Теему Пуки
Теему Пуки (роден на 29 март 1990 година во Котка) — фински фудбалер, напаѓач на Норич Сити и на финската репрезентација.
Теему Пуки | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 29 март 1990 | ||
Роден во | Котка, Финска | ||
Држава | Финска | ||
Висина | м | 1,91||
Позиција | напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Норич Сити | ||
Број | 22 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2006-2008 | КооТееПее | 29 | (3) |
2008-2010 | Севиља | 1 | (0) |
2008-2010 | Севиља Атлетико | 17 | (3) |
2010-2011 | ХЈК Хелсинки | 25 | (13) |
2011-2013 | Шалке 04 | 37 | (8) |
2013-2015 | Селтик | 26 | (7) |
2015-2018 | Брондби | 130 | (55) |
2018- | Норич Сити | 120 | (66) |
Репрезентација ‡ | |||
2005 | Финска 15 | 4 | (4) |
2006 | Финска 16 | 13 | (7) |
2006-2007 | Финска 17 | 12 | (5) |
2007-2008 | Финска 18 | 18 | (5) |
2009 | Финска 19 | 3 | (2) |
2007-2011 | Финска 21 | 23 | (6) |
2009- | Финска | 90 | (30) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Пуки ја започнал кариерата во екипата на КооТееПее, за која дебитирал уште во 2005 година, на возраст од само 15 години во натпревар од Купот на Финска.[1] Во јануари 2008 година, тој се преселил во шпанската Севиља, но таму немал премногу можности да игра и по само еден одигран натпревар во шпанското првенство се вратил во татковината каде играл за ХЈК Хелсинки. Со оваа екипа, тој го освоил финското првенство во 2010 година и бил дел од тимот што го освои првенство и купот на неговата земја во 2011 година. Во август 2011 година, Пуки се преселил во Шалке 04, Германија, за рекордна сума која ја заработил некој фински клуб од 1,3 милиони евра. Но не можејќи да се избори за поголема минутажа во Гелзенкирхен, во летото 2013 година тој заминал во Селтик, каде го освоил шкотското првенство, а една година подоцна му се приклучил на данскиот Брондби. Во Брондби поминал четири сезони, а најголемиот успех го постигнал со освојувањето на Купот на Данска во неговата последна сезона во клубот. Во 2018 година, Пуки потпишал за англискиот Норич Сити, кому веќе во првата своја сезона му помогнал да избори промоција во Премиер лигата, откако го водел клубот до титулата во Чемпионшип со 29 постигнати гола.
За финската репрезентација дебитирал во февруари 2009 година, во пријателски натпревар против Јапонија. Досега за својата земја има 90 настапи и 30 голови, и е втор стрелец во историјата на репрезентацијата со само три гола помалку од Јари Литманен.
Технички одлики
уредиТој е центарфор со големо чувство за постигнување голови.[2] Меѓу најголемите негови квалитети се движењето без топка,[2] способноста да се уфрла зад противничката одбрана,[2] способноста да ја задржи топката и да изврши пресинг врз противниците.[2] Исто така, е многу ладнокрвен при изведувањето на ударите од белата точка.[2][3]
Клупска кариера
уредиКооТееПее
уредиПуки ја започнал својата кариера во КооТееПее, екипа од неговиот роден град Котка. Своето деби како професионален фудбалер го имал на 23 јуни 2005 година, на возраст од само 15 години во натпревар од Купот на Финска.[1] На почетокот од следната сезона, под водството на Јане Хипонен тој дебитирал и во првенството на Финска, влегувајќи во 88-мата минута од натпреварот КооТееПее-ХЈК Хелсинки 2-1. Пуки запишал пет настапи во неговата прва сезона, сите влегувајќи од клупата за резерви.
