Готски јазик
Готски јазик — мртов источногермански јазик што бил зборуван од Готите. Најмногу е познат од кодексот Аргенетеус, копија на преводот на Библијата од IV век. Другите помали јазици на оваа група како што се бургунскиот и вандалскиот јазик се познати само по личните имиња. Јазикот е индоевропски но нема денешен потомок. Најстарите документи на готски датираат од IV век. Со надоаѓањето на Франките, масивна асимилација од латините јазикот почнал да исчезнува. Јазикот опстоил само до VIII век но само на територијата на Шпанија и Португалија. Според некои записи е утврдено дека јазикот бил зборуван и на територијата на долен Дунав и на Крим. Јазикот е мошне интересен за проучување на јазичарите.
Готски | |
---|---|
Застапен во | Дакија, Панонија, Италија, Нарбонска Галија, Аквитанска Галија, Хиспанија, Крим. |
Изумрен | изумрен до VIII-IX век |
Јазично семејство | |
Дијалекти | |
Писмо | готска азбука |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | got |
ISO 639-3 | got |
Linguasphere | 52-ADA |
Историја
уредиЗачувани се само неколку документи готски јазик – недоволно за целосна реконструкција на јазикот. Повеќето готски извори се преводи или глоси од други јазици (имено, грчки), така што странските лингвистички елементи секако влијаеле врз текстовите. Примарните извори се следниве:
- Најголемиот корпус на преживеана документација се состои од различни кодекси, повеќето од 6 век, кои претставуваат копии на преводот на Библијата направен од аријанскиот епископ Вулфила (311–382), водач на заедница на визиготски христијани во римската провинција Мезија (денешна Србија, Бугарија/Романија). Тој нарачал превод на грчката Библија, од кој сочувани се приближно три четвртини од Новиот завет и некои фрафменти од Стар завет.
Фонологија
уредиСамогласки
уредимонофтонзи |
дифтонзи |
Согласки
уредиУснени | Забни | Венечни | Предно- непчени |
Задно- непчени |
Уснено- заднонеп. |
Грклени | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Избувни | p /p/ | b /b/ | t /t/ | d /d/ | ?ddj /ɟː/ | k /k/ | g /ɡ/ | q /kʷ/ | gw /ɡʷ/ | ||||
Струјни | f /ɸ, f/ | b [β] | þ /θ/ | d [ð] | s /s/ | z /z/ | g, h [x] | g [ɣ] | ƕ /ʍ/ | h /h/ | |||
Приближни | j /j/ | w /w/ | |||||||||||
Носни | m /m/ | n /n/ | g, n [ŋ] | ||||||||||
Странични | l /l/ | ||||||||||||
Трепетни | r /r/ |
Наводи
уреди- ↑ Kinder, Hermann (1988), Penguin Atlas of World History, I, London: Penguin, стр. 108, ISBN 0-14-051054-0.
- ↑ „Languages of the World: Germanic languages“. The New Encyclopædia Britannica. Chicago, IL, United States: Encyclopædia Britannica, Inc. 1993. ISBN 0-85229-571-5.
Библиографија
уреди- Wilhelm Streitberg, Gotisches Elementarbuch, Heidelberg, 1920
- В. В. Євченко, Готська мова, Житомир, 2002