Жан Тигана (роден во Бамако, на 23 јуни 1955) — француски фудбалски тренер, и поранешен играч од средниот ред.

Жан Тигана
Лични податоци
Роден на 23 јуни 1955(1955-06-23)(69 г.)
Роден во Бамако, Мали
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001680000001,68 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 1991 (35 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1975-1978 Тулон Тулон 76 (10)
1978-1981 Олимпик Лион Олимпик Лион 104 (15)
1981-1989 Бордо Бордо 251 (11)
1989-1991 Марсеј Олимпик Марсеј 56 (0)
Репрезентација
1980-1988 Франција Франција 52 (1)
Раководител на екипите
1993-1995 Олимпик Лион Олимпик Лион
1995-1999 Монако Монако
2000-2003 Фулам Фулам
2005-2007 Бешикташ Бешикташ
2010-2011 Бордо Бордо
2011-2012 Шангај Шенхуа Шангај Шенхуа
* Ажурирано на: 28 јуни 2013
** Ажурирано на: 28 јуни 2013

Клупска кариера

уреди

Својата професионална кариера, Тигана ја започнал во Тулон, клуб за кој одиграл 83 натпревари во периодот од 1975 до 1978 година.

Потоа играл три сезони во дресот на Олимпик Лион (1978-1981), пред да се пресели во Бордо во 1981 година. Со жирондиците, тој освоил три првенствени титули (1983-1984, 1984-1985, 1986-1987), два купа (1985-1986, 1986-1987) и еден Суперкуп на Франција (во 1986 година). Играјќи за Бордо, тој бил избран за Фудбалер на годината во Франција во 1984 година. Последните години од кариерата ги поминал во екипата на Олимпик Марсеј со која освоил уште две првенствени титули (1989-1990, 1990-1991).

Репрезентативна кариера

уреди

Тигана дебитирал за сениорската репрезентација на Франција во 1980 година и, до неговиот последен настап во 1988 година, одиграл вкупно 52 натпревари за триколорите постигнувајќи 1 гол.

Со репрезентацијата учествувал на Светското првенство 1982 во Шпанија и Светското првенството 1986 во Мексико (каде го постигнал единствениот репрезентативен гол во успехот со 3-0 против Унгарија),[1] стигајќи до полуфиналето во двата случаи. Исто така учествувал и на завршницата на Европското првенство 1984, кое Франција го освоила на домашен терен.

