Освојувачи на медали на Летните олимписки игри 2024

список на статии на Викимедија

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Летните олимписки игри 2024 се наведени сите земји учеснички на игрите коишто освоиле медали. Игрите се одржале во Париз од 26 јули до 11 август 2024 година, а медали биле доделени во 329 натпреварувања во 32 спортови.

Карта на светот на којашто е претставен успехот на секоја земја на Летните олимписки игри 2024.
Легенда:
       Со златна боја се обележани земјите учеснички коишто освоиле барем еден златен медал.
       Со сребрена боја се обележани земјите учеснички коишто освоиле барем еден сребрен медал.
       Со бронзена боја се обележани земјите учеснички коишто освоиле барем еден бронзен медал.
       Со сина боја се обележани земјите учеснички коишто не освоиле медал.
       Со црвена боја се обележани земјите коишто не учествувале на игрите.
Белешки: Бегалските учесници и Меѓународните неутрални спортисти не се прикажани на картата.

Севкупно, спортисти од 92 земји учеснички освоиле барем еден медал, а 64 од нив освоиле барем еден златен медал.[1]Боцвана,[2] Доминика.[3] Гватемала,[4] и Света Луција за првпат освоиле златен медал.[5] Албанија,[6] Зелениот 'Рт,[7] Доминика,[8] и Света Луција ги освоиле првите олимписки медали.[8] Бегалските учесници исто така го освоиле првиот олимписки медал.[9]

Кина и САД биле изедначени по бројот на најмногу освоени златни медали со по 40, а САД освоиле најмногу медали (вкупно 126).[10] Од поединечните учесници, кинеската пливачка Џанг Јуфеи освоила најмногу медали на игрите или вкупно шест (едно сребро и пет бронзи), додека францускиот пливач Леон Маршан освоил најмногу златни медали или вкупно четири.[11]

Медали

уреди

Претседателот на Парискиот организациски одбор Тони Естанге ги претставил олимписките и параолимписките медали за игрите во февруари 2024 година. Медалите на лицето содржат шестоаголна значка од рециклирано железо коешто било земено од материјалот којшто се користел при првобитната изградба на Ајфеловата кула, а на значката е изрежено логото на игрите.[12] Вкупно 5.084 медали се очекувало да бидат изработени од страна на ковницата на Парискиот монетарен двор, а биле дизајнирани од страна на париското претпријатие за изработка на луксузен накит Шоме.[13]

На опачината на медалите е прикажана старогрчката божица на победата Нике на Стадионот Панатинаико на којшто се одржале првите современи олимписки игри во 1896 година. Во позадината на обете страни на медалот се забележуваат Партенонот и Ајфеловата кула.[14] Секој медал тежи 455-529 г, има пречник од 85 мм и е со дебелина од 9,2 мм.[15] Златните медали се изработени од 98,8% сребро и 1,13% злато, додека бронзените медали се изработени од бакар, цинк и калај.[16]

Список по земји

уреди

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

  *   земја домаќин (Франција)

Список на земји со освоени медали
МестоНОКЗлатоСреброБронзаВкупно
1  САД (USA)404442126
2  Кина (CHN)40272491
3  Јапонија (JPN)20121345
4  Австралија (AUS)18191653
5  Франција (FRA)*16262264
6  Холандија (NED)1571234
7  Велика Британија (GBR)14222965
8  Јужна Кореја (KOR)1391032
9  Италија (ITA)12131540
10  Германија (GER)1213833
11  Нов Зеланд (NZL)107320
12  Канада (CAN)971127
13  Узбекистан (UZB)82313
14  Унгарија (HUN)67619
15  Шпанија (ESP)54918
16  Шведска (SWE)44311
17  Кенија (KEN)42511
18  Норвешка (NOR)4138
19  Ирска (IRL)4037
20  Бразил (BRA)371020
21  Иран (IRI)36312
22  Украина (UKR)35412
23  Романија (ROU)3429
24  Грузија (GEO)3317
25  Белгија (BEL)31610
26  Бугарија (BUL)3137
27  Србија (SRB)3115
28  Чешка (CZE)3025
29  Данска (DEN)2259
30  Азербејџан (AZE)2237
  Хрватска (CRO)2237
32  Куба (CUB)2169
33  Бахреин (BRN)2114
34  Словенија (SLO)2103
35  Кинески Тајпеј (TPE)2057
36  Австрија (AUT)2035
37  Филипини (PHI)2024
  Хонгконг (HKG)2024
39  Алжир (ALG)2013
  Индонезија (INA)2013
41  Израел (ISR)1517
42  Полска (POL)14510
43  Казахстан (KAZ)1337
44  ЈАР (RSA)1326
  Јамајка (JAM)1326
  Тајланд (THA)1326
  Меѓународни неутрални спортисти (AIN)1315
47  Етиопија (ETH)1304
48  Швајцарија (SUI)1258
49  Еквадор (ECU)1225
50  Португалија (POR)1214
51  Грција (GRE)1168
52  Аргентина (ARG)1113
  Египет (EGY)1113
  Тунис (TUN)1113
55  Боцвана (BOT)1102
  Света Луција (LCA)1102
  Уганда (UGA)1102
  Чиле (CHI)1102
59  Доминиканска Република (DOM)1023
60  Гватемала (GUA)1012
  Мароко (MAR)1012
62  Доминика (DMA)1001
  Пакистан (PAK)1001
64  Турција (TUR)0358
65  Мексико (MEX)0325
66  Ерменија (ARM)0314
  Колумбија (COL)0314
68  Киргистан (KGZ)0246
  Северна Кореја (PRK)0246
70  Литванија (LTU)0224
71  Индија (IND)0156
72  Молдавија (MDA)0134
73  Косово (KOS)0112
74  Јордан (JOR)0101
  Кипар (CYP)0101
  Монголија (MGL)0101
  Панама (PAN)0101
  Фиџи (FIJ)0101
79  Таџикистан (TJK)0033
80  Албанија (ALB)0022
  Гренада (GRN)0022
  Малезија (MAS)0022
  Порторико (PUR)0022
84  Бегалски учесници (EOR)0011
  Брег на Слоновата Коска (CIV)0011
  Замбија (ZAM)0011
  Зелен ’Рт (CPV)0011
  Катар (QAT)0011
  Перу (PER)0011
  Сингапур (SGP)0011
  Словачка (SVK)0011
Вкупно3293303851044

