Русински јазик

(Пренасочено од Русински)

Русински јазик (русинська мова) — источнословенски јазик во иста група со рускиот, белорускиот и украинскиот јазик и со кои споделува заеднички јазичарички одлики. Голем број на јазичари се во дилема за тоа дали русинскиот јазик е посебен јазик или е дел односно дијалект на украинскиот.

Русински
русинська
Застапен воУкраина Закарпатска Област (Украина)
Словачка источна Словачка
Полска јужна Полска
Унгарија Унгарија
Романија северна Романија
Војводина (Србија)
Говорнициоколу 600 000
Население според попис: 60 000  
Јазично семејство
Статус
Службен во Војводина (Србија)
Украина Закарпатска Област (Украина)
Јазични кодови
ISO 639-2sla
ISO 639-3rue
{{{mapalt}}}

Русински е зборуван во Закарпатска Област во Украина, во североисточна Словачка, југоисточна Полска (каде што и често е нарекуван како łemkowski или 'Lemko' поради нивниот карактеристичен збор lem/лєм што значи само) и во Унгарија каде што јазикот е наречен Рутен. Панонскиот русински јазик во Србија се смета како дел од русинскиот јазик, иако некои јазичари го сметаат како дел од западнословенската група на јазици. Во Украина се смета за дијалект на украинскиот бидејќи е многу сличен со украинскиот дијалект хутсул, иако луѓето што го зборат се сметаат за посебен народ со посебен јазик.

Азбука

уреди
Азбука на русински јазик
Големи Мали Име Транслитерација. Изговор Забелешки
А а a a /a/
Б б бы b /b/
В в вы v /v/
Г г гы h /ɦ/
Ґ ґ ґы g /g/
Д д ды d /d/
Е е e e /je/
Є є є je /je/
Ё ё ё jo /ʏ/ не е присутна во Панонскорусински јазик
Ж ж жы ž /ʒ/
З з зы z /z/
И и и y /ɪ/
І і i i /i/ не е присутна во Панонскорусински јазик
Ы ы ы y /ɨ/ не е присутна во Панонскорусински јазик
Ї ї ї ji /ji/
Й й йы j /j/
К к кы k /k/
Л л лы l /l/
М м мы m /m/
Н н ны n /n/
О о o o /o/
П п пы p /p/
Р р ры r /r/
С с сы s /s/
Т т ты t /t/
У у у u /u/
Ф ф фы f /f/
Х х хы x, ch /x/
Ц ц цы c /ts/
Ч ч чы č /ʧ/
Ш ш шы š /ʃ/
Щ щ щы šč /ʃʧ/
Ѣ ѣ їть /ji/,/i/ се користела пред Втора светска војна
Ю ю ю ju /ju/
Я я я ja /ja/
Ь ь мнягкый знак (ірь) /ʲ/
Ъ ъ твердый знак (ір) не е присутна во Панонскорусински јазик