Хиспанија
Хиспанија (лат. Hispania) е име кое Римјаните го користиле за наименување на Пиринејскиот Полуостров. Римското освојување на полуостровот траело вкупно два века. Освојувањето на полуостровот било исполнето со крвави битки. По освојувањето на Хиспанија од страна на Римското Царство, процесот на романизација на тамошните народи се одвивало без поголеми проблеми. Рим продонел од една страна многу за развивањето на полуостровот.
Терминот Хиспанија произлегува од латинскиот јазик, а поимот Иберија од грчкиот јазик. Термините шпански, ибериски и хиспански не треба да се употребуваат на пример еден наместо друг, бидејќи секој од овие термини има различна конотација ододреден временски период од историјата. Во римско време бил употребуван терминот Хиспанија. За првпат се споменува во околу 200 п.н.е. во текстовите на песната Квинта Енија, додека во исто време во грчките текстови се користи поимот Иберија.
Исто така, се знае дека Фенекија и Картагена полуостровот го нарекувале Спан или Спанија, кое во превод значи нешто скриено или тајно.
Војната со Картагина
уредиПо Првата пунска војна (264п.н.е. — 241 п.н.е.), Картагина и Рим го поделиле полуостровот, а како граница служела реката Ибер. Повторен спор настанал околу градот Сагунтум, кој бил римски сојузник. Картагина го нападнала градот, а кое Рим се повикал на договорот и барал Картагинците да се повлечат. Денеска, сепак сѐ уште не е доволно докажано која всушност била реката Ибер. Се смета дека таа е денешната река Ебро. Во тој случај, градот Сагунтум би се наоѓал длабоко на територијата на Картагина. Но постои и теза според која реката Ибер е името на денешната река Хукар, според кое градот се наоѓал во внатрешноста на Римската држава. Римјаните сепак не пуштиле војска кон градот, кој пак бил освоен од страна на Ханибал. Ова била наводна причина за почеток на Втората пунска војна.
На почетокот, војната се одвивала на три места: во Италија, кајшто Ханибал неколкупати ги победил Римските легии, во Хиспанија кајшто брат му на Ханибал, Хасдрубал Барцид, ги бранел Картагинските колонијални градови со променлив успех, сè додека конечно не се повлекол кон Италија, и во Сицилија, кајшто Римјаните оствариле воена превласт. Додека се бореле со Ханибал во Италија, Хиспанија и Сицилија, Римјаните воделе и војна против Македонија. Подоцна, војната со Картагина продолжила во Африка, кајшто Картагина била поразена во Битката кај Зама од Сципион Африканецот. Крајот на војната го означил и крајот на Картагинското царство - нејзината моќ била ограничена само на градот Картагина.
Кантабриски војни
уредиВо времето на првиот римски цар Октавијан Август (27 п.н.е. — 19 п.н.е.), Римското Царство била принудена да води борби против кантабриските и астурските племиња, кои оперирале на просторот на денешна Северна Шпанија. Самиот император учествувал во војните кои траеле десет години. По освојувањето на овие простори, културата на овие племиња била помешена со римската и таа исчезнала. Крајот на оваа војна довел до конечно освојување на Пиринејскиот Полуостров од страна на Рим.
Романизација на Хиспанија
уредиПроцесот на романизација започнал уште со победата на Римјаните над Картагина во Втората пунска војна. Еден од најзначајните моменти на процесот на романизација на Хиспанија се случил во времето на царот Веспазијан, кој доделил граѓанско право на хиспанските градови во 74 година, овозможувајќи им да добијат статус на римска општина. Тој статус им овозможил на Трајан и неговиот наследник Адријан, кои биле родени во Хиспанија, да станат римски цареви.
Територијална подела
уредиПрва поделба 197. п.н.е.
- - Хиспанија Цитериор
- - Хиспанија Ултериор
- - Бетика
- - Лузитанија
- - Тараконенсис
Каракалина поделба 216.г. н.е.
- - Бетика
- - Лузитанија
- - Тараконенсис
- - Галеција
Диоклецијанова поделба из 285. г. н.е.
- - Бетика
- - Лузитанија
- - Тараконенсис
- - Галеција
- - Картагиниенсис
Нешто подоцна, Диоклецијан направил уште две провинции:
- - Инсуле Балеарес
- - Мавретанија Тингитана
Градови, инститиции и инфраструктура
уредиСо доаѓањето на римјаните на Пиринејскиот Полуостров, тие главно се населувале или во постоечките градови или основале нови. Новите градови на почетокот се основале главно за сместување на римската војска или истите биле награда за ветераните на кои им било доделувано земја по крајот на својата воинствена кариера. Подоцна, градовите се основале за римските службеници и доселениците од империјата, кои главно се населувале покрај долината на реката Ебро и Гвадалкивира.
Едни од најпознатите градови кои биле создадени во тоа време се:
- Таракон (лат. Tarraco), денешна Тарагона, кој бил основан во 218 п.н.е.
- Италика (лат. Italica), град во провинцијата Севиља, кој бил основан во 206 п.н.е.
- Емерита Августа (лат. Emerita Augusta), денешна Мерида, која била основана во 25 п.н.е.
Изградбата на инфраструктурата одиграла важна улога во романизацијата на Хиспанија. Патишта, канали, мостови, канализација, системи за наводнување само го подобрувале начинот на животот на полуостровот. Овие градби биле во голем степен прифатени од страна на тамошното население.
Јазикот исто така одиграл голема улога за романизација на Хиспанија. Латински јазик|Латинскиот јазик се проширил низ скоро цела Хиспанија. Тој најбрзо бил прифаќан во големите градови. Северните градови главно ја зачувале својата автономија на јазикот.