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ostlere, Lawrence (11 август 2024). „Olympic medal table: USA beat China to top spot at Paris 2024“. The Independent (англиски). Архивирано од изворникот 12 август 2024. Посетено на 12 август 2024.
  2. Phillips, Mitch (2024-08-08). „Athletics-Botswana's Tebogo becomes Africa's first 200m champion“. Reuters. Посетено на 9 август 2024.
  3. Reid, Helen (3 август 2024). „Athletics-LaFond wins triple jump gold to bring Dominica first ever Olympic medal“. Reuters. Посетено на 3 август 2024.
  4. „Gymnast-turned-shooter Adriana Ruano wins Guatemala's first Olympic gold“. Associated Press. New York City, New York, USA. 31 јули 2024. Архивирано од изворникот 1 август 2024. Посетено на 31 јули 2024.
  5. Poole, Harry (3 август 2024). „Paris 2024 Olympics: Julien Alfred wins 100m gold for St Lucia“. BBC Sport (англиски). Архивирано од изворникот 5 август 2024. Посетено на 3 август 2024.
  6. Nelsen, Matt (10 август 2024). „Paris 2024 Wrestling: All Results, as Uzbekistan's Jamalov Wins Men's 74kg Freestyle Gold“. International Olympic Committee. Архивирано од изворникот 12 август 2024. Посетено на 11 август 2024.
  7. Culpepper, Chuck (10 август 2024). „Small populations + scant resources + medals = the Olympics at their best“. The Washington Post. Архивирано од изворникот 10 август 2024. Посетено на 12 август 2024.
  8. 8,0 8,1 Wagner, James; Longman, Jeré (4 август 2024). „Meet the Nations That Have Never Won an Olympic Medal (and Two That Just Did)“. The New York Times. Архивирано од изворникот 5 август 2024. Посетено на 4 август 2024.
  9. Rindl, Joe; Jackson, Bobbie (4 август 2024). „Paris Olympics boxing: Cindy Ngamba guarantees Refugee Olympic Team's first medal“. BBC Sport (англиски). Архивирано од изворникот 6 август 2024. Посетено на 5 август 2024.
  10. Gregory, Sean (11 August 2024). „U.S. Women's Basketball Team Wins Gold in Olympic Final“. Time (англиски). Архивирано од изворникот 12 август 2024. Посетено на 11 август 2024.
  11. „Medallists – Paris 2024 Bronze, Silver & Gold Medal Winners“. International Olympic Committee. Архивирано од изворникот 8 август 2024. Посетено на 8 август 2024.
  12. „Paris 2024: Eiffel Tower metal in Olympics and Paralympics medals“. BBC Sport. 8 февруари 2024. Архивирано од изворникот 8 февруари 2024. Посетено на 8 февруари 2024.
  13. Theissen, Marion (8 February 2024). „Paris 2024: the Olympic and Paralympic medals have been revealed“. Olympics. Архивирано од изворникот 8 февруари 2024. Посетено на 8 февруари 2024.
  14. „Paris Olympic and Paralympic medals will contain chunks of Eiffel Tower“. The Guardian. Reuters. 8 February 2024. Архивирано од изворникот 8 февруари 2024. Посетено на 8 февруари 2024.
  15. „Paris 2024: First look at Olympic and Paralympic medals featuring chunks of Eiffel Tower“. Sky News. 8 февруари 2024. Архивирано од изворникот 8 февруари 2024. Посетено на 8 февруари 2024.
  16. „Paris 2024 unveils Paralympic and Olympic Games medals“. Paralympics. 8 February 2024. Архивирано од изворникот 8 февруари 2024. Посетено на 8 февруари 2024.

Надворешни врски

уреди