ФК Сент Етјен
АС Сент Етјен Лоар (честопати се нарекува АС Сент Етјен или скратено АССЕ) е француски фудбалски клуб со седиште во градот Сент Етјен, Оверњ-Рона-Алпи. Клубот е основан во 1933 година и моментално игра во Лига 1, највисоката дивизија на францускиот фудбал.
Сент Етјен | |||
---|---|---|---|
Целосно име | АС Сент Етјен Лоар | ||
Држава | Франција | ||
Прекар | Sainté (Светци), Les Verts (Зелени) | ||
Основан | 1933 | ||
Стадион | Стад Жофроа-Гишар Сент Етјен, Франција | ||
Капацитет | 41,965 | ||
Сопственик | Cesse Foot (44%) France Croissance Foot (44%) Association ASSE (12%) | ||
Претседател | Бернар Кајасо | ||
Тренер | Клод Пуел | ||
Лига | Лига 1 | ||
2019–20 | Лига 1, 17-ти | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Сен-Етјен има освоено рекордни десет титули во Лига 1, како и шест титули во Купот на Франција, една титула во Лига купот и пет Суперкупа на Франција. Исто така клубот го има освоено и Лига 2 првенството - втората лига по ранг во Франција - во три наврати. Најголемиот дел од своите успеси Сент Етјен ги остварил во 1960-тите и 1970-тите години, кога клубот го воделе тренери како Жан Снела, Алберт Бате и Робер Ербен.
Сент Етјен ги игра своите домашни натпревари на стадионот Стад Жофроа-Гишар. Најчесто играат во зелени дресови и бели шорцеви, а поради тоа имаат прекар Les Verts (зелените). Главен соперник на клубот е Олимпик Лион, со кого го играат дербито Рона-Алпи.
Титули
уреди- Лига 1 : 10 (рекорд)
- Победник: 1956–1957, 1963–1964, 1966–1967, 1967–1968, 1968–1969, 1969–1970, 1973–1974, 1974–1975, 1975–1976, 1980–1981
- Лига 2 : 3
- Победник: 1962–1963, 1998–1999, 2003–2004
- Куп на Франција : 6
- Победник: 1961–1962, 1967–1968, 1969–1970, 1973–1974, 1974–1975, 1976–1977
- Победник: 2012–2013
- Победник: 1957, 1962, 1967, 1968, 1969
- Куп Шарл Драго : 2
- Победник: 1955, 1958
Надворешни врски
уреди„ФК Сент Етјен“ на Ризницата ? |
- Матична страница (француски)