Американци
Американците (англиски: Americans), помалку познати како Соединетодржавци (англиски: United Statesian)[18] ― граѓаните кои живеат во Соединетите Држави (познати и како Америка). Сите жители на Соединетите Држави немаат исто етничко и национално наследство, тие се мешавина од народи кои имаат прифатено единствен национален (државен) идентитет. Денешните Американци (освен американските староседелци - Индијанци) почнале да го населуваат регионот на САД пред околу 500 години. Американците претежно зборуваат англиски јазик. Американската култура е направена според традициите во Англија, Африка, Ирска, Велс, Германија, Шпанија, Мексико, Холандија и Шкотска.
Вкупен број | |
---|---|
316.500.000 | |
Подрачја со значајно население | |
Мексико | 738,100-1,000,000[1][2] |
Канада | 688,000–1,000,000[3] |
Бразил | 520,000[4] |
Филипини | 250,000[5] |
Обединето Кралство | 224,000[6] |
Либерија | 160,000[7] |
Франција | 100,000[8] |
Израел | 100,000[9] |
Германија | 99,600[10] |
Австралија | 56,276[11] |
Јапонија | 52,684[12] |
Саудиска Арабија | 40,000[13] |
Костарика | 40,000[14] |
Норвешка | 33,509[15] |
Либан | 25,000[16] |
Нов Зеланд | 17,751[17] |
Јазици | |
Англиски јазик (голем дел од Америнакците зборуваат шпански и германски) | |
Вероисповед | |
Христијанска религија но исто така и Јудаизам, Ислам, Будизам, Хиндуизам и други | |
Сродни народи | |
Европејци, Африканци и Азијци |
Американците според расата се делат на бели Американци и Афроамериканци. Белите Американци се мнозинството. Има 308.000.000 бели Американци во САД или 72.4% од вкупното население според пописот во 2010 година и 38.093.725 Афроамериканци или 12.4%. Останатото население се од две или повеќе раси или американски староседелци.
Американците како нивни службени јазици ги користат американскиот и афроамериканскиот англиски јазик кои се дијалекти на англискиот јазик.
Американците како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Млади Американци“ (англиски: Young Americans) — песна од истоимениот албум на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви (David Bowie) од 1975 година.[19]
- „Американец без солзи“ (англиски: American Without Tears) — песна на англискиот рок музичар Елвис Костело од 1986 година.[20]
- „Луда Американка“ (англиски: Crazy American) — песна на американската рок-музичарка Сид Стро (Syd Straw) од 1989 година.[21]
- „Американецот“ (англиски: The American) — песна на британската рок-група Simple Minds од 1981 година.[22]
Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Американците не се љубоморни зашто повеќе го ценат своето време и здравјето отколку своите жени.[23] Во романот „Сликата на Доријан Греј“, Оскар Вајлд забележува дека повеќето Американки се многу убави и дека убаво се облекуваат. За Американците вели дека имаат цела збирка со евтин хумор, дека се бескрајно интересни луѓе, дека се совршено разумни и дека не прават глупости.[24] Според Френсис Скот Фицџералд, Американците би прифатиле да бидат и слуги, но секогаш тврдоглаво одбиваат да бидат селани.[25] Во расказот „Мачка со исклучителна убавина“, руската писателка Људмила Улицка зборува за „прославената американска бездуховност и тапост“.[26].
Наводи
уреди- ↑ People live in Mexico, INEGI, 2010
- ↑ „People Citizenship in Mexico, 2009“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 2003-08-02. Посетено на 2003-08-02.
- ↑ „U.S. citizens living in Canada: Time to come clean to the IRS“. Financial Post. Архивирано од изворникот 2011-09-28. Посетено на 2011-07-31.
- ↑ „Americans abroad 1999“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 2003-08-02. Посетено на 2003-08-02.
- ↑ „Liberia: History, Geography, Government, and Culture“. Infoplease. Посетено на 2008-09-30.
- ↑ Brazil Country Profile U.S. Department of State. Посетено на January 19, 2009.
- ↑ „ibid, Ancestry (full classification list) by Sex – Australia“. Архивирано од изворникот на 2008-03-10. Посетено на 2011-12-24.
- ↑ Embassy of the United States Paris, France – Americans in France Архивирано на 18 април 2015 г.. France.usembassy.gov (2010-08-10). Посетено на 2010-12-09.
- ↑ „平成20年末現在における外国人登録者統計について“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-12-29. Посетено на 2009-12-29.
- ↑ „Statische Bundesamt Deutschland“. Архивирано од изворникот на 2010-11-16. Посетено на 2011-12-24.
- ↑ – U.S. Dept. of State – Background Note: Philippines
- ↑ „Americans living in Costa Rica“. Costa-Rica-Life.com. Архивирано од изворникот на 2008-11-23. Посетено на 2008-09-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-09-13. Посетено на 2011-12-24.
- ↑ List of countries with foreign nationals in Lebanon
- ↑ Statistics Norway – Persons with immigrant background by immigration category and country background. January 1, 2010
- ↑ Association of Americans & Canadians in Israel. AACI. Посетено на 2010-12-09.
- ↑ „North Americans: Facts and figures“. Te Ara Encyclopedia of New Zealand.
- ↑ „United Statesian“. merriam-webster.com. Посетено на 15 февруари 2022.
- ↑ YouTube, David Bowie- Young Americans (пристапено на 8.5.2017)
- ↑ DISCOGS, The Costello Show Featuring The Attractions And Confederates* – King Of America (пристапено на 8.5.2022)
- ↑ Syd Straw – Surprise (пристапено на 10.4.2023)
- ↑ Discogs, Simple Minds – Sons And Fascination / Sister Feelings Call (пристапено на 15 април 2021)
- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 111.
- ↑ Oscar Wilde, Slika Doriana Graya. Zagreb: Mladost, 1989, стр. 42-43.
- ↑ F. Skot Ficdžerald, Veliki Getsbi. Beograd: Rad, 1963, стр. 79.
- ↑ Ljudmila Ulicka, “Mačka izuzetne lepote”, во: Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 73.
Поврзано
уредиОваа статија за САД е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Американци“ на Ризницата ? |