Карлос Вела
Карлос Алберто Вела Гаридо (роден 1 март 1989 во Канкун, Кинтана Ро) — мексикански фудбалер, напаѓач кој моментално игра за Арсенал во Англиската премиер лига.
Карлос Вела | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Карлос Алберто Вела Гаридо | ||
Роден на | 1 март 1989 | ||
Роден во | Мексико | ||
Висина | 1.78[1] | ||
Позиција | напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Реал Сосиедад | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
2002–2005 | Guadalajara | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005–2012 | ФК Арсенал | 35 | (12) |
2006–2007 | → ФК Саламанка (loan) | 32 | (8) |
2007–2008 | → ФК Осасуна (loan) | 33 | (3) |
2011 | → ФК Вест Бромбич Албион (loan) | 8 | (2) |
2011–2012 | → ФК Реал Сосиедад (loan) | 37 | (12) |
2012- | ФК Реал Сосиедад | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2005 | Mexico U17 | 8 | (5) |
2007 | Mexico U20 | 8 | (0) |
2007– | Mexico | 35 | (9) |
* Ажурирано на: 15 May 2012 ** Ажурирано на: 30 November 2011 |
Животопис
уредиБританскиот таблоид The Sun го опиша Вела како еден од 20 млади играчи на кои треба да се внимава во 2008,[2] Карлос Вела е помладиот брат на Алехандро Вела, кој игра за Круз Азул во мексиканската прва лига. Кариерата на Вела започна во Гуадалахара, покрај својот брат. Иако немаше настап за првиот тим на Гуадалахара, неговата голема шанса дојде на Светското Првенство за играчи до 17 години, кога настапи за Мексико. Вела и помогна на мексиканската репрезентација да го освои СП за играчи до 17 години во 2005 против други талентирани тимови, како Бразил. Неговиот талент особено беше важен против Бразил, во победата од 3:0 во финалето. На крајот на СП 2005 во Перу, Вела беше прогласен за најдобар стрелец на турнирот со пет гола и ја освои Златната Копачка на Адидас.
По светското првенство, Хорхе Вергера, сопственик и претседател на Чевас де Гуадалахара, му понуди договор, и, бидејќи фамилијата на Вела во тоа време живееше во Канкун, град кој неаодамна беше погоден од ураган, Карлос како услов за потпишување побара клубот да му помогне на неговото семејство да се пресели. Тој и претходно имаше покажано голема поврзаност со неговиот татко, чиј роденден се падна на истиот ден кога Мексико го совлада Бразил во финалето на СП, кога му го однесе пехарот и му го „подари“, и му ја посвети својата златна копачка за роденденот.[3]
Клупска кариера
уредиПо изведбата на Светското Првенство, на кое ја освои златната копачка и го одведе Мексико до титула, Вела привлече интерес од неколку европски клубови. На крајот Арсенал беа успешни и го купија од Чивас во ноември 2005 за 125000 фунти, кои ќе се зголемат на 550000 фунти кога ќе одигра 50 натпревари во првиот тим.[4] Карлос со Арсенал потпиша петгодишен договор. Сепак, поради британските ограничувања за работна дозвола за личности кои не се граѓани на Европската Унија, тој не беше во можност да игра во Англија. Поради тоа, набрзина беше испратен на заем во Селта де Виго во февруари 2006.[5]
Саламанка
уредиВела потоа беше даден на заем во Саламанка, во шпанската втора лига, за сезоната 2006–07.[6] Откако го заврши заемот во Саламанка, каде постигна осум, и асистираше за многу од нивните 53 голови,[7] поголеми клубови, од првата лига, како Леванте, Осасуна и Алмериа покажаа интерес да го добијат на заем од Арсенал, каде што сè уште не можеше да игра бидејќи упте немаше добиено работна дозвола.[8]
Осасуна
уредиЗа сезоната 2007–08, бил постигнат едногодишен договор за заем со опција да се продолжи за уште една година.[9][10][11] На 31 октомври 2007 го постигна својот прв гол за Осасуна, на натпревар против Реал Бетис, изведба која му донесе фалби од шпанските медиуми.[се бара извор]
Назад во Арсенал
уредиНа 22 мај 2008, Вела најпосле доби работна дозвола со која можеше да игра во Англија. Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер потврди дека Карлос Вела ќе биде поврзан со првиот тим во сезоната која доаѓа и дека според него Вела е напаѓач сличен на Едуардо.[12] Во Арсенал го доби бројот 12.
Натпреварувачкото деби за Арсенал му беше на 30 август 2008 на натпреварот од Премиер Лигата против Њукасл Јунајтед, кога влезе како замена на местото на Робин ван Перси во 63 минута. Арсенал победи на тој натпревар со 3:0. На неговиот прв целосен натпревар на 23 септември 2008 против Шефилд Јунајтед во Карлинг Купот, Вела постигна хет-трик во победата од 6:0 со голови во 44, 50 и 87 минута. Натпреварот беше значаен и поради фактот што тогаш настапи најмладиот тим во историјата на Арсенал, со просечна возраст од 19 години.
