Милан Ракиќ
Милан Ракиќ (српски: Милан Ракић), (Белград, 30 септември 1876 – Загреб, 30 јуни 1938) – српски писател, поет и дипломат.
Милан Ракиќ Милан Ракић | |
---|---|
![]() | |
Роден/а | 30 септември 1876 Белград, Кнежевство Србија |
Починат/а | 30 јуни 1938 Загреб, Кралство Југославија | (возр. 61)
Занимање | писател, поет, и дипломат |
Националност | Србин |
Животопис
уредиРоден е на 30 септември 1876 година во Белград. Неговиот татко бил Димитрије Мита Ракиќ, министер за финансии во 1888 година, а мајка му Ана ќерка на академикoт Милан Ѓ. Милиќевиќ.
Основно училиште и гимназија завршил во Белград, а правен факултет во Париз. По враќањето во Србија се оженил, а потоа се вработил како писар во Министерството за надворешни работи во 1904 година. Како дипломат работел во српските конзулати во Приштина, Скопје, Солун и Скадар[1].
За време на Првата балканска војна поставен е за прво окружен начелник на Приштинскиот округ.[2]
За време на Првата светска војна бил советник во конзулатот во Букурешт, во 1915 година и во Стокхолм, во 1917 година, а кон крајот на војната во Копенхаген. Од 1921 бил пратеник во Софија, а од 1927 година во Рим[3]. Во дипломатска служба бил скоро до смртта како пратеник на Кралството Југославија во странство. Починал во Загреб на 30 јуни 1938 година.
За дописен член на Српската кралска академија бил избран на 18 февруари 1922 година, а за редовен на 12 февруари 1934.
Во негова чест установена е поетската награда Милан Ракиќ која ја доделува Здружението на писатели на Србија (Удружење књижевника Србије).
Книжевна работа
уредиРакиќ со свои први песни се јавил во „Српски книжевен гласник“ („Српски књижевни гласник“) во 1902 година. Потоа објавил три збирки песни (1903, 1912, 1924), кои и публиката и книжевната критика ги поздравила со одушевување. Напишал малку, околу педесетина песни, и многу рано престанал да пишува.
Критички осврт
уредиНеговите малобројни песни се одликуваат со највисоки уметнички особини и претставуваат врвен дострел во изразувањето на онаа поетска школа која ја основал Војислав Илиќ. Покрај Шантиќ и Дучиќ, Ракиќ е третиот голем српски поет на тоа време. И тој поетската вештина ја учел на француски примери, но не ги копирал, туку останал национален и поединечен. Тој не опејувал ренесансни мотиви и бледи принцези, туку православни и народни светости: Јефимија, Симонида, напуштената црква крај Пеќ, Газиместан (На Газиместан), итн. Тој особено се истакнува како версификатор. Го усовршил единаесетерецот со употреба на богати, звучни и ненасетени слики, давајќи му широк беседнички тон, свечен и отмен, бурен понекогаш, а најчесто мирен и близок. Неговиот јазик е беспрекорно чист, реченицата е кристално јасна, стилот е без емфаза и блеска, умерен и лапидарен. „Во поглед на техниката, рекол Јован Скерлиќ, тоа е последен збор на уметничкото совршенство во српската поезија“.
Заедно со Шантиќ, Ракиќ најуспешно ја обновил српската родољубива поезија, на сосема оригинален начин, без шовинизам. Неговото родољубие е отмено и благородно, проткаено со дискретност и правци на модерен мислител.
Ракиќ не пее поради убавината како Дучиќ, туку поради мислите; тој не е поклоник на ренесансата и Западот, туку на болката и „насладата во страдањето“. Влијанието на францускиот симболизам и декадентското движење, се чувствува во неговата лирика само во изразувањето. И тој се служи со симболи за изразување на своите длабоки мисли, како што се служи со симболите и во своите родољубиви песни. Неговите мисловни песни се јасни иако се длабоки, едноставни и покрај речовитоста, блиски, топли и утешни иако се проткаени со најсилен песимизам. Тоа се најдобри, најубави песни во српската мисловна лирика.
Во својата „Антологија на српската поезија“, Зоран Мишиќ истакнува дека, наспроти неговата „отмена болка“, Ракиќ пред сè бил сензуалист, со здрав и свеж дух, исполнет со верба во „темните нагони“ во кои не го гледал изворот на морбидните пориви, туку на биолошката неуништливост на животот. Неговата толку фалена песимистичка лирика ретко се крева над конвенционалните дидактички излагања на општите места за минливост на животот, младоста и љубовта. Слично е и со неговите љубовни песни кои се облечени во реквизитите на не многу славните француски гардероби. Во основа позитивистички дух, не многу спиритуален, Ракиќ е најубедлив кога го крева гласот против суровите услови на човековото посетоење и во своите ретки, извонредно впечатливи визионерски сцени. Сепак, неговата улога во формирањето на српскиот поетски јазик воопшто не заостанува зад улогата на Дучиќ.[4]
Наводи
уреди- ↑ САНУ: Биографија Милан Ракић
- ↑ РАТНИ ТЕЛЕГРАМИ - Народна библиотека "Вук Караџић" Крагујевац
- ↑ Љиљана Урошевић: Потомци кнеза Раке Тешића. pp. 151, у часопису „Гласник“, број 36, Историјски архив Ваљево, 2002. године.Предлошка:COBISS
- ↑ Zoran Mišić, Antologija srpske poezije. Nolit, Beograd, 1963, стр. 114.
Надворешни врски
уреди- Предлошка:АСК
- „Ракић у четничкој униформи“ Архивирано на 18 ноември 2009 г., Јован Пејчић, Српско наслеђе, историјске свеске, број 10, октобар 1998.
- Леон Којен: Ракићу нису опростили господство („Вечерње новости“, 10. октобар 2015)
- Песник, дипломата и ослободилац („Вечерње новости“, 20 февруари 2016)