Номинатив
Номинативот (лат. nominativus) е падеж кој во суштина го означува вршителот на дејствитето во реченицата - подметот. Номинативната форма на имињата е основната, појдовна форма во однос на која се разгледуваат другите падежни форми (доколку такви има) од деклинацијата на еден јазик.
Во македонскиот јазик формите на најголем дел од имињата се всушност добиени од старите номинативни форми на прасловенскиот јазик.