За време на својата репрезентативна кариера Тигана бил дел од таканаречениот "Магичен квадрат" (на француски:"carré magique"), четиричлениот среден ред на французите заедно со Мишел Платини, Луис Фернандес и Ален Жирес, една од најдобрите средни линии со четири играчи во историјата на фудбалот.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
23-5-1980 Москва Советскиот Сојуз   1 – 0   Франција Пријателска -
11-10-1980 Лимасол Кипар   0 – 7   Франција Квал. за СП 1982 -   51'
28-10-1980 Париз Франција   2 – 0   Ирска Квал. за СП 1982 -
19-11-1980 Хановер Западна Германија   4 – 1   Франција Пријателска -
18-2-1981 Мадрид Шпанија   1 – 0   Франција Пријателска -   70'
29-4-1981 Париз Франција   3 – 2   Белгија Квал. за СП 1982 -
15-5-1981 Париз Франција   1 – 3   Бразил Пријателска -
18-11-1981 Париз Франција   2 – 0   Холандија Квал. за СП 1982 -   75'
5-12-1981 Париз Франција   4 – 0   Кипар Квал. за СП 1982 -
23-2-1982 Париз Франција   2 – 0   Италија Пријателска -
28-4-1982 Париз Франција   0 – 1   Перу Пријателска -   46'
14-5-1982 Лион Франција   0 – 0   Бугарија Пријателска -
2-6-1982 Тулуз Франција   0 – 1   Велс Пријателска -   64'
16-6-1982 Билбао Англија   3 – 1   Франција СП 1982 - Прва фаза -   74'
28-6-1982 Madrid Франција   1 – 0   Австрија СП 1982 - Втора фаза -
4-7-1982 Мадрид Франција   4 – 1   Северна Ирска СП 1982 - Втора фаза -   57'
8-7-1982 Севиља Западна Германија   3 – 3 прод.
(5 – 4 пен.)
  Франција СП 1982 - Полуфинале -
10-7-1982 Аликанте Полска   3 – 2   Франција СП 1982 - за 3-то место -   82'
31-8-1982 Париз Франција   0 – 4   Полска Пријателска -
6-10-1982 Париз Франција   1 – 0   Унгарија Пријателска -   79'
10-11-1982 Ротердам Холандија   1 – 2   Франција Пријателска -
16-2-1983 Гимараеш Португалија   0 – 3   Франција Пријателска -   63'
23-3-1983 Париз Франција   1 – 1   Советскиот Сојуз Пријателска -   46'
23-4-1983 Париз Франција   4 – 0   Југославија Пријателска -
12-11-1983 Загреб Југославија   1 – 2   Франција Пријателска -
29-2-1984 Париз Франција   2 – 0   Англија Пријателска -
28-3-1984 Бордо Франција   1 – 0   Австрија Пријателска -
1-6-1984 Марсеј Франција   2 – 0   Шкотска Пријателска -
12-6-1984 Париз Франција   1 – 0   Данска Евро 1984 - Прва фаза -
16-6-1984 Нант Франција   5 – 0   Белгија Евро 1984 - Прва фаза -  
19-6-1984 Сент-Етјен Франција   3 – 2   Југославија Евро 1984 - Прва фаза -
23-6-1984 Марсеј Франција   3 – 2 прод.   Португалија Евро 1984 - Полуфинале -
27-6-1984 Париз Франција   2 – 0   Шпанија Евро 1984 - Финале -
21-11-1984 Париз Франција   1 – 0   Бугарија Квал. за СП 1986 -
8-12-1984 Париз Франција   2 – 0   Источна Германија Квал. за СП 1986 -
3-4-1985 Сараево Југославија   0 – 0   Франција Квал. за СП 1986 -
2-5-1985 Софија Бугарија   2 – 0   Франција Квал. за СП 1986 -
30-10-1985 Париз Франција   6 – 0   Луксембург Квал. за СП 1986 -
16-11-1985 Париз Франција   2 – 0   Југославија Квал. за СП 1986 -
26-3-1986 Париз Франција   2 – 0   Аргентина Пријателска -
1-6-1986 Леон Канада   0 – 1   Франција СП 1986 - Прва фаза -
5-6-1986 Леон Франција   1 – 1   Советскиот Сојуз СП 1986 - Прва фаза -
9-6-1986 Леон Унгарија   0 – 3   Франција СП 1986 - Прва фаза 1
17-6-1986 Мексико Сити Италија   0 – 2   Франција СП 1986 - Осминафинале -
21-6-1986 Гвадалахара Бразил   1 – 1 прод.
(3 – 4 пен.)
  Франција СП 1986 - Четвртфинале -
25-6-1986 Гвадалахара Франција   0 – 2   Западна Германија СП 1986 - Полуфинале -
28-6-1986 Пуебла Белгија   2 – 4   Франција СП 1986 - за 3-то место -   84'
10-9-1986 Рејкјавик Исланд   0 – 0   Франција Квал. за Евро 1988 -
11-10-1986 Париз Франција   0 – 2   Советскиот Сојуз Квал. за Евро 1988 -
19-11-1986 Лајпциг Источна Германија   0 – 0   Франција Квал. за Евро 1988 -
16-6-1987 Осло Норвешка   2 – 0   Франција Квал. за Евро 1988 -  
19-11-1988 Белград Југославија   3 – 2   Франција Квал. за СП 1990 -
Вкупно Настапи 52 Голови 1

Тренерска кариера

уреди
 
Тигана водејќи го Монако во 1998 година.

