Роналдо де Азис Мореира (англиски: Ronaldo de Assis Moreira) (роден (роден на 21 март 1980), познат како Роналдињобразилски фудбалер кој последниот негов ангажман беше во тимот на бразилскот Флуминезе. Од септември 2016 година тој е официјално амбасадор на неговиот поранешен клуб Барселона.

Роналдињо
Лични податоци
Полно име Роналдо де Азис Мореира
Роден на 21 март 1980(1980-03-21)(44 г.)
Роден во Порто Алегре, Бразил
Позиција среден ред, напад
Број 10
Младинска кариера
1987–1998 ФК Гремио
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998–2001 ФК Гремио 52 (21)
2001–2003 ФК Париз Сен Жермен 55 (17)
2003–2008 ФК Барселона 145 (70)
2008–2010 ФК Милан 76 (20)
2011– ФК Фламенго 33 (15)
2012–2014 Атлетико Миниеро 48 (16)
2014–2015 Куеретаро 25 (8)
2015 Флуминезе 7 (0)
Вкупно 440 (167)
Репрезентација
1996 Бразил U17 6 (2)
1999 Бразил U20 5 (3)
2000–2008 Бразил U23 10 (3)
1999– Бразил 97 (33)
* Ажурирано на: 2 октомври 2011
** Ажурирано на: 8 октомври 2011

Роналдињо на португалски значи "мал роналдо". Ова име Гаучо го избрал само за да се разликува од "стариот" Роналдо Де Лима.

Барселона

уреди

Дојде во тимот на Барселона во 2003-тата година од екипата на Париз Сент Жермен кога имаше само 23 години. Тогашен тренер на Барселона беше Франк Рајкард кој направи одличен избор со доведувањето на Бразилецот во своите редови. Заедно Самуел Ето, беа одличен тандем кој во 2005-тата година постигна 32 гола и ја освоија Лигата на Шампионите.

Милан

уреди

Во Милан се досели на 16 јуни 2008 каде што потпиша договор до 2012 година. Бидејќи бројот 10 беше на дресот на Кларенс Сидорф, Роналдињо го избра бројот 80 бидејќи 1980 е година на неговото раѓање. По првиот натпревар во дресот на Милан, иако не постигна гол, сите беа сведоци дека влегува во одлична форма и дека не заборавил да игра фудбал. Тоа и го покажа на следните натпревари а особено се истакна во натпреварот со Интер кога постигна фантастичен гол со глава и им донесе победа на "Росоњерите" од 1:0 на 28 септември 2008.

Наводи

уреди
  1. „A.C. Milan FC profile“. A.C Milan. 16 July 2008. Архивирано од изворникот 2008-07-19. Посетено на 16 July 2008.