Ајман Ал Завахири

Ајман Мухамед Раби Ал Завахири[4] (арапски: أيمن محمد ربيع الظواهري‎ ʾAyman Muḥammad Rabīʿ aẓ-Ẓawāhirī; роден на 19 јуни 1951 во Каиро[5]) — египетски лекар, исламски теолог и моментален водач на Ал-Каеда[6]. Претходно бил вториот и последен „емир“ на организацијата Египетски исламски џихад, откако го наследил Абуд ал Зумар кога нему му била изречена казна доживотен затвор од страна на египетските власти. Неговата жена и три од неговите шест деца биле убиени во воздушен напад на Авганистан од страна на силите на САД кон крајот на 2001 година, по нападите врз САД на 11 септември 2001 година. Од 2 мај 2011 година, по смртта на Осама Бин Ладен, тој станал водач на Ал-Каеда. Ова било потврдено на соопштението до јавноста од генералната команда на Ал-Каеда на 16 јуни. По нападите врз САД, американскиот Стејт департмент понудил награда од 25 милиони американски долари за информација која би довела до апсење на Ал Завахири[7]. Тој е под светски санкции од Комитетот за санкции на Ал-Каеда како член на Ал-Каеда[8].

Ајман Ал Завахири
أيمن محمد ربيع الظواهري
Ајман Ал Завахири во ноември 2001
2-ри генерални емир на Ал-Каеда
На должноста
16 јуни 2011[1] – 31 јули 2022
Претходник Осама Бин Ладен
Наследник Саиф ал-Адел (осомничен)
Заменик емир на Ал-Каеда
На должноста
1998–2011
Претходник основање на функцијата
Наследник Абу Каир ал Масри
Соосновач на Ал-Каеда
На должноста
1988–1989
Служи со Абдула Азам и Осама Бин Ладен
Претходник основање на функцијата
Наследник прекинување на функцијата
Соосновач на Мактаб ал Кадамат
На должноста
1984–1988
Претходник основање на функцијата
Наследник прекинување на функцијата
Емир на Египетски Исламски Џихад
На должноста
1991–1998
Претходник Мухамед абд ал Салам Фараџ
Наследник Споено со Ал-Каеда
Лични податоци
Роден(а) 19 јуни 1951(1951-06-19)
Каиро, Кралство Египет
Починал(а) 31 јули 2022(2022-07-31) (возр. 71)
Кабул, Авганистан
Националност Египет
Сопружник Аза Ахмед (в. 1978–2001)
Умаима Хасан
Деца 7 (Фатима, Умајма, Набила, Кадига, Моханед, Ајша, Навар)
Занимање Хирург
Вероисповед ислам[2]
Воена служба
Припадност Египетски Исламски Џихад (1980–1998)[3]
Ал-Каеда (1988–2022)
Траење 1980–2022
Чин Генерален Емир на Ал-Каеда
Битки/војни Авганистанска војна
Војна во Северозападен Пакистан

Ал Завахири наводно е квалификуван хирург. Кога неговата организација се споила со Ал-Каеда, тој станал личен советник и лекар на Бин Ладен. Првпат го сретнал Бин Ладен во Џеда во 1986 година. Ал Завахири покажал радикално сфаќање на исламската теологија и исламската историја. Тој зборува арапски, англиски[9][10] и француски јазик.

Во 1998 година, Ал Завахири формално ја споил својата организација Египетски исламски џихад со Ал-Каеда. Според извештаи од страна на поранешен член на Ал-Каеда, работел во Ал-Каеда уште од основањето и бил висок член на нејзиниот Шура совет. Често бил опишуван како „заменик“ на Осама Бин Ладен, иако биографот на Бин Ладен го нарекувал „мозокот“ на Ал-Каеда. На 16 јуни 2011 година, Ал-Каеда изјавила дека Ал Завахири бил избран за наследник на Бин Ладен, откако водачот бил убиен во операција на САД на 2 мај 2011 година.

Алтернативни имиња и прекари

уреди

Ајман Мухамед Раби ал Завахири на арапски се изговара [ˈʔæjmæn mʊˈħæmːæd rɑˈbiːʕ azˤːɑˈwæːhɪriː] или [aðˤːɑˈwæːhɪriː] (второто е со класичен изговор). „Zawahiri“ обично се пишува „Zawahri“ (според изговорот на родниот египетски арапски јазик), но некогаш се пишува „Dhawahri" ако е транслитериран директно од модерен стандарден арапски, наречен книжевен арапски јазик во одредени академски кругови.

Ал Завахири бил познат и под имињата Абу Мухамад/Абу Мухамед (أبو محمّد), Абу Фатима (أبو فاطمة), Мухамад Ибрахим (محمّد إبراهيم), Абу Абдалах (أبو عبدالله), Абу ал Муиз (أبو المعز), Докторот, Учителот, Нур (نور), Устаз (أستاذ), Абу Мухамед Нур ал Дин (أبو محمّد نورالدين), Абдел Муаз/Абдел Моез/Абдел Муез (عبدالمعز)[11].

Личен живот

уреди

Рани години

уреди

Ал Завахири е роден во семејство од висока средна класа во Маади, Египет, предградие на Каиро и бил трудољубиво момче. Неговиот татко Мухамед Раби ал Завахири, бил од големо семејство на доктори и научници[12] . Мухамед Раби станал хирург и професор по медицина на Универзитетот во Каиро. Мајката на Ајман ал Завахири, Умајма Азам, била од богат, политички активен клан. Ајман бил одличен на училиште, ја сакал поезијата, „мразел насилни спортови“,кои ги сметал за „нехумани“, и бил многу приврзан кон неговата мајка. Неговата сестра Хеба Мухамед ал Завахири, професор по медицинска онкологија на Националниот институт за рак на Универзитетот во Каиро, го опишала како „мирен и срамежлив[13].

Ал Завахири станал побожен и заинтересиран за политика, под влијание на неговиот чичко Махфуз Азам и учителот Мустафа Камел Васфи[14]. Саид Кутуб проповедал дека за да се врати исламот и да се ослободат муслиманите треба да се развие одред од вистински муслимани[15], изработен по пример на оригиналниот Companions of the Prophet. На 14 годишна возраст, Ал Завахири се придружил на Муслиманското братство[16] His cell eventually merged with others to form al-Jihad or Egyptian Islamic Jihad.[17]. Наредната година, египетската влада го погубила Кутуб поради обвинението за заговор и Ал Завахири, заедно со уште двајца средношколци, помогнале да се формира „подземна ќелија за уривање на владата и основање на исламска држава“.

Уште во овие рани години Ал Завахири поставил мисија во животот „да ја спроведе во дела визијата на Кутуб“. Неговата ќелија со тек на време се споила до други за да се формира Египетски исламски џихад. Ал Завахири дипломирал на Универзитетот во Каиро во 1974 година со многу добра оцена. По дипломирањето, три години служел во Египетската армија како хирург, а потоа отворил клиника близу до неговите родители.[17]. Во 1978 година станал магистер по хирургија[18].

