Карл Шпицвег
Карл Шпицвег (5 февруари 1808 - 23 септември 1885) — германски сликар и поет. Тој е сметан за еден од најважните претставници на периодот бидермајер.[1]
Карл Шпицвег е роден во Унтерфаенхофт како вториот од трите сина на Франциска и Симон Шпицвег. Неговиот татко, богат трговец го образувал Карл за фармацевт.
Неговиот прв интерес за сликарството се појавил по прележување на долга болест. Започнал сам да се подучува, прецртувајќи ги делата на фламанските уметници. Првите слики му се објавени во хумористични списанија.
Во подоцнежните години Шпицвег ги посетил најголемите центри на уметност во Европа, проучувајќи ги делата, стилот и техниките на сликање на познатите уметници. Тој престојувал во Прага, Венеција, Париз, Лондон и Белгија. Неговите подоцнежни слики претставуваат или ексцентрични портрети или хумористични сцени.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ „Carl Spitzweg | German painter“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 5 февруари 2021.