Во мај 2007 година, тој го продолжил својот договор со клубот до 2009 година. Во сезоната 2007, тој одиграл 24 првенствени натпревари и го постигнал својот прв првенствен погодок на 3 мај 2007 година, во победата со 1-0 на гостувањето кај Викингит, со што станал првиот стрелец на гол во историјата на Вејкауслигата роден во 90-тите години на минатиот век.[4] Само шест дена подоцна, тој додал уште два гола во победата со 3-0 над Оулу, завршувајќи ја сезоната со вкупно 3 гола на својата сметка.[5]
Севиља и Севиља Атлетико
уредиВо јануари 2008 година, Пуки потпишал договор на три и пол години со шпанската Севиља. Откако по доаѓањето најпрво играл за јуниорите, за сезоната 2008-2009, тој бил промовиран во Севиља Атлетико, вториот тим на андалусијците, кој се натпреварувал во Сегунда Дивисион - второто ниво на Шпанија. Дебитирал во Сегунда Дивисион на 4 октомври 2008 година, во натпреварот Севиља Атлетико-Реал Сосиедад;[6] започнувајќи го натпреварот во почетната постава, Пуки го постигнал единствениот гол на натпреварот, со кој и обезбедил прва победа на Севиља Атлетико за сезоната. Тој постигнал уште два гола во Сегунда во месец ноември, и како награда за добрата форма бил повикан во првиот тим за натпреварот против Реал Мадрид на почетокот на декември. Иако во тој натпревар не влегол во игра, своето деби за првиот тим на Севиља во Примера Дивисион го направил само околу месец дена подоцна, на 25 јануари 2009, кога влегол од клупата за резерви на местото на Ивица Драгутиновиќ во поразот на домашен терен од Расинг Сантандер. Така, тој станал вториот финец по Јари Литманен кој играл во најсилната шпанска лига. Остатокот од сезоната поминал во знакот на повредата на скочниот зглоб, со која се здобил во март 2009 година, и која го извадила од акција за шест недели.
Во сезоната 2009-2010, Севиља Атлетико играла во Сегунда Дивисион Б, откако претрпеле испаѓање од второто ниво во претходната сезона. Втората сезона во Б тимот на Севиља била тешка за младиот фински напаѓач, кој особено по смената на тренерот во февруари 2010 година и доаѓањето на Рамон Техада, се поретко се наоѓал дури и на клупата за резерви. Вкупно, Пуки одиграл 16 натпревари во текот на сезоната, од кои само четири во почетниот состав. По напорната сезона, Пуки објавил дека повеќе не сака да остане во Севиља, иако имал договор и за следната сезона.
ХЈК Хелсинки
уредиПуки се вратил во Финска во август 2010 година, потпишувајќи три и пол годишен договор со ХЈК Хелсинки.[7] Дебитирал на 30 август во натпревар против Мариехам, додека својот прв гол го постигнал веќе во следниот натпревар против Јаро. За време на сезоната 2010, Пуки одиграл 7 натпревари и постигнал 2 гола во финското првенство помагајќи му на клубот да ја освои титулата. Тој, исто така, играл и во финалето на Купот на Финска, влегувајќи како замена на полувремето, но таму неговиот тим останал без пехарот откако бил поразен од ТПС со 0-2.
За време на сезоната 2011 тој постигнал 11 гола и забележал 8 асистенции на 18 првенствени натпревари, со кој бил клучна фигура во составот на ХЈК кој ја одбранил титулата од претходната сезона. Неговите перформанси довеле до тоа да биде избран во Ол-стар тимот на финската лига за 2011 година.[8] Во квалификациите за Лигата на шампионите, тој постигнал два гола во победата со 10-0 над Бангор Сити, пред Хелсинки да биде елиминиран во следната рунда од Динамо Загреб. Така, тие го продолжиле своето европско искуство во Лигата на Европа, каде противник им бил Шалке 04; во првиот натпревар одигран во Финска, Хелсинки победил со 2-0, а Пуки бил стрелец на двата гола.[9] Во реваншот германците славеле со 6-1, а Пуки одново бил стрелец.[10]
Шалке 04
уредиОткако го импресионирал раководството на Шалке 04 во двомечот од Лигата на Европа, на 31 август 2011 германскиот клуб го купил Пуки за сума од 1,3 милиони евра потпишувајќи тригодишен договор со играчот.[11] Своето деби го направил на 18 септември 2011, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Клас-Јан Хунтелар во поразот со 0-2 на домашен терен од Бајерн Минхен.[12] Во својот трет натпревар за Шалке, а воедно и прв кој го започнал во почетната постава, Пуки ги постигнал својте први два гола за тимот од Гелзенкирхен во ремито 2-2 на гостувањето против Хановер.[13] Со тоа, тој станал третиот Финец кој постигнал два гола на еден натпревар во германската Бундеслига, по Ари Хјелм и Паси Раутиаинен.[14] Во сезоната 2011–2012, Пуки одиграл вкупно 19 првенствени натпревари, главно влегувајќи како замена, на кои постигнал пет погодоци. Исто така, одиграл два натпревари без постигнат гол во Купот на Германија, додека од друга страна, во Лигата на Европа не му било дозволено да игра бидејќи го претставувал ХЈК во истото натпреварување.
