Оливер Кан
Оливер Ролф Кан (германски: Oliver Rolf Kahn, прекар Титан, роден 15 јуни 1969)[2] — поранешен германски голман. Тој ја започнал неговата кариера во јуниорскиот тим Карлсруе во 1975. Дванаесет години подоцна Кан настапил на неговиот прв официјален натревар за првиот тим. Во 1994 направил трансфер во Бајерн Минхен за 4,6 милиони германски марки, каде што останал да игра сè до крајот на неговата кариера.
Оливер Кан | |||
---|---|---|---|
Оливер Кан во 2004. | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Оливер Ролф Кан[1] | ||
Роден на | 15 јуни 1969 | ||
Роден во | Карлсруе, Западна Германија | ||
Држава |
Западна Германија Германија (од 1990) | ||
Висина | 1.88 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | голман | ||
Повлекување | 2008 | ||
Младинска кариера | |||
1975–1987 | Карлсруе | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1987–1990 | ФК Карлсруе II | 73 | (0) |
1987–1994 | Карлсруе | 128 | (0) |
1994–2008 | Бајерн Минхен | 429 | (0) |
Total | 630 | (0) | |
Репрезентација | |||
1994–2006 | Германија | 86 | (0) |
Кан е еден од најуспешните германски играчи во неодамнешната историја, со осум освоени Германски првенства, шест германски купови, Купот на УЕФА во 1996, УЕФА Лигата на Шампионите и Интерконтиненталниот Куп освоени во 2001. Тој како голман освоил четири по ред награди за Најдобриот европски голман на УЕФА, три ИФФИС награди за најдобар голман на светот (IFFHS World’s Best Goalkeeper) и 2 трофеја како Германски фудбалер на годината. Во Светското првентсво 2002 година, Кан како единствен голман во историјата на овој турнир ја освои Златната топка.
Од 1994 до 2006, Кан бил дел од Германската репрезентација, во кој бил во првата постава, по пензионирањето на Андреас Купке (германски: Andreas Köpke). На Светското првентство во 2002 година, германскиот тим стигнал до финалето, благодарение на искуството на Оливер Кан, но во финалето загубил од Бразил со 2-0. Тој бил прогласен за најдобар играч и ја добил Златната топка.
Наводи
уреди- ↑ „FIFA World Cup Germany 2006 – List of Players“ (PDF). Fédération Internationale de Football Association (FIFA). стр. 12. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-11-05. Посетено на 26 July 2013.
- ↑ „Kahn's article on Encyclopædia Britannica Online“. Encyclopædia Britannica, Inc. Посетено на 15 June 2011.