Во 1993 година, Ал Завахири го пратил својот помал брат, Мухамед Ал Завахири[19], на Балканот за да помогне во водењето на муџахединските борци во Босна[20]. Мухамед е познат како експерт за логистика и воен командант на исламскиот џихад. Мухамед тајно работел во Босна, Хрватска и Албанија, претставувајќи се како службеник на Меѓународната исламска организација за помош. Додека се криел во Обединетите Арапски Емирати во 2000 година бил уапсен, екстрадиран во Египет каде му била досудена смртна казна. Бил држен во затворот Тора во Каиро како политички затвореник. Службени лица за безбедност изјавиле дека управувал со Комитетот за специјални акции на Исламскиот џихад кој организирал терористички операции. Сепак, после народното востание во Египет, на 17 март 2011 година бил ослободен од затвор од страна на привремената Влада на Египет, Врховниот совет на вооружени сили. Неговиот адвокат изјавил дека бил држен за да извлечат од него информации за неговиот брат, Ајман[21]. Меѓутоа, на 20 март 2011 година повторно бил уапсен.[22].

Брак и семејство

уреди

Во 1978 година се оженил со Аза Ахмед Новари, која студирала филозофија на Универзитетот во Каиро[14]. Нивната свадба, во хотелот Континентал[14], била многу конзервативна, со одделен простор за мажи и жени, без музика, без фотографирање и без весел хумор.[23]. Многу години подоцна, кога по нападите врз САД во 2001 година и нападот на САД во нападнале, Аза не знаела дека Завахири наводно бил џихадски командант во изминатата декада[24].

Тие имале четири ќерки, Фатима (родена 1981 година), Умајма, Набила (родена 1986 година) и Кадига (родена 1987 година) и син Мухамед, кој бил „внимателен и учтив“ и „миленик на своите постари сестри“, предмет на исмејување и малтретирање во традиционалната машка средина, кој претпочитал да „остане дома и да и помага на мајка си[25]. Десет години по раѓањето на Муахамед, Аза ја родила Ајша која имала Даунов синдром. Во февруари 2004 година, Абу Зубајдах бил измачуван со потопување во вода и изјавил дека Абу Тураб Ал Урдуни се оженил со една од ќерките на Завахири[26].

Зајнаб Кадр се потсетила на забавата за свршувачката на Умајма во семејната куќа која траела цел ден, како и на Ал Завахири кој тропнал на вратата од собата на Умајма, велејќи им да пеат и да се забавуваат потивко бидејќи било ноќ.

Аза и Ајша биле убиени од Американци во ноември 2001 година, по нападите на 11 септември[27][28]. По бомбардирање на зграда во Гардез од страна на САД, Аза била заглавена под урнатините на една куќа. Загрижена за нејзината пристојност „одбила да биде извлечена“ бидејќи „мажи ќе и го виделе лицето“. Нејзината 4-годишна ќерка Ајша, не била повредена во бомбардирањето, но починала бидејќи била изложена на студ во ноќта кога авганистанските спасувачи се обидувале да ја спасат Аза[29]. Во првата половина на 2005 година, се родила друга ќерка, Навар[30].

Обид за државен удар

уреди

Со тек на време тој станал еден од главните организатори и регрутер. Завахири се надевал да регрутира воени офицери и да собере оружје, и да го чека вистинскиот момент за да започне „комплетно соборување на постоечкиот поредок“. Главен стратег на Ал Џихад бил Абуд Ал Зумар, полковник во военото разузнавање чиј план бил да се убијат главните водачи во земјата, да се заземат седиштата на армијата и државната безбедност, телефонската централа, и секако зградата на радиото и телевизијата, каде ќе се емитуваат вести за исламската револуција, започнувајќи, како што очекувал, народно востание против секуларната влада низ целата земја.

Планот бил спречен во февруари 1981 година кога властите биле предупредени за планот на Ал Џихад со апсењето на оперативец кој носел важни информации. Претседателот Анвар Садат наредил преглед на повеќе од 1500 луѓе, вклучувајќи и многу членови на Ал Џихад, но испуштил ќелија во војската водена од поручникот Калид Истамбули, кој успеал да го убие Садат за време на воена парада во октомври истата година[31].

Затворска казна и тврдењата за измачување

уреди

Ал Завахири бил еден од стотиците уапсени по атентатот на Садат[32]. Неговиот адвокат, Монтасер ел Зајат, тврдел дека Завахири бил измачуван во затворот[33]. Во неговата книга, „Ал Завахири како што го познавам“, Ал Зајат тврди дека под тортура од страна на египетската полиција, по апсењето поради поврзаност со убиството на Садат во 1981 година, Ал Завахири го открил местото каде што се криел Есам Ал Камари, главен член на ќелијата во Маади на Ал Џихади, што довело до „апсење и можно погубување“ на Ал Камари[34]. Ал Завахири бил осуден за оперирање со оружје и добил 3 годишна казна, која ја исполнил во 1984 година кратко по осудувањето.

Напуштање на Египет

уреди

Во 1985 година, Ал Завахири отишол на аџилак во Мека, Саудиска Арабија и останал на пракса по медицина во Џеда цела година. Било објавено дека таму го сретнал Осама Бин Ладен за првпат, малку подоцна во 1986 година[35]. Потоа отпатувал за Пешавар, Пакистан, каде работел во болницата Црвена полумесечина, лекувајќи ранети бегалци. Таму се спријатели со Канаѓанецот Ахмед Кадр, и разговарале за потребата од исламска влада и потребите на Авганистанците[36][37]. За ова време, Ал Завахири исто така започнал да ја реконстурира организацијата Египетски исламски џихад заедно со други протерани војници. Групата имала „слаба врска со нивниот затворен водач, Абуд Ал Зумур“.

Во Пешавар, се смета дека Ал Завахири станал радикализиран од други членови на Ал џихад, оставајќи ја својата стара стратегија за брз државен удар за да се промени општеството, и прифаќајќи ја идејата за текфир (муслиман прогласува друг муслиман за неверник). Во 1991 година, Египетски исламски џихад (ЕИЏ) ги прекинале врските со Ал Зумур и Ал Завахири ги зграпчил „уздите на власта“ за да стане водач на ЕИЏ. Во Пешавар се сретнал со Осама Бин Ладен, кој управувал со база за муџахедини наречена Мактаб ал Кадамат (МАК), основана од палестинскиот шеик Абдула Јусуф Азам. Радикалната позиција на Ал Завахири и другите војници од Ал Џихад, ги ставиле во судир со шеикот Азaм, со кој се натпреварувале за финансиските средства на Бин Ладен[38]. Завахири носел два лажни пасоши, еден швајцарски со име Амин Утман и еден холандски со име Мохмуд Хифнави.[39].