За време на сезоната 2012–2013, тој многу почесто бил на клупата за резерви отколку на теренот: во првите дванаесет натпревари од Бундеслигата, тој се појавил во игра само еднаш. Во Лигата на шампионите, Пуки дебитирал во натпреварот против Монпелје (2-2) на 3 октомври 2012 година, започнувајќи го натпреварот во почетната постава.[15] Пуки добил малку поголема минутажа кон крајот на есента, но слабите резултати на тимот довеле до промена на тренерот.[16] Така, Хуб Стевенс тренерската клупа му ја препуштил на Јенс Келер, кај кого Пуки редовно играл влегувајќи како замена. Сезоната ја завршил со вкупно 24 настапи во сите натпреварувања и 3 постигнати гола (сите во лигата).
На почетокот на следната сезона, Пуки одиграл два натпревари пред да го напушти клубот кон крајот на август 2013. Својот последен натпревар за Шалке го одиграл на 21 август 2013, во ремито 1-1 на домашен терен против грчкиот ПАОК во квалификациите за Лигата на шампионите. Вкупно за Шалке одиграл 47 натпревари и постигнал 8 голови.
Селтик
уредиНа 31 авгист 2013, Пуки потпишал четиригодишен договор со Селтик, комплетирајќи го својот трансфер од Шалке 04 во Шкотска за необјавена сума.[17] Тој успеал да се впише во листата на стрелците уште на своето деби во победата со 3-1 на гостувањето кај Хартс на 14 септември 2013 година. Една недела подоцна, тој постигнал гол и на своето деби пред домашната публика во победата со 2-1 над Сент Џонстон.[18] На 14 декември, со својот трет гол за сезоната му донел победа на Селтик на домашен терен против Хибернијан со 1-0. Генерално, првата сезона на Пуки во Селтик се сметала за разочарување бидејќи се тој се мачел со формата и не успеа да ја пополни празнината што ја оставил Гари Хупер кој замина на почетокот на сезоната.[19][20] Самиот Пуки подоцна го признал недостатокот на влијание што го оставил, признавајќи дека првично чувствувал дека играњето во Шкотска ќе биде „полесно“ отколку во Германија.[21] Тој сметал дека брзината и физичката сила во играта во Шкотска е тешко да се прилагодат и изјавил: "Шкотскиот фудбал не е лесен. Тоа, воопшто не е слаба лига".[21] Сепак, на 26 март 2014, со Селтик ја освоил титулата во Премиер лигата на Шкотска, за која придонесол со 26 настапи и 7 гола.[22][23] Тој забележал 5 настапи и во Лигата на шампионите, каде Селтик играле во група со поранешните европски шампиони Барселона, Милан и Ајакс.
Брондби
уредиВо септември 2014 година, Пуки му се придружил на неговиот сонародник Лукаш Храдецки во редовите на данскиот клуб Брондби. Договорот бил на заем до крајот на сезоната, но вклучувал и опција Брондби трајно да го откупи играчот.[24] Пуки за прв пат играл во Суперлигата на Данска на 14 септември 2014 година во натпреварот Брондби - Рандерс (0-2).[25] Првиот гол во данската лига Пуки го постигнал на 28 септември на гостувањето против Есбјерг, кога го довел својот тим во водство од 0-1, во натпревар што завршил 2-2.[26] Тој веднаш го зазел своето место во почетниот состав на Брондби и по своето деби ги одиграл сите 27 натпревари во почетната постава. Тој бил најдобар стрелец на тимот со 9 гола, што бил негов личен рекорд на постигнати првенствени голови за некој странски клуб во текот на една сезона.[27][28]
Во јуни 2015 година, Брондби објавил дека ќе ја искористи опцијата за откуп вклучена во договорот за заем на Пуки, потпишувајќи тригодишен договор со финскиот напаѓач. Клубовите не ја обелодениле сумата на трансферот, но според извештаите во медиумите, Брондби платил помалку од милион евра.[29][30] Сезоната 2015-2016 за данскиот клуб и Пуки започнала со квалификациите за Лига Европа. Пуки постигнал 3 гола во првите три квалификациски кола, но во плејоф рундата Брондби бил елиминирани од грчкиот ПАОК и не успеале да влезат во фазата по групи. Пуки бил клучен играч на Брондби и во данското првенство каде ги одиграл сите 33 првенствени натпревари, постигнувајќи како и во минатата сезона - 9 гола.
Сезоната 2016–2017, била најдобрата за Пуки во неговата дотогашна кариера. Како и во претходната сезона, Брондби повторно играл во квалификациите за Лига Европа. Пуки постигнал три гола во отстранувањето на исландскиот Валур со вкупен резултат 10-1, а во реваншот од третото коло против германската Херта Берлин, тој постигнал хет-трик во победата со 3-1 помагајќи му на Брондби да го поништи дефицитот од првиот натпревар (завршил 1-0 за Херта) и да се пласита во плејоф рундата втора година по ред. Сепак, како и пред 12 месеци, таму жолто-сините биле елиминирани од еден грчки клуб, но овојпат тоа бил Панатинаикос. Во Суперлигата на Данска Пуки одиграл 34 од 36 првенствени натпревари, и постигнал 20 голови, со кои повторно бил најдобар стрелец на Брондби и воедно втор стрелец во лигата, зад Маркус Ингвартсен од Нордсјеланд кој постигнал три повеќе. Тој постигнал три гола и во Купот на Данска, вклучувајќи го и голот во финалето против Копенхаген, кое Брондби го загубиле со 3-1.[31]
Второто место освоено во данското првенство во претходната сезона, му овозможило на Брондби повторно да игра во квалификациите за Лига Европа. Овојпат тие започнале од второто коло, во кое го елиминирале финскиот ВПС (Пуки постигнал гол во првиот натпревар што завршил 2-0 за Брондби), а во следното испаднале од хрватскиот Хајдук Сплит. Во лигата постигнал 11 гола на 26 натпревари. Во својата последна сезона со клубот, Пуки се простил од Брондби со првиот освоен трофеј со овој клуб, после победата во Купот на Данска во кое жолто-сините биле подобри од Силкеборг со 3-1.
Вкупно во четирите поминати сезони во дресот на Брондби, Пуки одиграл вкупно 164 натпревари и постигнал 72 гола.
Норич Сити
уредиНа 30 јуни 2018, Пуки како слободен играч потпишал тригодишен договор со англискиот Норич Сити, кој во сезоната 2018-2019 се натпреварувал во Чемпионшип, второто ниво на англискиот фудбал.[32] Дебитирал на 4 август, играјќи го целиот натпревар во ремито 2-2 против Бирмингем Сити,[33] а една недела подоцна го постигнал својот прв гол во поразот на домашен терен од Вест Бромвич Албион со 3-4. После не многу ефикасниот почеток, Пуки влегол во форма во ноември постигнувајќи четири гола во првите два натпревари од месецот, а својот 10-ти погодок за сезоната во Чемпионшип го постигнал на 24 ноември 2018, во победата со 4-1 на гостувањето кај Свонзи Сити. На 10 февруари 2018, со двата гола против Ипсвич Таун во победата со 3-0, Пуки стигнал до бројката од 20 гола во лигата за сезоната 2018-2019, изедначувајќи го рекордот по бројот на постигнати голови од фински фудбалер во оваа лига поставен од поранешниот играч на Ипсвич, Шефки Кучи, во сезоната 2004-2005. Само три дена подоцна, со голот против Престон Норт Енд, тој го надминал Кучи станувајќи првиот финец кој постигнал 21 гол во Чемпионшип.[34] Својот 29-ти и последен гол за сезоната, го постигнал во победата со 2-1 на гостувањето кај Астон Вила, во последното коло.
Завршувајќи ја сезоната со 29 голови, Пуки бил најдобар стрелец во Чемпионшип за сезоната и исто така бил избран за Играч на сезоната во Чемпионшип.[35] Веќе во првата своја сезона во Норфолк, тој му помогнал на Норич да ја освои титулата во второто ниво на англискиот фудбал и да избори промоција во Премиер лигата, враќајќи се таму после тригодишно отсуство.
На 3 јули 2019, Пуки потпишал нов тригодишен договор со Норич.[36] Пуки дебитирал во Премиер лигата на 9 август 2019, во поразот со 4-1 од Ливерпул на Анфилд, во кој го постигнал единствениот гол за Норич.[37] Осум дена подоцна, во второто коло од сезоната тој постигнал хет-трик против Њукасл Јунајтед во победата со 3-1, станувајќи само вториот финец по Микаел Форсел кој успеал да постигне хет-трик во Премиер лигата и првиот играч на Норич Сити кој го сторил тоа во еден натпревар од Премиер лигата уште од Ефан Екоку против Евертон во септември 1993.[38][39] Сезоната ја завршил со 38 настапи (36 во лигата и 2 во ФА Купот) и 11 голови, но последниот гол за сезоната го постигнал уште во јануари 2020, во поразот со 1-2 од Тотенхем на Кароу Роуд. На крајот од сезоната, Норич испаднал од лигата и се вратил во Чемпионшип, завршувајќи на последното место.[40][41]
Во сезоната 2020-2021, Пуки постигнал 26 гола за канаринците помагајќи им експресно да се вратат во елитата. На 14 март 2021, со својот 21 гол за сезоната, Пуки станал најбрзиот играч кој стигнал до бројката од 50 гола во Чемпионшип, во историјата на оваа лига. За тоа му биле потребни само 75 натпревари надминувајќи го претходниот рекорд кој го држеле Двајт Гејл и Шон Гоутер.
Репрезентативна кариера
уредиПуки ја претставувал својата Финска, во сите младински селекции од под 15 години до под 21 година. Со репрезентацијата под 21 година, тој учествувал на Европското првенство под 21 година во 2009 година.
Своето деби за сениорската репрезентација на Финска го направил на 4 февруари 2009, кога селекторот Стјуарт Бакстер го искористил како замена во пријателскиот натпревар против Јапонија во Токио.[42][43] Својот прв погодок во дресот со националниот грб го постигнал после повеќе од три години од своето деби, на 26 мај 2013, во победата со 3-2 во пријателски натпревар против Турција.
Во квалификациите за Европското првенство 2020, Пуки постигнал 10 гола за Финска, помагајќи и на својата земја за првпат во својата историја да се пласира на едно големо натпреварување.
