Теса Шарлот Ремплинг, ОБЕ (родена на 5 февруари 1946 г.) — англиска филмска и телевизиска глумица, позната по својата работа на филмови на англиски, француски и италијански јазик.[2][3]

Шарлот Ремплинг
ОБЕ
Ремплинг на премиерата на 45 години
Роден(а)Теса Шарлот Ремплинг[1]
5 февруари 1946(1946-02-05)(78 г.)
Стермер, Есекс, Англија
ЖивеалиштеПариз, Франција
Занимање
  • глумица
  • модел
Активен период1963–сè уште
СопружникБрајан Сауткомб (1972–1976)
Жан Мишел Жар (1978–1998)
ПартнерЖан-Ноел Таси
(1998–2015; до неговата смрт)
Деца3
РодниниГодфри Ремплинг (татко)

Таа ја добила улогата на Мередит во филмот Девојката Џорџи (1966), во кој глумела Лин Редгрејв. Таа набрзо запонала да глуми во француски и италијански филмови, најзабележително во тој период во Самрак на богови (1969) на Лукино Висконти и Ноќен портир (1974) на Лилиана Кавани. Таа потоа глумела во Зардоз (1974), Збогум, моја драга (1975), Сеќавања за ѕвездената прашина (1980) на Вуди Ален, наспроти Пол Њуман во Пресуда (1982), Ангелско срце (1987) и во Крилата на гулабот (1997). Во 2002 година таа објавила албум со записи во стил на кабаре, насловен Како жена.[4]

Во 2000. години таа станала муза на режисерот Франсуа Озон, појавувајќи се во неговите филмови Под песокот (2000), Базен (2003) и Ангел (2007). На телевизија, таа е позната по улогата како Евелин Вогел во Декстер (2013). Во 2012 година, таа била номинирана за Еми награда и за наградата на здружението на филмски глумци за изведбата во мини серијата Немирни. Во 2017 година, таа била номинирана за Златен глобус за најдобра глумица за мини серијата Лондонски шпион. За изведбата во филмот 45 години (2015), таа била номинирана за Оскар за најдобра глумица.

Четири пати номинирана за наградата Сезар, Ремплинг во 2001 година ја добила почесната награда Сезар за исклучителни филмски достигнувања, како и францускиот орден Легија на честа во 2002 година. Таа била назначена за Офицер на Редот на Британската Империја во 2000 година за нејзините заслуги кон уметноста. Во 2015 година, таа објавила автобиографија на француски јазик, насловена Која сум јас.[5]

Наводи

уреди
  1. „Charlotte Rampling“. Allmovie.com. Посетено на 9 April 2016.
  2. "Charlotte Rampling, fashion icon", harpersbazaar.com; accessed 18 January 2016.
  3. Charlotte Rampling interview, out.com; accessed 1 March 2016.
  4. Rampling recording, ecrannoir.fr; accessed 1 March 2016.
  5. Charlotte Rampling autobiography Архивирано на 19 јануари 2016 г., vogue.com; accessed 1 March 2016.

Надворешни врски

уреди