Атлетико Насионал
Клуб Атлетико Насионал С.А., исто така познат само како Атлетико Насионал, е колумбиски професионален фудбалски од градот Медељин. Клубот е еден од само трите екипи кои ги одиграле сите сезони во највисоката лига во земјата во нејзината историјата, заедно со Миљонариос и Индепендиенте Санта Фе.
Атлетико Насионал | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Клуб Атлетико Насионал С.А. | |||
Прекар | El Verde (зелените) | |||
Основан | 7 март 1947 (како Америка Фудбал Клуб) 13 февруари 1927 (официјално) | |||
Стадион | Стадион Атанасио Гирардот Медељин, Колумбија | |||
Капацитет | 40,043[1] | |||
Сопственик | Organización Ardila Lülle | |||
Претседател | Хуан Давид Перес | |||
Тренер | Пауло Аутуори | |||
Лига | Категорија Примера А | |||
2018-II | 9-ти, Клаусура | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Атлетико Насионал бил основан на 7 март 1947 година како Клуб Алектико Мунисипал де Меделин од Луис Алберто Вилегас Лопес, поранешен претседател на фудбалската лига на Антиокија. Моменталниот сопственик, Organización Ardila Lülle, официјално го добила клубот во 1996 година.[2] Според КОНМЕБОЛ, Атлетико Насионал е клуб со најголем број на навивачи во Колумбија.[3]
Атлетико Насионал својте домашни натпревари ги игра на стадионот Атанасио Гирардот, кој има капацитет од 45.943. Стадионот го делат со нивните локални соперници, Индепендиенте Медељин. Овие два клуба се соочуваат еден против друг во нивното дерби наречено Ел Класико Пајса, кое се смета за едно од најважните дерби натпревари во земјата.[4] Атлетико Национал, исто така, има соперништво со Миљонариос, кое произлегло од Копа Либертадорес 1989.[5]
Клубот се смета за еден од најсилните екипи од Колумбија, тој е еден од најконзистентни клубови во земјата. До денес, Атлетико Насионал освоил 16 титули во лигата, четири Купа на Колумбија и двапати бил победник на Суперлигата на Колумбија, вкупно 22 домашни титули, што го прават најуспешниот фудбалски тим во Колумбија. Тој бил исто така првиот колумбиски клуб кој ја освоил Копа Либертадорес во 1989 година, а откако ја освоил титулата повторно во 2016 година, е најуспешниот колумбиски клуб во ова натпреварување. Исто така има и најмногу меѓународни титули во споредба со кој било друг колумбиски клуб; двапати ги освоил Копа Мерконорте и Копа Интерамерикана и еднаш Рекопа Судамерикана, што вкупно прави седум меѓународни трофеи.
Во 2016 година, Алетико Насионал бил рангиран од IFFHS како најдобар фудбалски клуб во светот, станувајќи првиот Јужноамерикански клуб, и првиот надвор од Европа, кој ја примил наградата.[6] Исто така е рангиран како најдобар колумбиски клуб во 21 век.[7] Насионал, исто така, се смета за најдобар колумбиски клуб во клупските турнири под покровителство на КОНМЕБОЛ[8] и рангиран на третото место на официјалниот клупски поредок на Копа Либертадорес.[9]
Играчи
уредиМоментален состав
уреди
|
|
Титули
уредиДомашни
уреди- Победник (16): 1954, 1973, 1976, 1981, 1991, 1994, 1999, 2005 Апертура, 2007 Апертура, 2007 Клуасура, 2011 Апертура, 2013 Апертура, 2013 Клаусура, 2014 Апертура, 2015 Клаусура, 2017 Апертура
- Вицешампион (11): 1955, 1965, 1971, 1974, 1988, 1990, 1992, 2002 Апертура, 2004 Апертура, 2004 Клаусура, 2018 Апертура
- Победник (4): 2012, 2013, 2016, 2018
- Победник (2): 2012, 2016
- Вицешампион (3): 2014, 2015, 2018
Меѓуанродни
уреди- Копа Либертадорес: 19 настапи
- Копа Мерконорте: 4 настапи
- Победник (2): 1998, 2000
- Copa Sudamericana: 8 настапи
- Финалист (3): 2002, 2014, 2016
- Полуфиналист (1): 2003
- Копа Интерамерикана: 2 настапи
- Победник (2): 1989, 1995
- Рекопа Судамерикана: 2 настапи
- Интерконтинентален куп: 1 настап
- Вицешампион (1): 1989
- ФИФА Светско клупско првенство: 1 настап
- Трето место (1): 2016
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-04-28. Посетено на 2019-01-07.
- ↑ Atlético Nacional, Rey de Copas. Periódico El Colombiano, Medellín, Colombia. 2004. стр. 13. ISBN 958-693-696-1.
- ↑ „¿Cuál es el equipo con más hinchada en Colombia?“. Caracol Radio (шпански). 27 April 2016. Посетено на 1 December 2016.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 24 December 2013. Посетено на 2014-05-07.
- ↑ Suárez, Ronny. „Millonarios vs. Nacional: así nació un clásico que vuelve a escena“. Gol Caracol (шпански). Архивирано од изворникот на 2020-07-31. Посетено на 2019-01-07.
- ↑ „Club World Ranking 2016“. IFFHS.com. Архивирано од изворникот на 2019-06-29. Посетено на 2019-01-07.
- ↑ „El Club de Sudamérica de la 1ª Década del Siglo XXI (2001-2010)“. Архивирано од изворникот на 4 December 2010. Посетено на 2010-01-16.
- ↑ „Ranking Histórico de la Conmebol 1960-2013 (5 primeros clubes por país) - 1a. parte“. Pasion Futbol (шпански). Архивирано од изворникот на 2013-03-25. Посетено на 2019-01-07.
- ↑ „Ranking Conmebol de Copa Libertadores 2017“. CONMEBOL.com.