Однос со Исламската Република Иран

уреди
 
Ајман Ал Завахири.[40]

Завахири наводно работел со Исламска Република Иран во корист на Ал-Каеда. Лоренс Рајт известува дека оперативецот на ЕИЏ Али Мухамед „им кажал на ФБИ дека Ал Џихад планирале државен удар во Египет во 1990 година“. Завахири ја проучил исламистичката Исламска револуција од 1979 година и „побарал обука од Иранците“ за тоа како да го копира нивниот подвиг против египетската влада.

:Им понудил информации на Иран во врска со планот на египетската влада да нападнат неколку острови во Персискиот Залив, кон кои и Иран и Обединетите Арапски Емирати имале претензии. Според Мухамед, во замена за оваа информација, иранската влада му платила 2 милиони долари на Завахири и помогнала да се обучат членови на Ал Џихад, во обид за државен удар што никогаш не се случил[41].

Сепак, Завахири јавно ја осудил иранската влада. Во декември 2007 година рекол „Ние го откривме Иран во соработка со Америка во нејзините инвазии на Авганистан и Ирак[42]. Во истата видео порака, тој го критикува Иран за „повторување на смешната шега дека Ал-Каеда и талибанците се агенти на Америка“, и пушта видео клип во кој ајатолахот Рафсањани вели „Во Авганистан, беа присутни во Авганистан, поради Ал-Каеда. А талибанците, кој ги создаде талибанците. Америка е таа која ги создаде, а пријателите на Америка во регионот се оние кои ги финансираа и вооружуваа талибанците[42].

Критикувањето на Завахири на иранската влада продолжува кога изјавил: : Освен повторувањето на Иран на слоганот „Смрт за Америка, смрт за Израел“, немаме слушнато ниту една фатва од шиитската власт, дали во Иран или било каде, која повикува на џихад против Американците во Ирак и Авганистан[42].

Завахири негирал дека постои каква било соработка меѓу Иран и Ал-Каеда против нивниот заеднички непријател, САД[43]. Исто така рекол дека „Иран забодил нож во грбот на исламската нација[44].

Во април 2008 година, Завахири ги обвинил иранските државни медиуми и Ал Манар за продолжување на „лагата“ дека „не постојат херои меѓу сунитите кои можат да ја повредат Америка како никој друг во историјата“ со цел да се дискредитира Ал-Каеда[45]. Завахири споменал некои теории за заговор, според кои Ал-Каеда не била виновна за нападите на 11 септември. На седум годишнината од нападите врз САД на 11 септември 2001 година, Завахири објавил касета од 90 минути[46], во која го критикувал „Чуварот на муслиманите во Техеран“ за признавање на „двете платени влади во Ирак и Авганистан[47].

Напади во Египет

уреди

Во 1993 година Завахири отпатувал во САД, каде се обратил до неколку џамии во Калифорнија под псевдонимот Абдул Муиз, потпирајќи се на акредитивите од кувајтската Црвена полумесечина, за да собере пари за авганистанските деца кои биле повредени од советските нагазни мини. Собрал само 2000 долари[48].

За неговите патувања низ Западна Европа, Завахири ја избричил брадата и носел облека вообичаена за Западот. Еден резултат за поврзаноста на Завахири и ЕИЏ со Иран можеби била употребата на самоубиствен напад во август 1993 година во обид за убиство на египетскиот министер за внатрешни работи, Хасан Ал Алфи, човекот кој се трудел да ја прекине кампањата на исламистички убивања во Египет. Обидот бил неуспешен, како и обидот за атентат на египетскиот премиер Атеф Сидки, три месеци подоцна. Во бомбардирањето на автомобилот на Сидки биле повредени 21 Египќанец и убиенa млада ученичка, Шајма Абдел Халим. Нејзиниот погреб станал јавен спектакл, нејзиниот ковчег се носел низ улиците на Каиро а толпата извикувала „тероризмот е непријател на Бог“"[49]. Полицијата уапсила повеќе од 280 припадници на Ал Џихад и погубила шест.

Завахири подоцна напишал за неговиот гнев кон реакцијата на јавноста: „Ова значеше дека сакаа мојата ќерка, која беше бремена тогаш, како и ќерките на други колеги да останат сираци. Кој плачеше или се грижеше за нашите ќерки?“.

Нападот на египетската амбасада во Исламабад, Пакистан во 1995 година бил првиот успех на ЕИЏ под водство на Завахири, но Бин Ладен ја осудил операцијата. Бомбардирањата го одвоиле Пакистан, што било „најдобриот пат кон Авганистан[50].

Протерување од Судан и времето поминато во Русија

уреди

Во 1994 година по погубувањето на синовите на Ахмад Салама Мабрук и Мухамед Шараф поради предавство на ЕИЏ, на војниците им било наредено да го напуштат Судан[51][52]. Се зборувало дека во овој период тој „станал фантом[53] но тој патувал низ „Швајцарија и Сараево“. Лажниот пасош што го користел покажува дека патувал во Малезија, Тајван, Сингапур и Хонгконг[54].

На 1 декември 1996 година, Ахмад Салама Мабрук и Махмуд Хишам ал Ненави, двајцата со лажни пасоши, го придружувале Ал Завахири на патување во Чеченија, каде се надевале дека повторно ќе го воспостават несигурниот Ал Џихад. Нивниот водач патувал под името Абдула Имам Мухамед Амин употребувајќи ги неговите медицински акредитиви за легитимитет. Групата променувала возила трипати, но биле уапсени неколку часа по стапнувањето на руска територија и поминале пет месеци во затворот во Махачкала, чекајќи судење. Тројцата се изјасниле невини, држејќи сè до нивниот скриен идентитет и користејќи молби испратени до руските власти од други членови на Ал Џихад за помилување на нивните колеги „трговци“ кои биле уапсени по грешка. Рускиот член на парламентот Надир Качилиев се одгласил на молбите за брзо ослободување откако членовите на Ал Џихад Ибрахим Ејдарус и Тарват Салах Шехата допатувале во Дагестан да молат за нивно ослободување. Шехата добил дозвола да ги посети затворениците, и се смета дека прошверцувал 3000 долари кои подоцна биле конфискувани од нивната ќелија и дека им предал писмо кое Русите без проблем го преведиле[55]. Во април 1997 година, на тројцата им била изречена затворска казна од шест месеци, потоа биле ослободени еден месец подоцна и избегале без да му исплатат паричен надомест од 1.800 долари на нивниот адвокат назначен од страна на судот, Абулкалик Абдусаламов, наведувајќи дека се „сиромашни“.[55]. Шехата бил испратен во Чеченија, каде се сретнал со Ибн ал-Катаб[53][55][56][57].

