Мануел Нојер (27 март 1986 во Гелзенкирхен, Северна Рајна-Вестфалија) — германски фудбалер, голман на Бајерн Минхен и на германската репрезентација.

Мануел Нојер
Нојер во 2018
Лични податоци
Роден на 27 март 1986(1986-03-27)(38 г.)
Роден во Гелзенкирхен, Германија
Држава Германија Германија
Висина &100000000000001930000001,93 м
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Број 1
Младинска кариера
Шалке 04 Шалке 04
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003-2008 Шалке 04 II Шалке 04 II 26 (0)
2005-2011 Шалке 04 Шалке 04 156 (0)
2011- Бајерн Минхен Бајерн Минхен 190 (0)
Репрезентација
2004 Германија Германија 18 1 (0)
2004-2005 Германија Германија 19 11 (0)
2005-2006 Германија Германија 20 4 (0)
2007-2010 Германија Германија 21 20 (0)
2009– Германија Германија 74 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 јануари 2012

Клупска кариера уреди

Шалке 04 уреди

Нојер го потпишал својот прв професионален договор со екипата на Шалке 04 во 2005. Тој дебитирал во Бундеслигата како замена за повредениот Франк Рост во сезоната 2006-07. Нешто подоцна, дваесетгодишниот Нојер успеал да го заземе почетното место меѓу стативите, откако бил претпочитан пред Рост за натпреварот против Бајерн Минхен. Тој не разочара, напротив успеа да обезбеди изедначување против бранителите на титулата. Покрај неговите дваесет години, Мануел беше сметан за потенцијален следбеник на неговиот идол Јенс Леман во иднината за германската репрезентација. На 5 март 2008 година во првиот круг на УЕФА Лигата на Шампиони против ФК Порто, самостојно успеа да го задржи ФК Шалке 04 во игра, со неколкуте спасени топки, играта заврши со пенали. Тој ги одбрани пеналите на Бруно Алвес и Лисандро Лопес и му помогна на Шалке да дојде до четврт-финалето. За покажаната издржливост тој беше номиниран за голман за 2007-08 година за УЕФА Голман на годината. Освен што беше најмлад голман, тој беше и единстевен голман од Бундеслигата. Во сезоната 2008-09, Шалке го освои осмото место на табелата и не се квалифукува за Лига Европа. Меѓутоа,добрата игра која ја покажа во 2009 на Еврпското првенство до 19 години, беше забележан од претседавачот на Бајерн Минхен Карл-Хајнц Румениге. Иако тренерот на Шалке увери дека Нојер ќе игра за Шалке и следна сезона, во ноември Ноер беше единствениот германски голман од петте номинирани за УЕФА Тим на годината. На 20 април 2011 изјави дека нема да го продолжува договорот со Шалке, којшто завршува на крајот од сезоната 2011-12. Неговата одлука наиде на критика и разочараност од навивачите на Шалке, поради неговата одлука да се придружи на соперничкиот тим.

Бајерн Минхен уреди

На 1 јуни 2011, Шалке и Бајерн Минхен потврдија дека Ноер ќе биде дел од тимот на Бајерн. Ноер потпиша пет годишен догвор до јуни 2016. Договорот е вреден 22 милиони евра, што го прави Ноер вториот најскап голман воопшто. После непријатностите доживеани од страна на навивачите на Бајерн (поради купувањето на голман од противничкиот тим Шалке). На 2 јули 2011 се одржа состанок помеѓу раководството на Бајерн и навивачите на коишто им беше посочено дека Мануел ќе биде почитуван рамноправен член на тимот на Бајерн Минхен. Сите навреди упатувани кон него треба да престанат. Уште во првата недела во Бајерн, по нерешената игра со Хофенхајм (0-0), Ноер го прекина рекордот претходно држен од страна на Оливер Кан, преку 1.000 минути без примен гол. За време на натпреварот помеѓу Баepн и Борусија, Мануел беше каменуван со банани од страна на навивачите на Борусија. Истиот инцидент му се има случено и на Оливер Кан. На 25 април 2012 Ноер го одбрани пеналот на Кристијано Роналдо и Кака и го однесе Бајерн во полуфинале против ФК Реал Мадрид. Ноер откри дека го проучил начинот на кој Кристијано Роналдо шутира пенали. Ноер изјави за Bild:„ Секогаш се подготвувам себеси за вакви ситуации. Нашиот голмански тренер Тони Тапалович ми покажа на неговиот пресметувач ден пред натпреварот, како вообичаено Роналдо шутира пенали. Научив дека Роналдо најмногу шутира на лево. Во тој момент бев сигурен дека ќе шутира на неговата омилена страна. “Во финалето на Лигата на Шампиони против ФК Челси, тој самиот шутираше пенал и го спаси шутот на Хуан Мата, но за жал Бајерн изгубија во пеналите 4:3 на домашен терен во Алијанц Арената. Во сезоната 2012-2013, во елиминаторната фаза во Лигата на шампионите, Ноер не примил гол на четири натпревари. Во финалето, тој осумпати спречи мрежата да биде затресена и Барен беа на добар пат да ја освојат Лигата на шампионите. Финалето беше со прекрасно покажана игра од страна на двата голмани, во која Мануел го порази Роман Видерфелер. Во Супер Купот одигран на пенали на 30 август 2013 Мануел го одбрани одлучувачкиот пенал и ги победија Челзи истовремено одмаздувајќи се за земенот трофеј во Лигата на шампионите 2012.

Репрезентативна кариера уреди

Напредокот низ младинските тимови доведе до првото појавување на Ноер против Холандија. Ноер заедно со Германската репрезентација до 21 година во Шведска ја победија Англија со 4:0 и станаа победници на Европското првенство до 21 година.

Светско првенство 2010 уреди

Нојер на 19 мај 2009 беше повикан од Германката репрезентација за турнеја низ Азија. Дебитираше во натпреваpот со Обединети Арапски Емирати, потоа во ноември против фудбалскиот тим на БСК. Иако тој самиот ја презеде вината за првиот примен гол, тренерот Јоаким Лев одби да го обвини него и го пофали за посветеноста. Смртта на голманот Роберт Енке во ноември 2009 го ставија на второ место пред Рене Адлер. Но, поради сериозната повреда на реброто, Ноер беше ставен во почетната позиција пред Тим Визе и Ханс Јорг Бут во светското првенство во Јужна Африка.

Додека се играа групите тој прими само еден гол и тоа од Јовановиќ во натпреварот против Србија. Тој му помога на Мирослав Клозе во голот против Англија, победувајќи со 4:1. Ноер играл во сите натпревари, освен во натпреварот за трето место, против Уругвај, кога стаpтната позиција му била дадена на Ханс Јорг Бут.

Европско првенство 2012 уреди

Нојер ги одиграл сите натпревари во квалификациите на Европското првенство 2012, во кои Германија остварила десет можни победи од десет натпревари. Тој особено се истакнал во победата на Германија против Турција со 3:1, кога успеал прецизно да ја фати топката од далечина и веднаш ја фрлил на половината на противникот до Томас Милер, којшто веднаш ја префлил топката до Марио Гомес, а тој го постигал првиот гол за Германија. Подоцна, Ноер повторно имал прецизен шут длабоко во противничкиот дел, до Марио Гомес.

Титули уреди

Клупски уреди

  Шалке 04 уреди

  Бајерн Минхен уреди

Репрезентативни уреди

Личен живот уреди

Нојер е роден во Гелзенкирхен, Северна Рајна-Вестфалија. Тој го заврши Бергер Фелд Гезамтшуле (Gesamtschule Berger Feld), како и многу други познати фудбалери како што е Месут Езил. Неговиот брат Марсел е фудбалски судија во Фудбалската лига за Асоцијации. Првата фудбалска топка ја добил кога имал само две години, првиот натпревар бил на 3 март 1991 година, 24 дена пред неговиот петти роденден. Идолот на Ноер како дете бил колегата од Германската репрезентација и поранешен голман на Шалке, Јенс Леман.

Ноер има основано добротворна организација за деца по име „Фондација за деца на Мануел Ноер“ (Manuel Neuer Kids Foundation). Во ноември 2011 година, тој освоил 500.000 евра на германската верзија на Кој сака да биде милионер?. Во 2013 година, Ноер го позајмил гласот на Франк Мекеј во анимираниот филмУниверзитет за чудовишта“.

Надворешни врски уреди