Национална библиотека на Шпанија

главна библиотека на Шпанија и една од најголемите во светот

Национална библиотека на Шпанија (шпански: Biblioteca Nacional de España, BNE) — главна библиотека во Шпанија и една од најголемите во светот. Сместена е во Мадрид, на шеталиштето Пасео де Реколетос . Од 1983 г. зданието е под законска заштита како културно добро.[1]

Национална библиотека
на Шпанија
Biblioteca Nacional de España
Карта
ЗемјаШпанија
Основана1712; пред 311 година (1712)
Законски налогКралски указ 1581/1991 г. на 31 октомври
МестоМадрид
Фонд
Збирка накнига, научни списанија, весници, часописи, звучни и музички записи, патенти, бази на податоци, карти, поштенски марки, печатени графики, цртежи и ракописи
Обем26.000.000 предмети, од кои 15.000.000 книги и др. печатени материјали, 30.000 ракописи, 143.000 весници и списанија, 4.500.000 графички материјали, 510.000 партитури итн.
Задолж. примероцида, со указ од 1957 г.
Пристап и употреба
Услов за членствонеограничен за книги објавени по 1931 г.; останатите со истражувачка дозвола
Членови115.707 читатели и 1.800.935 корисници на порталот во 2007 г.
Други информации
Буџет47.380.860
ДиректорМилагрос дел Корал Белтран (од 2007 г.)
Кадар1025 (вклуч. надворешни соработници)
Службена страницаhttp://www.bne.es/
Карта


Зграда на националната библиотека во Алкала де Енарес.

Историја

уреди

Библиотеката ја основал кралот Филип V во 1712 г. како „Дворска јавна библиотека“ (Biblioteca Pública de Palacio), со намера да се соберат сите книги издадени во Шпанија. Во 1836 г. прешла од рацете на круната под надлежност на Министерството за управа, кога го добила денешното име.

Најголемиот дел од фондот на стари и вредни книги е стекнат во текот на XIX век по пат на запленување, набавки и завештанија. На 16 март 1896 г. денешната зграда е отворена за јавноста, со многу голема читална за 320 лица. Во 1931 г. читалната е преуредена, и во неа се сместени сите поважни референтни дела, а отворена е и општа читална наменета за студенти, работници и општата јавност.

За реме на Шпанската граѓанска војна, Одборот за запленување (Junta de Incautación) одзел 500.000 книги од верски установи, дворци и поединци, и ги сместил во Националната библиотека на чување, заедно со уметнички дела одземени од истите места. Во текот на XX век се направени бројни измени и прилагодувања на зградата со цел да се смести големиот прилив на книги со воведувањето на законски примерок во 1958 г. и поради големиот број набавки од страна на самата библиотека. Меѓу поважните измени е утројувањето на приемоспособноста на складишниот простор во 1955 г., како и крупните измени извршени од 1986 до 2000 г. кои довеле до изградбата на нов објект во Алкала де Енарес и целосна измена на зградата на Пасео де Реколетос во Мадрид.

Во 1986 г. во состав на Националната библиотека влегле и главните библиографски установи на Шпанија: Националната хемеротека (Hemeroteca Nacional), Шпанскиот библиографски институт (Instituto Bibliográfico Hispánico) и Центарот за документарна и библиографска ризница (Centro del Tesoro Documental y Bibliográfico), па така библиотеката станала и „Државен депозитен центар н шпанското културно сеќавање“ (Centro Estatal Depositario de la Memoria Cultural Española). Со ова, сите библиографски изданија од сите медиуми во државата се ставени во единствен шпански библиотечен систем, достапен за домашната јавност, меѓународните истражувачи и културно-образовни установи. Во 1990 г. библиотеката стекнала статус на автономен орган во рамките на Министерството за култура.

Во зданието во Мадрид воедно е сместен и Националниот археолошки музеј.

Библиотеката денес

уреди

Како носител на библиотечните работи во земјата, Националната библиотека е центар задолжен за евидентирање на книгите и материјалите, нивно запазување и конзервација. Делува како место за распространување на информации за документарното богатство на Шпанија, со цел да биде главниот извор на сознанија за шпанската култура. Според статутот, библиотеката ги има следниве улоги:

  • да собира, каталогизира и запазува библиографска граѓа на било кој јазик на шпанската држава и секој друг јазик, со цел да понуди содржини за истражување, културна наобразба и информирање.
  • да го унапредува исражувањето по пат на проучување, зајмување и умножување на својата библигорафска граѓа.
  • да распространува сознанија за библиографските изданија на Шпанија врз основа на евиденцијата добиена по пат на задолжителен примерок

Во библиотеката се чуваат околу 26.000.000 предмети, од кои 15.000.000 книги и други печатени материјали, 30.000 ракописи, 143.000 весници и списанија, 4.500.000 графички материјали, 510.000 партитури, 500.000 карти, 600.000 звучни записи, 90.000 аудиовизуелни записи, 90.000 електронски документи, преку 500.000 микрофилмови и др.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди