Петар Караѓорѓевиќ (син на Александар II Караѓорѓевиќ)
Петар Караѓорѓевиќ (р. 5 февруари 1980 во Чикаго) е најстариот син на принцот Александар II Караѓорѓевиќ и неговата сопруга Марија да Глорија од Орлеан и Браганца, и внук на последниот крал на Југославија, Петар II Караѓорѓевиќ.
Петар Караѓорѓевиќ | |
---|---|
Принц на Југославија | |
Династија | Династија Караѓорѓевиќ |
Татко | Александар II Караѓорѓевиќ |
Мајка | Марија да Глорија од Орлеан и Браганца |
Во Чикаго, Петар живеел до 1981 година, кога заедно со своите родители се преселил во Вирџинија. Во 1984 година започнал да оди на училиште, а во 1988 година своето основно образование го продолжил во Лондон. Во 1998 година матурирал, а во 1999 година завршил основи на уметноста во Лондон. Во следните години, тој своето образование го продолжил во Шпанија и САД.