Старословенска азбука
Старословенска азбука, црковнословенско писмо или поретко климентовица () или стара кирилица — писмо создадено за време на IX век за пишување на старословенскиот јазик. Азбуката била заснована на грчкото писмо и со тоа се заменила првата словенска азбука — глаголицата.
Старословенска азбука | |
---|---|
Тип | |
Период | од ~ 893 г. |
Правец на пишување | од лево кон десно |
Јазици | старословенски, црковнословенски, стари варијанти на многу словенски јазици, вклуч. македонскиот |
Сродни писма | |
Матични системи | |
Сродни системи | латиница коптска ерменска |
ISO 15924 | |
ISO 15924 | Cyrs, , Cyrillic (Old Church Slavonic variant) |
Уникод | |
U+0400 to U+04FF U+0500 to U+052F U+2DE0 to U+2DFF U+A640 to U+A69F | |
Старословенската азбука била создадена во крајот на IX век. Една од теориите е дека таа била создадена во Преславската книжевна школа во Првото Бугарско Царство,[2][3][4] најверојатно во 893-тата година на Црковно-народен собор, на кој биле присутни и дел од учениците на браќата Кирил и Методиј.[5][6][7] Оваа азбука подоцна во историјата започнала да се нарекува како „кирилица“, во чест на Св. Кирил, мисионер кој заедно со својот брат, Методиј ја измислиле глаголицата - првата словенска азбука. Кирилицата во добар дел е заснована на грчкото писмо, но можат да се забележат и некои латински или хебрејски влијанија. Како официјално писмо, новата азбука прво ја прифатило Бугарското Царство, кога речиси истовремено монахот Црноризец Храбар го напишал трактатот За буквите, во кој детално се разработува оправданоста за постоење на посебно словенско писмо и во кој се брани словенската писменост. Ова се случило за време на владеењето на Симеон Велики, кој бил под силно византиско културно влијание. Самиот тој завршил Магнаурската школа во Цариград и бил дури нарекуван полугрк.
Македонската наука смета дека донесените одлуки на Преславскиот собор во 893 година и замената на глаголицата со писмо поблиску до грчкото, биле причината несогласните Климент и Наум да се повлечат од Преслав во тогашната покраина Кутмичевица, во денешна Република Македонија. Тука тие почнале да градат нов духовен и книжевен центар преку Охридската книжевна школа, а Климент ја обновил Брегалничката епископија. Како епископ тука тој го поставил својот кирилометодиев соученик Константин Преславски — повлекувајќи го исто од Преслав.[8] Во Бугарија се смета дека овие настани се случили со согласието на релевантните црковни и државни органи.
За време на следните векови, кирилицата се адаптирала на промените во говорниот јазик, развила регионални варијации за задоволување на локалните потреби и била предмет на академски реформи и политички декрети. Варијации на кирилицата се употребуваат како писма кај јазиците ширум источна Европа и Азија.
Азбуката
уредиБуква | Уникод | Изворно име |
Име (трансл.) |
Име (МФА) |
Предавање на македонски |
МФА |
---|---|---|---|---|---|---|
А а | azǔ | [aʒʌ] | а | [a] | ||
Б б | buky | [buki] | б | [b] | ||
В в | vědě | [vɛdi] | в | [v] | ||
Г г | glagoli | [glagoli] | г | [g] | ||
Д д | dobro | [dobro] | д | [d] | ||
Є є | estǐ | [iɛstɪ] | е | [ɛ] | ||
Ж ж | živěte | [ʒivɛtɛ], [ʒivjɛtɛ] | ж | [ʒ] | ||
Ѕ ѕ | dzělo | [ʣɛlo], [ʣjɛlo] | ѕ | [dz], [z] | ||
З з | zeml’ja | [zemlja] | з | [z] | ||
И и | iže | [iʒɛ] | и | [i] | ||
І і / Ї ї | / | i | [i] | и | [i] | |
К к | kako | [kako] | к | [k] | ||
Л л | ljudije | [ljudijɛ] | л | [l] | ||
М м | mūslite | [muslitɛ] | м | [m] | ||
Н н | našǐ | [naʃɪ] | н | [n] | ||
О о | onǔ | [onʌ] | о | [o] | ||
П п | pokoi | [pokoj] | п | [p] | ||
Р р | rǐci | [rɪʦi] | р | [r] | ||
С с | slovo | [slovo] | с | [s] | ||
Т т | tvrǐdo | [tvrɪdo], [tfrɪdo] | т | [t] | ||
Ѹ ѹ | ukǔ | [ukʌ] | у | [u] | ||
Ф ф | frǐtǔ | [frɪtʌ] | ф | [f] | ||
Х х | xěrǔ | [xɛrʌ]? [xjɛrʌ]? | х | [x] | ||
Ѡ ѡ | otǔ | [otʌ] | о | [oː] | ||
Ц ц | ci | [ʦi] | ц | [ʦ] | ||
Ч ч | červ | [ʧrɪvɪ] | ч | [ʧ] | ||
Ш ш | ša | [ʃa] | ш | [ʃ] | ||
Щ щ | šta | [ʃta] | шт, шч | [ʃt], [ʃʧ] | ||
Ъ ъ | jerǔ | [jɛrʌ] | ' | [ʌ] | ||
Ы ы | jerū | [jɛry] | ' + и | [y] | ||
Ь ь | jerǐ | [jɛrɪ] | ии | [ɪ] | ||
Ѣ ѣ | jatǐ | [jatɪ] | је | [jɛ] | ||
Ю ю | ju | [ju] | ју | [iu] | ||
Я я | ja | [ja] | jа | [ja] | ||
Ѧ ѧ | ęsǔ | [ɛ̃s] | е назално | [ɛ̃] | ||
Ѩ ѩ | jęsǔ | [jɛ̃s] | ј + е назално | [jɛ̃] | ||
Ѫ ѫ | ǫsǔ | [ɔ̃s] | о назално | [ɔ̃] | ||
Ѭ ѭ | jǫsǔ | [jɔ̃s] | ј + о назално | [jɔ̃] | ||
Ѯ ѯ | ksi | [k͡si] | кс | [k͡s] | ||
Ѱ ѱ | psi | [p͡si] | пс | [p͡s] | ||
Ѳ ѳ | fita | [fita] | меѓу т и ф (англ. „th“) | [t], [θ], [f] | ||
Ѵ ѵ | ižica | [iʒiʦa] | и или в | [ɪ], [y] | ||
Ѥ ѥ | jeː | [jɛ] | ие | [iɛ] | ||
Ћ ћ | đerv, djerv | [ʤɛrv], [djɛrv] | ѓ, џ | [ʤ], [dj] | ||
Ѿ ѿ | o | otǔ | [otʌ] | от | [ot] | |
Ҁ ҁ | kopa | [kopa] | копа | |||
Броеви, дијакритики и интерпункција
уредиСекоја буква имала и нумеричка вредност. Врз низа зборови се ставало т.н. титло кое укажувало на фактот дека тие букви треба да се сметаат за броеви.Видете кирилични броеви, Титло.