Меѓутоа се појавиле сомнежи за вистинската цел на средбата на Ал Завахири со Русите: научник од Фондацијата Џејмстаун, Евгениј Навиков тврдел дека не било можно Русите да не откријат кој бил всушност тој, со оглед на нивните добро обучени арабисти и сомнителноста на чинот дека муслимани нелегално ја преминале границата со повеќе лажни идентитети и шифрирани документи на арапски јазик. Убиениот поранешен агент на федералната служба за безопасност (ФСБ), Александар Литвиненко, се сомневал, меѓу другото, дека во овој период Ал Завахири бил обучуван од страна на ФСБ[58] и дека не бил единствената врска меѓу Ал-Каеда и ФСБ[59]. Поранешниот функионер на Комитетот за државна безбедност (КГБ) и писател Константин Преображенскиј, го поддржал тврдењето на Литвиненко и рекол дека Литвиненко „бил одговорен за обезбедување на доверливоста за пристигнувањето на Ал Завахири во Русија, кој бил обучуван од инструктори на ФСБ во Дагестан, Северен Каукасус во 1996-1997 година[60].

Завахири и други членови на ЕИЏ побегнале во Џалалабад, Авганистан, каде се населиле семејства на Ал-Каеда. Околу 250 луѓе биле собрани на едно место. Таму Завахири разбрал дека во Египет се организира „Иницијатива за ненасилство“ за да се стави крај на кампањата за терор која убила стотици и поради која биле затворени илјадници во операција на владата. Завахири гневно се спротивставил на ова „предавство“ во писма до лондонскиот весник Al-Sharq al-Awsat[61]. Заедно со членови на Ал Гама Ал Исламија, помогнал да се организира масивен напад врз туристи во храмот на кралицата Хатшепсут за да ја саботира иницијативата провоцирајќи ја владата на репресија[62].

Во нападот од шест мажи облечени во полициска униформа биле убиени 58 странски туристи и 4-ца Египќани, како и „петгодишно дете од Британија и 4 парови од Јапонија кои биле на меден месец“, а била уништена и египетската туристичка индустрија. Сепак египетската реакција не била онаква како што очекувал Завахири. Нападот толку многу го шокирал и налутил египетското општество што исламистите се одрекле од одговорноста. Завахири ја обвинил полицијата за убиствата, но ги обвинил и туристите дека самите се виновни бидејќи дошле во Египет:

:Народот во Египет го смета присуството на странските туристи за агресија против муслиманите и Египет...Младите кажуваат дека ова е нашата држава а не место за веселба и забава, особено за вас.[63]

Масакрот бил толку многу непопуларен што немало ниту еден терористички напад неколку години после овој напад. Во 1999 година од страна на египетскиот воен суд на Завахири, во отсуство му била изречена смртна казна[64].

На 23 февруари 1998 годна, издал заедничка фатва со Осама Бин Ладен со наслов „Меѓународен фронт за џихад против евреи и крстоносци“. Се смета дека ниту Завахири, ниту Бин Ладен се вистинските автори на фатвата[65].

Бин Ладен и Ал Завахири организирале конгрес на Ал-Каеда на 24 јуни 1998 година. Една недела пред почетокот на конференцијата, група од добро вооружени помошници на Ал Завахири со џипови се упатиле кон Херат. Следејќи ги инструкциите на Ал Завахири, се сретнале со тројца непознати мажи со словенски изглед кои пристигнале од Русија преку Иран. По нивното пристигнување во Кандахар, тие се разделиле. Еден од Русите бил директно пратен кај Ал Завахири и тој не присуствувал на конференцијата. Западните разузнавачи успеале да соберат негови фотографии, но исчезнал и го немало шест години. Според Аксис Глоуб, во 2004 година, кога Катар и САД ги испрашувале службениците на руската амбасада кои биле уапсени од страна на Обединетите Арапски Емирати за убиството на Зелимхан Јандарбијев во Катар, компјутерски софтвер прецизно утврдил дека човекот кој влегол во руската амбасада во Доха бил истиот кој го посетил Ал Завахири пред конференцијата на Ал-Каеда.[66].

Бомбардирањата на Амбасадата на САД биле серија напади на 7 август 1998 година[67], во кои стотици луѓе биле убиени од истовремени експлозии на камиони-бомби поставени во амбасадите на САД во најголемите градови во Источна Африка, Дар ес Салам, Танзанија и Најроби, Кенија[5]. После овие напади Осама Бин Ладен и Ајман Ал Завахири добиле интернационално внимание. По бомбардирањето на ралетниот уништувач УСС Кол, Муахмед Атеф бил преместен во Кандахар, Завахири во Кабул и Бин Ладен во Кабул, но подоцна му се придружил на Атеф откако се осигурал дека не претстојат одмазднички напади од САД[68].

Намир Мир рекол дека верува дека Ајман Ал Завахири е оперативен шеф на Ал-Каеда и дека „тој е личноста која може да направи такво нешто како она што се случи на 11 септември“. Неколку дена по нападите, името на Завахири било истакнато како втор човек после Бин Ладен, со извештаи во кои пишувало дека тој претставувал „поопасен непријател на САД од Бин Ладен“.

Активности и локација после нападите од 11 септември

уреди
 
Осама Бин Ладен со Ал Завахири за време на интервју со пакистанскиот новинар Хамид Мир во ноември 2001 година

На 10 октомври 2001 година, Ал Завахири се појавил на привичната список на Федералното биро за истрага на САД во првите 22-јца најбарани терористи, која била објавена во јавноста од страна на претседателот на САД Џорд В. Буш. На почетокот од ноември 2001 година, талибанската вада објавила дека му поклонуваат официјално авганистанско државјанство на Завахири, како и на Бин Ладен, Мухамед Атеф, Саиф Ал Адл и Шеик Асим Абдулрахман[69].

Во декември 2001 година, Ал Завахири ја издал книгата Knights Under the Prophet's Banner[70] објаснувајќи ја идеологијата на Ал-Каеда[71]. Биле издадени и преводи на англиски јазик, а извадоци се достапни на интернет[72].

По Американската инвазија на Авганистан, локацијата на Ал Завахири е непозната, но се смета дека била во племенскиот Пакистан. Иако од време на време објавувал свои видеа, Ал Завахири не се појавил заедно со Бин Ладен во ниту едно. Во 2003 година се шпекулирало дека е во притвор во Иран, но оваа информација никогаш не била потврдена.[73]. Во 2004 година, пакистанската армија започнала агресивна операција во Вана, Пакистан. Според извештаите, се нашол заробен во центарот на конфликтот. Сепак, после неколку недели борба, армијата ја освоила областа. Подоцна било откриено дека тој или избегал или никогаш не бил меѓу борците. Откако конфликтот се проширил во племенските области во западен Пакистан, Завахири станал главна мета на Бирото за контраразузнавање на Пакистанската разузнавачка агенција (ИСИ). Меѓутоа, и покрај серија операции не успеале да го фатат.

