Мирко Новосел (Загреб, 30 јуни 1938 - Загреб, 20 јули 2023) - хрватски поранешен професионален кошаркарски тренер и играч.

Мирко Новосел
Mirko Novosel
Цибона
ЛигаПремиер ллига
АБА лига
Лични информации
Роден30 јуни 1938(1938-06-30)(85 г.)
Загреб, Кралство Југославија
Починат20 јули 2023(2023-07-20) (возр. 85)
Загреб, Хрватска
НационалностХрватска
Информации за кариера
Играчка кариера1952–1966
Тренерска кариера1967–1993
Историјат на кариера
As player:
1952–1966Локомотива
Како тренер:
1967–1971Локомотива
1976–1985Цибона
1986–1988Цибона
1988–1990Наполи
Career highlights and awards
Како тренер

Новосел бил тренер на некои од најголемите играчи во поранешна Југославија и Хрватска, како што се хрватските играчи од Куќата на славните Крешимир Ќосиќ и Дражен Петровиќ. Тој бил впишан во Спомен-кошаркарската куќа на славните Нејсмит, како тренер, на 7 септември 2007 година. Бил примен во Куќата на славните на ФИБА, како тренер, во 2010 година.

Играчка кариера уреди

Новосел играл кошарка за Локомотива Загреб, од 1952 до 1966 година.

Тренерска кариера уреди

Како тренер на Цибона Новосел освоил две титули Југословенското првенство, седум југословенски купови и две титули во Купот на европските шампиони во 1985 и 1986 година, кога бил прогласен за европски тренер на годината.

Селекторска кариера во националниот тим уреди

Како главен тренер, Новосел ја предводел сениорската машка југословенска репрезентација до сребрениот медал на Светското првенство во 1974 година, сребрениот медал на Летните олимписки игри во Монтреал 1976 година и бронзениот медал на Летните олимписки игри во Лос Анџелес 1984 година.

Новосел бил и селектор на сениорската машка репрезентација на Хрватска, при што ги довел до бронзениот медал на Европското првенство во 1993 година.

Надворешни врски уреди