Лоара

најдолга река во Франција
47°16′09″N 2°11′09″W / 47.26917° СГШ; 2.18583° ЗГД / 47.26917; -2.18583

Лоара (француски: Loire) — најдолга река во Франција. Извира меѓу вулканските врвови на Севените, на југоисточниот раб на Централниот Масив. Нејзиниот извор е оддалечен само 160 км од Средоземното Море и утоката на Рона. Почнувајќи го својот тек а север, по должината на повеќе разделени вдлабнатини во рамките на масивот, Лоара потоа кривули низ централна Франција по должината на плитка долина со стрмни падини. Реката свртува кон запад во близина на градот Орлеан, минувајќи покрај градовите Тур и Анже. Под градот Нант, Лоара се проширува во естуар и кај Сен Назер се влева во Бискајскиот Залив. Текот на оваа река е многу неправилен, а делови од средниот тек, со препреки од повеќе песочни ади, во текот на летото пресушуваат. Наесен и напролет обилните врнежи дожд предизвикуваат поплави, што особено важи за долниот тек на реката.

Лоара
реката Лоара
Земја Франција
Притоки
 - леви Алије, Шер, Ендр, Вијен, Севр Нантез
 - десни Мен
Извор Централен Масив
 - место Сент-Елали, Ардеш
 - височина 1.408 м
 - координати 44°49′48″N 4°13′20″E / 44.83000° СГШ; 4.22222° ИГД / 44.83000; 4.22222
Утока Атлантски Океан
 - местоположба Сент Назер, Атлантска Лоара
 - височина м
 - координати 47°16′09″N 2°11′09″W / 47.26917° СГШ; 2.18583° ЗГД / 47.26917; -2.18583
Должина 1.012 км
Слив 117.000 км2
Истек во Монжан сур Лоара
 - просечен 835,3 м3 [1]
 - максимален 4.150 м3
 - минимален 60 м3
Мапа на Франција, на која се гледа течението на реката Лоара
Мапа на Франција, на која се гледа течението на реката Лоара
Мапа на Франција, на која се гледа течението на реката Лоара

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Loire River at Montjean“. River Discharge Database. Center for Sustainability and the Global Environment. 2010-02-13. Посетено на 2011-06-30.