На 13 јануари 2006 година, Централната агенција за разузнавање, со помош од Пакистанската разузнавачка агенција, започнале воздушен напад врз Дамадола, пакистанско село близу авганистанската граница каде сметале дека се наоѓа Ал Завахири. Со воздушниот напад требало да се убие Ал Завахири и ова било објавено на интернационални вести. Многу жртви на воздушниот напад биле погребани без да бидат идентификувани. Официјални владини лица на САД тврделе дека некои терористи биле меѓу убиените, а владата на племенската област Баџаур потврдила дека најмалку четворица терористи биле помеѓу загинатите[74].

Анти-американски протести избувнале низ целата земја, а пакистанската влада го осудила нападот на САД и загубата на невини животи[75]. На 30 јануари било објавено ново видео кое покажувало дека Ал Завахири е жив. Во видеото било дискутирано за воздушниот напад, но не откривало никакви информации дали Завахири бил присутен во селото кога се случил нападот. Ал Завахири обезбедил опсада за џамијата Лал Масџид во јули 2007 година, операција наречена „Тишина“. Со ова, за првпат било потврдено дека Ал Завахири презема воени чекори против пакистанската влада и ги насочува исламските вонјици против Пакистан. Пакистанските воени трупи и Службата за специјални активности кои презеле контрола над Црвената џамија во Исламабад, пронашле писма од Завахири со упатства испратени до исламските војници Абдул Рашид Гази и Абдул Азиз Гази, кои управувале со џамијата и околните медреси (образовни институции). Овој конфликт завршил со 100 жртви.

На 1 август 2008 година, во вестите на Си-Би-Ес било изјавено дека добиле копија од пресретнато писмо од 29 јули 2008, од анонимен извор во Пакистан, во кое итно се барал доктор да го лекува Ал Завахири. Писмото укажувало дека Ал Завахири бил критично повреден во ракетен напад од страна на САД врз селото Азам Варсак во јужен Вазиристан на 28 јули, во кој наводно бил убиен и експертот за ексползиви на Ал-Каеда Абу Кабаб Ал Масри. Портпаролот на талибанскиот водач Мехсуд, Маулви Умар на 2 август 2008 година и кажал на Американската новинска агенција дека извештајот за повредата на Ал Завахири бил лажен[76].

На почетокот од септември 2008 година, пакистанската армија тврдеЛа дека тие „за малку“ ќе го фателе Ал Завахири откако добиле информација дека тој и неговата сопруга биле во областа Мохманд, во севеозападен Пакистан. Откако ја нападнале областа, не го пронашле.[77].

Појавување како главен командант на Ал-Каеда

уреди

Појавување

уреди

На 30 април 2009 година, Стејт департмент изјавил дека Ал Завахири се појавил како оперативен и стратешки командант на Ал-Каеда и дека Осама Бин Ладен сега бил само идеолошка фигура на организацијата. Сепак, по смртта на Осама во 2011 година, висок службеник на агенцијата за разузнавање на САД е цитиран како изјавува дека разузнавачките податоци, добиени по нападот, покажувале дека Осама останал целосно вклучен во планирањето: „Скривалиштето (каде Бин Ладен бил убиен) во Аботабад, било активен команден и контролен центар на водачот на Ал-Каеда. Тој бил активен во планирањето на операциите и донесувањето тактички одлуки во рамките на Ал-Каеда[78].

По смртта на Бин Ладен, поранешниот заменик-советник на националната безбедност за борба против тероризмот, Хуан Зарате[79], рекол дека Ал Завахири „секако ќе ја преземе улогата на водач“ на Ал-Каеда[80]. Но висок американски официјален претставник на администрацијата рекол дека иако Ал Завахири најверојатно ќе биде нов водач на Ал-Каеда, неговиот авторитет не бил „општо прифатен“ меѓу следбениците на Ал-Каеда, особено кај оние во Заливот“. ЗАрате рекол дека Ал Завахири бил поконтроверзен и помалку харизматичен од Бин Ладен[81]. Рашад Мухамед Исмаил (ака „Абу Ал Фида“), водечки член на Ал-Каеда во Арапскиот Полуостров, изјавил дека Ал Завахири бил најдобриот кандидат.[82].

Формално назначување

уреди

Наследувањето на Ал Завахири во командата на Ал-Каеда[79] било објавено на неколку нивни мрежни места на 16 јуни 2011 година[6][28] . На истиот ден, Ал-Каеда го потврдила својот став дека Израел е нелегитимна држава и дека нема да прифати никаков компромис за Палестина[83].

Задоцнетото објавување довело до шпекулации меѓу аналитичарите дека имало расправање во редовите на Ал-Каеда: „Тоа не укажува на резервоар со насобрана добра волја за него“, рекол еден познат новинар на Си-Ен-Ен[84]. Секретарот за одбрана на САД, Роберт Гејтс и претседателот на здружениот генералштаб, Мајк Мулен, тврдат дека задоцнувањето не сугерира на никаков спор во рамките на Ал-Каеда[85] и Мулен ги повторил смртните закани на САД кон Ал Завахири[86]. Според официјални лица од администрацијата на Обама и Роберт Гејтс, водството ќе биде тешко за Ал Завахири, бидејќи иако интелегентен, му недостасувале борбеното искуство и харизма кои ги имал Осама Бин Ладен[85][87][88].

Аналитичарот за тероризам Магнус Рансторп од Шведскиот колеџ за национална одбрана рекол дека, бидејќи Завахири ги немал истиот статус и лични особини како Бин Ладен, тој би се фокусирал на напад кон Западот за да ја одмазди смртта на Бин Ладен и да се промовира.

Ставови

уреди

Лојалност и непријателство

уреди

Во една студија со наслов „Лојалност и непријателство“, Завахири посочува дека муслиманите мора во секој момент да бидат лојални кон исламот и еден кон друг, додека да го мразат или да бидат чисти од се друго и од сите други надвор од исламот.[89].

Жени борци

уреди

Во едно интервју Завахири рекол дека групата нема женски борци и дека улогата на жените е ограничена, да се грижат за домовите и децата на борците на Ал-Каеда. Со ова се појавила расправа во однос на улогата на муџахединските жени како Саџида Мубарак Атрус ал Ришави[90].

Промотивни активности

уреди

За Завахири од голема важност било да ја добие поддршката од јавноста и во тој поглед е критикуван од Абу Мусаб Ал Заркави: „Без таа поддршка исламското муџахединско движење ќе биде фрлено во темнина“[91].

