Хања
Хања — пристаништен град на островот Крит, Грција, и втор град по големина на островот Крит.
Хања Χανιά | |
---|---|
Венециското пристаниште на Хања | |
Местоположба во областа Dimos Chanion.png | |
Координати: 35°31′N 24°1′E / 35.517° СГШ; 24.017° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Крит |
Округ | Хања |
Површина | |
• Вкупна | 12,564 км2 (4,851 ми2) |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 57.838 |
• Густина | 4,6/км2 (12/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 731 00 |
Повик. бр. | 28210 |
Рег. таб. | ΧΝ |
Мреж. место | www.chania.gr |
Историја
уредиПрвата цивилизација на подрачјето на данашња Хања била критската. На подрачјето на денешниот град се наоѓал тогашниот град Сидонија, чии остатоци се најдени со современи ископувања. Градот продолжил да постои и во текот на Стара Грција, кога станал град-држава. Хања се споменува во Одисеја. Во 69 г. п.н.е. градот бил под власта на Рим, и задржал многу повластици, како на пример ковање на свои пари.
Првата византиска управа над градот траела од 395 година до 824 година, и за тоа време островот Крит бил христијански. Во 824 година го освоиле Сарацените, кои му го дале на градот денешното име. Во 961 година, градот повторно влегол во состав на Византија, кога станува и епископско седиште.
За време на Четвртата крстоносна војна крстоносците го зазеле Цариград и поголем дел од Византија, а Хања паднала под влааста на маркизот Бонифациј Монфератски, кој пак ја продал на Венецијанската Република. Во тој период градот службено се нарекувал Ла Кања. Венецијанската Република постепено воспоставила добра соработка со населението во градот, па во тој период градот го добил сегашниот изглед.
Во 1645 година по двомесечна опсада, градот паднал под османлиска власт. Веднаш по освојувањето, градот бил опљачкан, голем дел од населението било убиено, а многумина избегале од градот. Градските цркви биле рпетворени во џамии, бил изграден амам и други згради.
По Грчко-турската војна, во 1933 година голем дел оод Турците во градот се иселиле. Тогаш била прогласена Република Крит со седиште во Кања, а во 1913 година Крит се приклучил кон Грција.
За време на Втората светска војна, во 1941 година овде се одвивала Битката за Крит, кога градот доживеал тешки бомбардирања.
Клима
уредиКлимата во Хања е суптропска средоземна клима, со сончеви суви лета и многу благи дождливи зими. Во периодот од април до октомври, времето е сончево и чистото небо е речиси секојдневна појава. Деновите се топли, но температурата ретко се крева нас 38 °C, поради ветерот Етезија кој дува од север. Снег и мраз се ретки во близина на брегот, иако повремено има снежни бури, како во февруари 2004 година кога наврнал 25–75 см снег во градскиот дел.
Климатски податоци за Chania Airport 1977-2002 | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 14.0 (57.2) |
14.3 (57.7) |
16.1 (61) |
19.9 (67.8) |
24.5 (76.1) |
29.0 (84.2) |
30.5 (86.9) |
30.0 (86) |
27.5 (81.5) |
23.4 (74.1) |
19.0 (66.2) |
15.6 (60.1) |
21.98 (71.57) |
Сред. дневна °C (°F) | 10.8 (51.4) |
11.0 (51.8) |
12.4 (54.3) |
15.8 (60.4) |
20.1 (68.2) |
24.7 (76.5) |
26.6 (79.9) |
25.9 (78.6) |
23.2 (73.8) |
19.4 (66.9) |
15.3 (59.5) |
12.4 (54.3) |
18.13 (64.63) |
Прос. ниска °C (°F) | 8.1 (46.6) |
8.0 (46.4) |
8.9 (48) |
11.7 (53.1) |
15.2 (59.4) |
19.2 (66.6) |
21.4 (70.5) |
21.3 (70.3) |
19.1 (66.4) |
15.9 (60.6) |
12.4 (54.3) |
9.7 (49.5) |
14.24 (57.64) |
Прос. дожд мм (ин) | 126.4 (4.976) |
101.9 (4.012) |
81.2 (3.197) |
26.9 (1.059) |
11.2 (0.441) |
2.0 (0.079) |
1.4 (0.055) |
1.4 (0.055) |
15.2 (0.598) |
61.5 (2.421) |
86.7 (3.413) |
99.0 (3.898) |
614.8 (24.204) |
Прос. бр. дождливи денови (≥ 0.1 mm) | 17.0 | 14.7 | 12.0 | 7.8 | 3.9 | 1.4 | 0.2 | 0.6 | 2.6 | 9.8 | 10.8 | 15.8 | 96.6 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 118.1 | 135.6 | 188.0 | 240.9 | 303.0 | 355.4 | 376.7 | 355.7 | 281.9 | 208.7 | 138.0 | 111.7 | 2.813,7 |
Извор: Climate Atlas-Hellenic National Meteorological Service.[2] |
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ http://climatlas.hnms.gr/sdi/. Отсутно или празно
|title=
(help)
Надворешни врски
уреди- Хања на Ризницата
- Општина Хања
- Водич за туристи Архивирано на 16 октомври 2006 г.