструиран преку аплицирање на компаративно-историскиот метод врз најстарите текстови напишани на старословенски јазик и другите најблиски индоевропски јазици – балтички и германски.
Потекло
уредиСпоред некои јазичари, прасловенскиот јазик се појавил пред 1 илјадалетие пр.н.е. Спорно е дали се одделил директно од праиндоевропскиот јазик или се одделил подоцна од прабалтословенскиот јазик.
Територија
уредиНа прасловенски јазик се зборувало во прататковината на Словените, која според полскиот славист Тадеуш Лер-Сплавински се наоѓала во земјите меѓу Одра и Висла, според рускиот славист Федот Петрович Филин (1908–1982) – во териториите меѓу среден Днепар и западен Буг, на југ од Припјат и на север од крајцрноморските степи, а според бугарскиот проф. Иван Леков – на широка територија од Днепар до Висла, со динамични граници, слаба дијалектна диференциација и двонасочни миграции.
Вокабулар
уредиЗаемки во прасловенскиот јазик
уредиНајстариот слој на прасловенската лексика е наследен од праиндоевропскиот јазик. Лексичкото позајмување од контактните индоевропски јазици (германските, иранските, грчкиот, латинскиот, и веројатно од балтичките и келтските јазици) и тие од не-идоевропското семејство (најзабележително од туркиските јазици) бил механизам за проширување на прасловенскиот вокабулар, заедно со лексичката деривација и образувањето на сложенки.[1]
Контактите со германските племиња довеле до воведување на некои чести зборови, како што се *хlěbъ ‘леб’, *mečь ‘меч’, *kotьlъ ‘котел’, *plugъ ‘плуг’. Преку германските јазици во вокабуларот навлегле и низа заемки од латинскиот, како *kupiti ‘купува’ (< германски kaufen ‘купува’ < латински caupō ‘трговец’) и веројатно и зборови од келтско потекло, како *lěkъ ‘лек’.[1]
Контактите со иранските јазици се одговорни за воведување на зборови како *gonja ‘гуња, наметка’ и *raji ‘рај’. Словенско-латинските контакти довеле до воведување на зборови, како *kolęda „(религиозна) песна“ (< латински calendae ‘првиот ден од месецот’) додека грчко-словенските контакти довеле до воведување на зборови како korabl’ь ‘кораб, брод’ (< грчки karábion ‘кораб’). На крај, не-индоевропското влијание може да се илустрира преку зборови како *bisьrъ ‘бисер’ и *tъlmačь ‘толмач, толкувач’ кои потекнуваат од туркиските јазици.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Šipka & Browne 2024, стр. 547.
Извори
уреди- Šipka, Danko; Browne, Wayles, уред. (2024). The Cambridge Handbook of Slavic Linguistics. Cambridge University Press. ISBN 9781108967907.