Александар II Караѓорѓевиќ
Александар II Караѓорѓевиќ (14 јули 1945 во Лондон) е моменталниот претендент за српскиот престол, со титула принц на Србија. Тој припаѓа на Династија Караѓорѓевиќ.
Александар II Караѓорѓевиќ | |
---|---|
Принц на Југославија | |
Династија Караѓорѓевиќ | |
Период | 3 ноември 1970 – денес ( 54 години и 49 дена) |
Претходник | Крал Петар II |
Heir | Петар Караѓорѓевиќ |
Сопружник | Марија да Глорија од Орлеан и Браганца (1972-1985) Катерина Караѓорѓевиќ (1985) |
Деца | Петар Караѓорѓевиќ Филип Караѓорѓевиќ Александар Караѓорѓевиќ |
Династија | Династија Караѓорѓевиќ |
Татко | Петар II |
Мајка | Александра |
Во времето кога се родил, неговиот татко, Петар II Караѓорѓевиќ бил крал на Југославија, па според ова, тој станал престолонаследник, а по распаѓањето на Југославија, станал престолонаследник на Србија. Монархијата во тогашна Југославија била укината во 1945 година.
Александар е роден во Лондон, како единствено дете на Александра и Петар II Караѓорѓевиќ. Претседателот на британската влада, Винстон Черчил, хотелскиот апартман со број 212, место каде се родил Александар, го прогласил за територија на Кралство Југославија[1].
Претходно, неговиот татко во април 1941 година ја напуштил Југославија и заминал најпрвин во Атина, па во Ерусалим, Каиро и Лондон. Во 1944 година тој се оженил за Александра, принцеза на Грција и Данска, ќерка на грчкиот крал Александар и Аспасија Манос.
По крајот на војната, новиот режим во неговата земја го спречило Петар да се врати во Југославија. Така, тој всушност никогаш не абдицирал од престолот. Александар своето образование го завршил во Швајцарија. Во 1972 година се оженил за Марија да Глорија од Орлеан и Браганца. Од овој брак се родиле:
Во текот на 1999 година, Александар активно се вклучил во кампањата против Слободан Милошевиќ. Тој бил во постојан контакт со српската опозиција. Од 2001 година, Александар живее во Белград.
Наводи
уреди- ↑ Royalty in Exile by Charles Fenyvesi, p.211