Видео и аудио пораки

уреди
  • Мај 2003 година: Од страна на Ал Џезира била емитувана касета со упатства: „Да се срамни со земја подот под нивните нозе...политичките и корпоративните интереси на САД...и Норвешка“, што предизвикало глобално интернирање и голема забуна кај Норвешка.
  • Почеток на септември 2003 година: На мрежата на Ал Џезира било објавено видео на кое Ал Завахири и Бин Ладен биле снимени заедно, како и аудио касета.
  • 9 септември 2004 година: Објавено е друго видео кое најавува уште напади.
  • 4 август 2005 година: Ал Завахири дава телевизиска изјава во која го обвинува Тони Блер и надворепната политика на неговата влада за бомбардирањата во Лондон во јули 2005 година[92].
  • 1 септември 2005 година: Ал Џезира емитува видео порака од Мухамед Сидик Кан, еден од бомбашите на лондонското метро. По неговата порака следува уште една од Завахири, во која повторно го обвинува Тони Блер за бомбардирањата.[93].
  • 19 септември 2005 година: Ал Завахири презема одговорност за бомбардирањата во Лондон.[94][95].
  • 7 декември 2005 година: На интернет е објавено целосно интервју од септември кое трае 40 минути, првото видео со таа должина.
  • 3 април 2008: Ал Завахири рекол дека Ал-Каеда не убива невини луѓе и дека нејзиниот (поранешен) водач Осама Бин Ладен е здрав. Поставените прашања биле за неговите ставови во врска со Египет и Ирак, како и за исламистичкото движење Хамас[96].
  • 22 април 2008 година: Аудио интервју во кое меѓу другото, Ал Завахири ги напаѓа иранските шиити и хезболах поради тоа што го обвиниле Израел за нападите на 11 септември и со тоа го нарушиле угледот на Ал-Каеда[97].
  • На седмата годишнина од нападите на 11 септември 2001 година, Ал Завахири објавил касета од 90 минути[46], во која го критикувал „чуварот на муслиманите во Техеран[47] за „ двете платени влади“ во Ирак и Авганистан.
  • 7 јануари 2009 година: Била објавена аудио порака, во која Ал Завахири ветил одмазда за израелскиот напад на Газа и акциите на еврејската држава против војниците на Хамас ги нарекол „подарок“ од САД.[98].
  • 2 јуни 2009 година: Аудио порака која изјавува дека Барак Обама не е добредојден во Египет.
  • 15 јуни 2009 година: Ал Завахири ги повикува пакистанците да ги поддржат талибанците.
  • 4 октомври 2009 година: The New York Times изјавил дека Ал Завахири тврдел дека Ибн Ал Шеик Ал Либи во Либија бил измачуван до смрт. Претседателството на Џорџ В. Буш изјавило дека Ал Либи бил клучен извор кој потврдил дека Ирак обезбедува обука за Ал-Каеда[99]
  • 14 декември 2009 година: Во аудио снимка, Ал Завахири повторно повикал на воспоставување исламска држава во Израел и побарал од своите следбеници да „се стремат кон џихад против евреите“ и нивните поддржувачи. Исто така повикал на џихад против Америка и Западот, а египетскиот претседател Хосни Мубарак, кралот Абдула II од Јордан и кралот Абдула Бин Абдулазиз од Саудиска Арабија ги нарекол „браќа на сатаната[100]
  • 8 јуни 2011 година: Ал Завахири го објавил своето прво видео по смртта на Бин Ладен, во кое го величел Бин Ладен и ги предупредил САД на одмазднички напади, но без да ги припише на водството на Ал-Каеда.[101]
  • 3 септември 2014: Во видео записот од 55 минути, Ал-Завахири го најави формирањето на ново крило наречено Ал-Каеда во Индискиот Потконтинент (АКИС), кое ќе го води џихадот „за да ја ослободи својата земја, да го врати својот суверенитет, и да го заживее својот калифат[102] . Реакцијата меѓу муслиманите во Индија за формирање на новото крило било проследено со бес[103].
  • Кон крајот на август 2016 година: мрежно место на Џихади објави серија проповеди од Ал Завахири во врска со Џихадот.

Прашања и одговори на интернет

уреди

Во средината на декември 2007 година, портпаролите на Ал Завахири објавиле планови за „отворено интервју“ на неколку исламски мрежни места. Администраторите на 4 познати џихадски мрежни места биле овластени да собираат и да препраќаат прашања, „непроменети“, и „без разлика дали ја поддржуваат Ал-Каеда или не“, да му ги пратат на Ал Завахири на 16 јаунари[104]. Ал Завахири подоцна во 2008 одговорил на тие прашања, и меѓу другото кажал дека Ал-Каеда не убива невини и дека ќе се насочи кон Израелоткако ќе ги протера окупаторите од Ирак[105][106].

Баран од САД и Египет

уреди
  • Ал Завахири е под обвинение во САД за неговата улога во бомбардирањата на американските амбасади во 1998 година во Дар ес Салам, Танзанија и Најроби, Кенија. Програмата за награди за антитероризам на Стејт департментот нуди награда до 25 милиони долари за информација за неговата локација.
  • За нивната водечка улога во нападите против египетската влада во 1990-тата, Ал Завахири и неговиот брат Мухамед Ал Завахири, во египетскиот случај од 1999 година им била изречена смртна казна.