Репрезентативна кариера
уредиДебито за Мексико, Вела го имаше на пријателскиот натпревар во септември 2007 против Бразил. На 18 октомври 2007, тој го постигна првиот сениорски гол за Мексико, на пријателскиот натпревар против Гватемала кој се играше во Лос Анџелес. На 7 февруари 2008 беше стартер на пријателскиот натпревар против ОАД кој заврши 2:2, во второто полувреме беше заменет од Џовани дос Сантос. На 8 јуни 2008, Вела го постигна својот втор гол за Мексико на пријателскиот натпревар против Перу, во 20 минута со што му помогна на Мексико во победата од 4:0. На следниот натпревар за Мексико, квалификациски натпревар против Белиз, го постигна првиот гол на натпреварот. ВО вториот натпревар против Белиз повторно го постигна првиот гол, натпреварот заврши 7:0 во корист на Мексико.
Репрезентативни голови
уреди# | Датум | Стадион | Противник | Гол | Конечен резултат | Натпреварување |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 18 октомври 2007 | Лос Анџелес, ОАД | Гватемала | 1:1 | 2:3 | Пријателски |
2. | 8 јуни 2008 | Чикаго, ОАД | Перу | 3:0 | 4:0 | Пријателски |
3. | 15 јуни 2008 | Хјустон, ОАД | Белиз | 1:0 | 2:0 | Квалификации за Светското Првенство 2010 |
4. | 21 јуни 2008 | Монтереј, Мексико | Белиз | 2:0 | 7:0 | Квалификации за Светското Првенство 2010 |
Клупска статистика
уреди- (заклучно со 11 ноември 2008)[13]
Клуб | Сезона | Лига | Куп | Европа | Вкупно | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Настапи | Голови | Асист. | Настапи | Голови | Асист. | Настапи | Голови | Асист. | Настапи | Голови | Асист. | ||
Саламанка (заем) | Шпанска прва лига 2006–07 | 31 | 8 | 15 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 32 | 8 | 15 |
Осасуна(заем) | Шпанска прва лига 2007–08 | 33 | 3 | 4 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 33 | 3 | 4 |
Арсенал ФК | Премиер Лига 2008–09 | 4 | 0 | 0 | 2 | 4 | 2 | 4 | 0 | 0 | 10 | 4 | 2 |
Вкупно во кариера | 68 | 11 | 19 | 3 | 4 | 2 | 4 | 0 | 0 | 75 | 15 | 21 |
Почести
уредиРепрезентативни
уреди- Светско Првенство за играчи до 17 години: 2005
- Златна Копачка за играчи до 17 години: 2005
Клуб
уреди- Турнир Амстердам 2008
Белешки
уреди- ↑ „Carlos Vela Profile“. Архивирано од изворникот на 2010-08-05. Посетено на 2012-07-21.
- ↑ Ones to watch in 2008: Football wonderkids Архивирано на 22 јануари 2009 г., The Sun, 28 декември 2007
- ↑ „Ramirez: "I didn't expect such a resounding victory"“. FIFA. 2005-10-03. Архивирано од изворникот на 2008-07-25. Посетено на 2008-07-03.
I dedicate my goal tonight, and the trophy, to my father, because it's his birthday this evening.
Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ Jonathan Northcroft (2008-09-28). „Arsene Wenger's generation game“. The Sunday Times. Архивирано од изворникот на 2020-01-26. Посетено на 2008-09-28. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Vela poised for European stage, Fifa.com, via the Wayback Machine, 27 април 2006
- ↑ (шпански) El mexicano Carlos Vela, a un paso de llegar cedido al Salamanca, Diario Marca, 5 август 2006
- ↑ Darren Lewis (2007-07-13). „Jolly good Vela“. The Mirror. Архивирано од изворникот на 2008-07-26. Посетено на 2007-07-20.
…setting up around half of their 53 goals last season and scoring eight in 31 appearances himself.
Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ Graeme Bailey (2007-07-18). „Gunners duo linked with loans“. Sky Sports. Посетено на 2007-07-20. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска] - ↑ (шпански) Carlos Vela will play for Osasuna Архивирано на 22 август 2009 г.
- ↑ Jonathan Symcox (2007-07-20). „Premiership — Wenger denies Anelka interest“. Eurosport. Посетено на 2007-07-22. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Francisco Acedo (2007-07-21). „Arsenal starlet to join Osasuna“. Sky Sports. Посетено на 2007-07-22. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска] - ↑ „Mexican striker Vela granted a work permit“. Arsenal.com. 2008-05-22. Архивирано од изворникот на 2008-05-26. Посетено на 2008-05-22. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Statistics“. Soccernet. Архивирано од изворникот на 2008-12-08. Посетено на 2008-10-01.
Надворешни врски
уреди- Статистика за Карлос Вела
- Профил Архивирано на 24 август 2010 г. на Arsenal.com
- Профил на FootballDatabase.com
- Профил Архивирано на 8 декември 2008 г. на Goal.com