Неколку дијакритики, преземени од политонската грчка ортографија, исто така се употребувале (овие може да не се прикажуваат правилно кај секој интернет пребарувач; тие треба да бидат директно над буквцата, а не горе надесно)
Интерпункциски знаци:
- · ано телеја (U+0387), средна точка за одвојување на зборови
- , запирка (U+002C)
- . точка (U+002E)
- ։ ерменска точка (U+0589), слична на две точки
- ჻ грузиски делник на параграфи (U+10FB)
- ⁖ триаголни две точки (U+2056, added in Unicode 4.1)
- ⁘ баклавични две точки (U+2058, added in Unicode 4.1)
- ⁙ пет точки (U+2059, added in Unicode 4.1)
- ; грчки прашалник (U+037E), сличен на точка-запирка
- ! извичник (U+0021)
Наводи
уреди- ↑ Himelfarb, Elizabeth J. "First Alphabet Found in Egypt", Archaeology 53, Issue 1 (Jan./Feb. 2000): 21.
- ↑ The Orthodox Church in the Byzantine Empire, Oxford History of the Christian Church, J. M. Hussey, Andrew Louth, Oxford University Press, 2010, ISBN 0191614882, p. 100.
- ↑ Southeastern Europe in the Middle Ages, 500-1250, Cambridge Medieval Textbooks, Florin Curta, Cambridge University Press, 2006, ISBN 0521815398, pp. 221-222.
- ↑ History of the Balkans: The Joint Committee on Eastern Europe Publication Series, No. 12, Barbara Jelavich, Cambridge University Press, 1983, ISBN 0521274583, p. 16.
- ↑ The Entry of the Slavs into Christendom: An Introduction to the Medieval History of the Slavs, A. P. Vlasto, CUP Archive, 1970, ISBN 0521074592, p. 41.
- ↑ Сборник во чест на акад. Димитар Ангелов, Археолошки институт и музеј на Бугарската Академија на Науките), редактор проф. Велизар Велков, 1994 г. ISBN 9544302352, стр. 138-139.
- ↑ Grigorovicevo evangelie, broj 9, Makedonski srednovekovni rakopisi, Vangelija Despodova, Intitutt za istražuvanje na staroslovenskata kultura, 1988, str. 170.
- ↑ „Predavawa na XLIII letna skola na Megunarodniot seminar za makdonski jazik, literatura i kultura: Univerzitet „Sv. Kiril i Metodij", 2011, ISBN 978-9989-43-304-7, str. 99-101“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-04-17. Посетено на 2012-11-15.
Поврзано
уреди- Глаголица
- Кирилица
- Кирилични броеви
- Титло
- Фонетика и фонологија на старословенскиот јазик
- Старословенски морфолошки систем
- Македонска азбука
- Македонска латиница
- Старомакедонска азбука
- Македонска преродбеничка азбука
- Илинденска азбука
- Македонска абецедарска азбука
- Македонски писма
- Македонски јазик
- Историја на македонскиот јазик
Извори
уреди- A Berdnikov and O Lapko, "Old Slavonic and Church Slavonic in TEX and Unicode", EuroTEX ’99 Proceedings Архивирано на 8 март 2008 г., септември 1999
- DJ Birnbaum, "Unicode for Slavic Medievalists" Архивирано на 3 август 2004 г., 28 септември 2002
- M Everson and R Cleminson, "Final proposal for encoding the Glagolitic script in the UCS", Expert Contribution to the ISO N2610R Архивирано на 15 јуни 2006 г., 4 септември 2003
- Iliev, I. Short History of the Cyrillic Alphabet. Plovdiv. 2012/Иван Г. Илиев. Кратка история на кирилската азбука. Пловдив. 2012. Short History of the Cyrillic Alphabet
- V Lev, "The history of the Ukrainian script (paleography)", in Ukraine: a concise encyclopædia, volume 1. University of Toronto Press, 1963, 1970, 1982. ISBN 0-8020-3105-6
- V Simovyc and JB Rudnyckyj, "The history of Ukrainian orthography", in Ukraine: a concise encyclopædia, volume 1 (op cit).
- J Zamora, "Help me learn Church Slavonic", online
- Украинска Википедија, „Кирилиця“