Публикации

уреди

Наводи

уреди
  1. „Al-Qaeda's remaining leaders“. June 16, 2015. Посетено на April 28, 2017 – преку www.bbc.com.
  2. Islamism: a documentary and reference guide (2008) Dr. John Calvert
  3. „Ајман Ал Завахири“. Посетено на 8 септември 2014.
  4. al-Zawahiri is also sometimes transliterated al-Dhawahiri to reflect normative classical Arabic pronunciation beginning with /ðˤ/. The Egyptian Arabic pronunciation is Предлошка:IPA-arz; approximately: Ayman Mahammad Rabi Elzawahri.
  5. 5,0 5,1 „Ayman al-Zawahiri“. FBI Most Wanted Terrorists.
  6. 6,0 6,1 „Ayman al-Zawahiri appointed as al-Qaeda leader“. June 16, 2011. Посетено на April 28, 2017 – преку www.bbc.co.uk.
  7. „CNN Programs - People in the News“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на April 28, 2017.
  8. UN list of affiliates of al-Qaeda and the Taliban Архивирано на 28 јули 2006 г.
  9. „Al-Qaeda Deputy Head Ayman Al-Zawahiri in Audio Recording: Musharraf Accepted Israel's Existence“. Memri. Архивирано од изворникот на 13 August 2008. Посетено на 3 February 2011.
  10. Wilkinson, Isambard (11 August 2008). „Al-Qa'eda chief Ayman Zawahiri attacks Pakistan's Pervez Musharraf in video“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 26 April 2010.
  11. „Most Wanted Terrorists – Ayman Al-Zawahiri“. Federal Bureau of Investigation, US Department of Justice. Архивирано од изворникот на December 24, 2007. Посетено на December 23, 2007.
  12. Ayman al-Zawahiri Fast Facts CNN June 7, 2016 Retrieved 2017-02-15
  13. Battistini, Francesco (12 June 2011). „La sorella del nuovo Osama: Mio fratello Al Zawahiri, così timido e silenzioso“. Corriere della Sera. Архивирано од изворникот на 5 November 2012.
  14. 14,0 14,1 14,2 El-Zayyat, Montasser, "Qaeda", 2004. tr. by Ahmed Fakry
  15. Qutb, Milestones, pp. 16, 20 (pp. 17–18).
  16. Wright, p. 37.
  17. 17,0 17,1 Wright, p. 42.
  18. Bergen, Peter L. (2006). The Osama bin Laden I Know. Free Press. стр. 66. ISBN 978-0-7432-7891-1.
  19. Lawrence Wright (2006). The Looming Tower. Knopf. Chapter 2. ISBN 0-375-41486-X.
  20. „Google Translate“. Translate.google.com. Посетено на 2012-12-13.
  21. Egypt Releases Brother of Al Qaeda’s No. 2, Liam Stack, The New York Times, March 17, 2011
  22. Brother of Al-Qaeda's Zawahri re-arrested, Sherif Tarek, Ahram Online, 20 March 2011
  23. Wright, pp. 43–44.
  24. Wright, p. 370.
  25. Wright, pp. 254–5.
  26. Intelligence report, interrogation of Abu Zubaydah, 18 February 2004.
  27. „For al-Zawahiri, anti-U.S. fight is personal“. CBS News. 2011-06-16. Посетено на 2012-12-13.
  28. 28,0 28,1 Saad Abedine (16 June 2011). „Jihadist websites: Ayman al-Zawahiri appointed al Qaeda's new leader“. Cable News Network. Посетено на June 16, 2011.
  29. Wright, p. 371.
  30. Bergen, Peter. "The Osama bin Laden I Know", 2006. p. 367
  31. Wright, p. 50.
  32. {{Наведена мрежна страница | url=http://www.egyptindependent.com/news/mohamed-al-zawahiri-denies-being-arrested-syria | title =Mohamed al-Zawahiri denies being arrested in Syria | author =[[Egypt Independent| date =May 1, 2013}}
  33. Bowcott, Owen (24 January 2003). „Torture trail to September 11: A two-part investigation into state brutality opens with a look at how the violent interrogation of Islamist extremists hardened their views, helped to create al-Qaida and now, more than ever, is fueling fundamentalist hatred“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на March 4, 2006. Посетено на 29 August 2006.
  34. Raphaeli, Nimrod (Winter 2002). „Ayman Muhammad Rabi' Al-Zawahiri: The Making of an Arch Terrorist“. Terrorism and Political Violence. 14 (4): 1–22. doi:10.1080/714005636. Cited in „Ayman Muhammad Rabi' Al-Zawahiri“. The Jewish Virtual Library. 11 March 2003. Архивирано од изворникот на 21 July 2006. Посетено на August 29, 2006.
  35. Atkins, Stephen E. (31 May 2011). The 9/11 Encyclopedia. ABC-CLIO. стр. 456. ISBN 978-1-59884-921-9. Посетено на 6 May 2011.
  36. Michelle Shephard, "Guantanamo's Child", 2008.
  37. John Pike. „Ayman al-Zawahiri“. Globalsecurity.org. Посетено на 2012-12-13.
  38. Wright, p. 103.
  39. Canadian Security Intelligence Service, Summary of the Security Intelligence Report concerning Mahmoud Jaballah[мртва врска], February 22, 2008.
  40. „Egypt – Al Qaeda Chief Urges Westerner Kidnappings“. April 27, 2014. Посетено на 22 January 2017.
  41. Wright, p. 174.
  42. 42,0 42,1 42,2 Ayman al Zawahiri: Review of Events: As Sahab's Fourth Interview with Zawahiri Архивирано на 1 јануари 2008 г.
  43. „Al-Zawahiri: 'Iran Stabbed a Knife into the Back of the Islamic Nation“.
  44. „Al-Zawahiri in Two Recent Messages: 'Iran Stabbed a Knife into the Back of the Islamic Nation;' Urges Hamas to Declare Commitment to Restoring the Caliphate“. MEMRI. 18 December 2007. Архивирано од изворникот на 9 January 2008.
  45. „Al-Qaeda accuses Iran of 9/11 lie“. BBC News. 22 April 2008.
  46. 46,0 46,1 „Al-Qaida tape blasts Iran for working with U.S.“. MSNBC. Посетено на 3 February 2011.
  47. 47,0 47,1 „Search – Global Edition – The New York Times“. International Herald Tribune. 29 March 2009. Архивирано од изворникот на December 7, 2008. Посетено на 3 February 2011.
  48. Wright, p. 179.
  49. Wright, p. 186.
  50. Wright, Looming Towers, 2006, p. 217.
  51. al-Shafey, Mohammed. Asharq Alawsat, Al-Qaeda's secret Emails: Part Four Архивирано на 9 декември 2012 г., June 19, 2005.
  52. Sageman, Marc, Understanding Terror Networks, University of Pennsylvania Press, 2004, p. 45.
  53. 53,0 53,1 Wright, p. 250.
  54. Wright, Lawrence. „The Looming Tower: Al-Qaeda and the Road to 9/11“ (PDF). Hasanuddin University. стр. 279. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-08. Посетено на 2017-10-07.
  55. 55,0 55,1 55,2 Wall Street Journal, "Saga of Dr. Zawahri Sheds Light On the Roots of al Qaeda Terror".
  56. Gebara, Khalil (10 февруари 2005). „The End of Egyptian Islamic Jihad?“. The Jamestown Foundation. Архивирано од изворникот на November 21, 2006. Посетено на December 7, 2006.
  57. Naughton, Philippe (August 4, 2005). „The man they call Osama bin Laden's brain“. The Times. UK. Посетено на May 3, 2008.[мртва врска]
  58. „Obituary: Alexander Litvinenko“. BBC News. November 24, 2006. Архивирано од изворникот на March 7, 2008. Посетено на April 16, 2008.
  59. Osborne, Sean (May 6, 2007). „Ayman al-Zawahiri: Echoes of Alexander Litvinenko“. Northeast Intelligence Network. Архивирано од изворникот на December 7, 2008. Посетено на April 16, 2008.
  60. Russia and Islam are not Separate: Why Russia backs Al-Qaeda, by Konstantin Preobrazhensky. Архивирано на 19 декември 2007 г.
