Алхемија е рана протонаучна практика во која биле комбинирани елементи на хемија, физика, астрологија, уметност, семиотика, металургија, медицина, мистицизам, и религија. Алхемичарите тежнееле кон остварување на три цели. Најпозната цел на алхемијата е остварувањето на трансмутација на било кој метал во злато или сребро. Алхемичарите исто така се обиделе да создадат еликсир, универзален лек што би ги лечел сите болести и би го продолжил човечкиот живот неограничено. Философскиот камен бил клуч за овие цели. Оваа мистична супстанца што наводно била и прав и течност во форма на камен, можела да ги оствари и двете цели. Третата цел била создавање на човечки живот. Алхемијата може да се смета како претходник на модерната хемија пред формулацијата на научниот метод.

Алхемичарска лабораторија

Алхемијата како тема во уметноста и во популарната култураУреди

Алхемијата се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

НаводиУреди

  1. Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 60.
  2. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 60.