Во 1993 година, Тигана се вратил во Олимпик Лион каде ја започнал својата тренерска кариера. Тој останал во клубот до 1995 година, водејќи го до второто место место во првенството во сезоната 1994-1995. Во 1995 година, тој ја презел тренерската функција во Монако каде останал до 1999 година. Со клубот од Кнежевството освоил една првенствена титула во сезоната 1996-1997 и Суперкупот на Франција 1997. Исто така, следната година тој го водел клубот до полуфиналето на Лигата на шампионите каде биле елиминирани од италијанскиот Јувентус.

Во 2000 година го имал првиот тренерски ангажман во странство кога бил назначен за менаџер на англискиот второлигаш Фулам. Во првата сезона, тој го одвел клубот до промоција од Првата дивизија во Премиер лигата како шампион. Следната сезона, што била прва за Фулам во најсилната фудбалска лига во Англија по повеќе од 30 години, тој го освоил 13. место во Премиер лигата и изборил пласман со клубот во Купот на УЕФА (преку Интертото купот). Во април 2003, тој бил отпуштен иако Фулам не бил во опасност од испаѓање.[2]

Во октомври 2005 година, по повеќе од две години пауза, тој потпишал договор на две и пол години со турскиот клуб Бешикташ, со кои освоил два Купа на Турција (2005-2006 и 2006-2007) и Суперкупот на Турција 2006, пред да го напушти клубот во 2007 година со споразумно раскинат договор.

На 25 мај 2010 година, Тигана се вратил во Франција потпишувајќи за Бордо. Но престојот во клубот за него како тренер не бил пријатен како во времето кога бил играч затоа што постојано бил на граница да добие отказ заради слабите резултати во лигата и заради турбулентниот однос со навивачите кој биле разочарани од неговата работа во тимот кој само две години претходно бил шампион на Франција под водството на Лоран Блан. По поразот на домашен терен од Сошо со 0-4 и вербалните закани кои и биле упатени на неговата шеснаесетгодишна ќерка присутна на трибините, тој ја напуштил клупата на Бордо на 7 мај 2011 година.[3][4]

На 18 декември 2011 година било објавено дека Тигана ќе биде новиот тренер на кинескиот клуб Шангај Шенхуа за сезоната 2012 година. На 15 април 2012 година, Тигана поднел оставка од функцијата поради слабата форма на Шангај Шенхуа, оставајќи го кинескиот клуб во последните пет екипи на табелата во домашната лига.

Титули

уреди

Играч

уреди

Клупски

уреди
  Бордо
уреди
1983-1984, 1984-1985, 1986-1987
1985-1986, 1986-1987
1986
  Олимпик Марсеј
уреди
1989-1990, 1990-1991

Репрезентација

уреди
1984

Поединечни

уреди
1984

Тренер

уреди

Клупски

уреди
  Монако
уреди
1996-1997
1997
  Фулам
уреди
2000–2001
2002[5]
  Бешикташ
уреди
2005-2006, 2006-2007
2006

Поединечни

уреди
1997

Наводи

уреди
  1. „Match - France - Hongrie - FFF“. www.fff.fr (француски). Архивирано од изворникот на 2019-03-23. Посетено на 2019-12-25.
  2. „Tigana sacked by Fulham“. The Scotsman. UK. 18 April 2007. Архивирано од изворникот на 14 November 2007. Посетено на 9 November 2007.
  3. „Tigana – " J'arrête ". FC Girondins de Bordeaux. 2011-05-07. Архивирано од изворникот на 11 May 2011. Посетено на 8 May 2011.
  4. „Jean Tigana steps down as Bordeaux coach“. Goal.com. 2011-05-07. Посетено на 8 May 2011.
  5. „Fulham force draw“. BBC Sport. 13 August 2002. Посетено на 16 June 2020.
    „Fulham clinch Euro glory“. BBC Sport. 27 August 2002. Посетено на 16 June 2020.

Надворешни врски

уреди