  61. Wright, pp. 255–6.
  62. Wright, pp. 256–7.
  63. Wright, pp. 257–8.
  64. Al Jazeera English – Archive – Profile: Ayman Al-Zawahiri Архивирано на 21 декември 2007 г.
  65. Wright, p. 259.
  66. Russian Secret Services' Links With Al-Qaeda. Axis Globe. 18.07.2005.
  67. „Copy of indictment: USA v. Usama bin Laden et al“ (PDF). Center for Nonproliferation Studies, Monterey Institute of International Studies. Архивирано од изворникот (PDF) на November 10, 2001. Посетено на April 28, 2017.
  68. National Commission on Terrorist Attacks, 9/11 Commission, p. 191.
  69. The Hindu, Taliban grants Osama citizenship Архивирано на 29 јуни 2011 г., November 9, 2001.
  70. 70,0 70,1 Dr. John Calvert - Islamism: A Documentary and Reference Guide p.230 Greenwood Publishing Group, 2008 ISBN 0313338566 Accessed May 20, 2017
  71. Aboul-Enein, Youssef H. (January–February 2005). „Ayman Al-Zawahiri's Knights under the Prophet's Banner: the al-Qaeda Manifesto“. Military Review. Архивирано од изворникот на 2007-01-25. Посетено на August 29, 2006.
  72. „Al-Sharq Al-Awsat Publishes Extracts from Al-Jihad Leader Al-Zawahiri's New Book“. 12 февруари 2001. Архивирано од изворникот на July 17, 2006. Посетено на August 29, 2006.
  73. AFP, Iran holding Zawahiri, Abu Ghaith; al-Arabiya TV, June 28, 2003. Архивирано на 13 октомври 2004 г.
  74. Pakistan: At least 4 terrorists killed in U.S. strike – USA Today.
  75. „BBC NEWS - South Asia - Pakistan rally against US strike“. Посетено на April 28, 2017.
  76. Associated Press, "Missile Strike On Al-Zawahri Disputed", August 3, 2008.
  77. „No evidence of al Qaeda No. 2's illness or death, U.S. says“. CNN. August 1, 2008. Посетено на August 2, 2008.
  78. „Osama Bin Laden was still in control, U.S. says“. Politico. Washington. May 7, 2011.
  79. 79,0 79,1 Juan Zarate, Chris Wragge, CBS Early Show. (May 3, 2011). Who now becomes America's next most wanted terrorist?. Archived from the original on 2011-08-19. https://web.archive.org/web/20110819191725/http://landing.newsinc.com/shared/video.html?freewheel=90051&sitesection=nydailynews&VID=23411239. 
  80. „Al Qaeda No. 2 Ayman al-Zawahiri calls the shots, says State Department“. Daily News. New York. April 30, 2009.
  81. Ackerman, Spencer (May 1, 2011). „U.S. Forces Kill Osama bin Laden“. Wired News. Архивирано од изворникот на May 7, 2011. Посетено на May 2, 2011.
  82. AQAP responds to death of bin Laden, Yemen Times, May 5, 2011 Архивирано на 11 јули 2011 г.
  83. „Al-Qaeda: No compromise on Palestine“. Associated Press. 16 June 2011. Посетено на June 16, 2011.
  84. Moni Basu (16 June 2011). „Analysis: Al-Zawahiri takes al Qaeda's helm when influence is waning“. Cable News Network. Посетено на June 16, 2011.
  85. 85,0 85,1 „Gates: Al-Zawahri is no bin Laden“. USA Today. Associated Press. 16 June 2011. Посетено на June 16, 2011.
  86. „US vows to hunt down, kill new Al-Qaeda leader“. Associated Press. 16 June 2011. Архивирано од изворникот на June 19, 2011. Посетено на June 16, 2011.
  87. „US vows to 'capture and kill' Ayman al-Zawahiri“. BBC. June 16, 2011. Архивирано од изворникот на June 17, 2011. Посетено на June 16, 2011.
  88. „US vows to hunt down al-Qaeda's new leader“. Sydney Morning Herald. June 17, 2011. Посетено на June 16, 2011.
  89. Ibrahim, Raymond (2007). The Al Qaeda Reader. Broadway Books. стр. 63. ISBN 978-0-7679-2262-3.
  90. Frayer, Lauren."Al-Qaida's Stance on Women Sparks Extremist Debate.". Архивирано од изворникот на December 7, 2008. Посетено на 2008-05-31. Associated Press at ABC News. May 31, 2008. Посетено на July 17, 2011.
  91. Jones, Seth G. (2012). „Think Again: Al Qaeda“. Foreign Policy (May/June 2012). Архивирано од изворникот на April 28, 2012. Посетено на 28 April 2012.
  92. Oliver, Mark (4 August 2005). „Al-Qaida warns of more London destruction“. The Guardian]]. Посетено на 27 May 2012. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  93. Dodd, Vikram; Richard Norton-Taylor (2 September 2005). „Video of 7/7 ringleader blames foreign policy“. London: The Guardian]]. Посетено на 27 May 2012. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  94. „Al-Zawahiri downplays U.S. efforts in Afghanistan“. CNN. 19 September 2005. Архивирано од изворникот на 16 July 2012. Посетено на 19 September 2005.
  95. „Bin Laden alive claim is from old video“. London: The Guardian]]. 7 December 2005. Посетено на 27 May 2012. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  96. „Al Qaeda No. 2: We don't kill innocents - CNN.com“. Посетено на April 28, 2017.
  97. 9/11 theory propagated by Iran: Al-Qaeda
  98. „Al Qaeda message blames Obama, Egypt for Gaza violence“. CNN. January 6, 2009. Архивирано од изворникот на June 5, 2010. Посетено на April 26, 2010.
  99. „Zawahri Says Libya Killed Man Who Linked Iraq, Qaeda“. New York Times. October 4, 2009..
  100. Anti-Defamation League: "Al Qaeda Second-in-Command Calls for ‘Jihad against Jews’” December 17, 2009.
  101. Al-Qaeda’s Zawahiri appears on video but doesn’t assert leadership – Washington Post, June 9, 2011
  102. „India security alert after Al Qaeda calls for jihad in subcontinent“. India Gazette. 4 September 2014. Посетено на 8 September 2014. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  103. „Indian Muslims Reject al-Qaida call for Jihad“. India Gazette. 6 September 2014. Посетено на 8 September 2014. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  104. Musharbash, Yassin (January 16, 2007). „Ask al-Qaida: A jihadi advice column? Osama bin Laden's second-in-command answers questions from fans of the terror group worldwide“. Salon/Der Speigel.
  105. Zawahiri answers back IHS, May 2, 2008
  106. The Open Meeting with Shaykh Ayman al-Zawahiri archived on March 26, 2009, from the original Архивирано на 18 јануари 2009 г.
  107. Christopher Henzel. „The U.S. Army Professional Writing Collection“. Army. Архивирано од изворникот на August 5, 2011. Посетено на 2012-12-13.
  108. „World Islamic Front Statement Urging Jihad Against Jews and Crusaders“. Fas.org. Посетено на 2012-12-13.

Литература

уреди
  • Kepel, Gilles; & Jean-Pierre Milelli (2010), Al Qaeda in its own words, Harvard University Press, Cambridge & London, ISBN 978-0-674-02804-3.
  • Mansfield, Laura (2006), His Own Words: A Translation of the Writings of Dr. Ayman Al Zawahiri, Lulu Pub.
  • al-Zawahiri, Ayman, L'absolution, Milelli, Villepreux, ISBN 978-2-916590-05-9 (French translation of Al-Zawahiri's latest book).
  • Ibrahim, Raymond (2007), The Al Qaeda Reader, Broadway Books, ISBN 978-0-7679-2262-3.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: