ФК Динамо Москва

Динамо е руски фудбалски клуб, основан во 1923 година. Своите домакински натпревари ги игра на Стадион Динамо во Москва. Динамо е еден од најпопуларните тимови во Русија.

Динамо
logo
Целосно имеФК Динамо Москва
Основан1923
СтадионСтадион Динамо
(Капацитет: 36,540)
СопственикVTB Bank
ПретседателРусија Јури Исаев
МенаџерРусија Сергеј Силкин
ЛигаРусија Руска Премиер лига
2018/1912 место
Домашни бои
Гостински бои

Динамо е основан на 18 април 1923 година. Првиот тренер на тимот бил Фјодор Чулков. За прв капитен на Динамо бил избран Василиј Житарев. Во 1936 и 1937 тимот станал шампион на СССР.

Динамо е првиот советски тим кој играл против западни тимови. Динамо завршил заедно со ФК Челзи 3: 3, го декласирал ФК Кардиф Сити со 10:1 и завршил 2:2 со ФК Глазгов Ренџерс. Динамо бил 5 пати шампион на СССР во 50-тите години. Во 60-тите години на 20 век тимот бил во криза. Во 1972 Динамо го постигнал најголемиот успех во целата историја-финалето на КПК. На финалето тие биле поразени од Глазгов Ренџерс со 3:2. За последен пат Динамо станал шампион на СССР во 1976 година.

Најголемиот успех на тимот во шампионатот на Русија е второ место во 1994 година. Во 1995 го освоил Купот на земјата, откако во финалето го победил Ротор од Волгоград. Во 2008 биле трети во шампионатот на Русија. Во сезоната 2010 Динамо се преселил на Арена Химки, бидејќи стадионот им е во реконструкција. Тимот е засилен со Андреј Воронин и Кевин Курани, но не успева да се пласира на евротурнирите.

СоставУреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Антон Шунин
2   ОД Владимир Кисенков
3   ОД Борис Ротенберг
5   ОД Александар Епурјану
6   ОД Леонардо Фернандес
7   СР Андреј Карјака
8   СР Ѕвездан Мисимовиќ
9   НП Александар Кокорин
10   НП Андреј Воронин (captain)
13   ОД Владимир Гранат
14   СР Артур Јусупов
Бр. Позиција Играч
18   СР Томислав Дујмовиќ
19   СР Александар Самедов
20   СР Адријан Ропотан
21   СР Игор Семшов
22   НП Кевин Курани
23   СР Лук Вилкшир
25   ОД Денис Колодин
27   НП Фјодор Смолов
30   ГМ Владимир Габулов
32   ОД Марко Ломиќ
41   СР Александар Сапета