Моментално тој е шести по бројот на настапи (90), а втор по бројот на постигнати голови (30) за финската репрезентација.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 20 мај 2021.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2006 | КооТееПее | ВЛ | 5 | 0 | КФ+ЛКФ | 0+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 5 | 0 |
2007 | ВЛ | 24 | 3 | КФ+ЛКФ | 0+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 24 | 3 | |
Вкупно КооТееПее | 29 | 3 | 0 | 0 | - | - | - | - | 29 | 3 | |||||
2008-2009 | Севиља Атлетико | СД | 17 | 3 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 17 | 3 |
2009-2010 | СДБ | 16 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 16 | 0 | |
Вкупно Севиља Атлетико | 33 | 3 | 33 | 3 | |||||||||||
2008-2009 | Севиља | ПД | 1 | 0 | КШ | 0 | 0 | КУ | 0 | 0 | - | - | - | 1 | 0 |
2010 | ХЈК Хелсинки | ВЛ | 7 | 2 | КФ+ЛКФ | 1+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 8 | 2 |
2011 | ВЛ | 18 | 11 | КФ+ЛКФ | 0+6 | 1 | ЛШ+ЛЕ | 4[44]+2[45] | 2+3 | - | - | - | 30 | 17 | |
Вкупно ХЈК Хелсинки | 25 | 13 | 7 | 1 | 6 | 5 | - | - | 38 | 19 | |||||
2011-2012 | Шалке 04 | БЛ | 19 | 5 | КГ | 2 | 0 | ЛЕ | 0 | 0 | СГ | 0 | 0 | 21 | 5 |
2012-2013 | БЛ | 17 | 3 | КГ | 2 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | - | - | - | 24 | 3 | |
авг. 2013 | БЛ | 1 | 0 | КГ | 0 | 0 | ЛШ | 1[45] | 0 | - | - | - | 2 | 0 | |
Вкупно Шалке 04 | 37 | 8 | 4 | 0 | 6 | 0 | - | - | 47 | 8 | |||||
2013-2014 | Селтик | ПШ | 25 | 7 | КШ+ЛКШ | 1+1 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | - | - | - | 32 | 7 |
авг. 2014 | ПШ | 1 | 0 | КШ+ЛКШ | 0 | 0 | ЛШ | 4[44] | 2 | - | - | - | 5 | 2 | |
Вкупно Селтик | 26 | 7 | 2 | 0 | 9 | 2 | - | - | 37 | 9 | |||||
2014-2015 | Брондби | СЛ | 27 | 9 | КД | 3 | 2 | ЛЕ | 0 | 0 | - | - | - | 30 | 11 |
2015-2016 | СЛ | 33 | 9 | КД | 3 | 1 | ЛЕ | 8[44] | 3 | - | - | - | 44 | 13 | |
2016-2017 | СЛ | 34 | 20 | КД | 4 | 3 | ЛЕ | 8[44] | 6 | - | - | - | 46 | 29 | |
2017-2018 | СЛ | 36 | 17 | КД | 5 | 1 | ЛЕ | 3[44] | 1 | - | - | - | 44 | 19 | |
Вкупно | 130 | 55 | 15 | 7 | 19 | 10 | - | - | 164 | 72 | |||||
2018-2019 | Норич Сити | ФЛЧ | 43 | 29 | ФАКуп+ЛК | 1+2 | 0+1 | - | - | - | - | - | - | 46 | 30 |
2019-2020 | ПЛ | 36 | 11 | ФАКуп+ЛК | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 11 | |
2020-2021 | ФЛЧ | 41 | 26 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 42 | 26 | |
Вкупно Норич Сити | 120 | 66 | 6 | 1 | - | - | - | - | 126 | 67 | |||||
Вкупно во кариерата | 401 | 155 | 33 | 9 | 40 | 17 | 0 | 0 | 474 | 181 |
Титули
уредиКлупски
уредиХЈК Хелсинки
уреди- Вејкауслига : 2
- 2010, 2011
- Куп на Финска : 1
- 2011
Селтик
уреди- 2013-2014
Брондби
уреди- Куп на Данска : 1
- 2017-2018
Норич Сити
уреди- 2018-2019, 2020-2021
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Vuoden jutut: Ensimmäinen miesten peli“ [Stories of the Year: The first men's game] (фински). Helsingin Sanomat. 20 September 2019. Посетено на 1 February 2020.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Jorginho warns Italy: 'Complete striker' Pukki is Finland's most important player“. Tribuna.com. Посетено на 8 september 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)[мртва врска] - ↑ Rej (19 август 2019). „Evasive movement, sharp link-up play and efficient finishing - analysing Norwich City star Teemu Pukki“. The Telegraph. Посетено на 8 септември 2019. Занемарен непознатиот параметар
|lingua=
(се препорачува|language=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|name=
(help) - ↑ „Pukki haluaa lisää maaleja“. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на 2021-05-14.
- ↑ „Teemu Pukki tähdistöotteluun“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2021-05-14.
- ↑ „Pukki maalin makuun Espanjassa“. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2021-05-14.
- ↑ „Nyt se on varmaa - Teemu Pukki HJK-paitaan“ (фински). YLE Urheilu. 28 August 2010. Архивирано од изворникот на 2014-12-31. Посетено на 27 December 2014.
- ↑ „Kopla-joukkue 2011 nimetty“ (фински). Veikkausliiga. 29 October 2011. Архивирано од изворникот на 27 December 2014. Посетено на 27 December 2014.
- ↑ „Sensaatio: HJK kaatoi Schalken 2–0!“ (фински). YLE Urheilu. 18 August 2011. Архивирано од изворникот на 30 April 2013. Посетено на 27 December 2014.
- ↑ „Schalke jyräsi HJK:n unelman murusiksi“ (фински). YLE Urheilu. 25 August 2011. Архивирано од изворникот на 29 April 2013. Посетено на 27 December 2014.
- ↑ „Pukki Schalkeen kolmen vuoden pestillä“ (фински). YLE Urheilu. 31 August 2011. Архивирано од изворникот на 17 January 2012. Посетено на 5 August 2012.
- ↑ „Pukki teki debyyttinsä Bayernia vastaan“ (фински). Text " access-date 18.9.2011 " ignored (help); Занемарен непознатиот параметар
|utl=
(help) - ↑ „Pukki täysin pitelemätön - kaksi maalia!“. Занемарен непознатиот параметар
|uel=
(help) - ↑ „Pukki makes Finnish football history“ (фински). suomifutis.com. 6 November 2011. Посетено на 5 August 2012.
- ↑ „Pukki avauksessa, Schalkelle viime hetkillä pettymys“ (фински).
- ↑ „Pukki tilanteestaan: nollataan ja uuteen nousuun“ (фински). Архивирано од изворникот на 2013-01-02. Посетено на 2021-05-15.
- ↑ „Celtic sign Teemu Pukki from Schalke on four-year deal“. BBC Sport. 31 August 2013. Посетено на 1 September 2013.
- ↑ Sutherland, Jonathan. „Celtic 2–1 St Johnstone“. BBC Sport.
- ↑ „Pukki's Celtic career will take off – Paatelainen“. Irish Independent. 7 January 2014. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „Teemu Pukki nets hat-trick as Celtic thrash LASK Linz 5–2 in Austria“. Sky Sports. 8 July 2014. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ 21,0 21,1 Gannon, Michael (8 July 2014). „Celtic striker Teemu Pukki: I thought Scotland would be easy after Schalke.. I was wrong“. Daily Record. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „Celtic crush Partick Thistle to make it three SPL titles in a row“. The Guardian. 26 March 2014. Посетено на 26 March 2014.
- ↑ „Partick Thistle 1 Celtic 5“. The Daily Telegraph. 26 March 2014. Посетено на 26 March 2014.
- ↑ „Teemu Pukki siirtyy Tanskaan!“. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 1.9.2014. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Täysi stadion seurasi Pukin debyyttiä - suuret paineet näkyivät pelissä“ (фински). Посетено на YLE Urheilu 15.9.2014. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Teemu Pukki pudotti apinan selästään: "Tuntui paremmalta"“ (фински). Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на YLE Urheilu 29.9.2014. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Teemu Pukki nimettiin Tanskan liigan kuukauden pelaajaksi“ (фински). Архивирано од изворникот на 2016-05-07. Посетено на Ilta-Sanomat 7.11.2014. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Teemu Pukki paransi kausiennätystään“ (фински). Архивирано од изворникот на 2016-05-07. Посетено на Ilta-Sanomat 25.5.2015. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Kehuja saaneen Teemu Pukin ura jatkuu Tanskassa - "Hän on tuonut hyökkäykseemme paljon laatua"“ (фински). Посетено на YLE Urheilu 19.6.2015. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Brøndby i offensiven: Pukki er på plads“ (фински). Посетено на Tipsbladet 18.6.2015. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Pukin maali ei auttanut: Bröndby hävisi cup-finaalin, FC Kööpenhamina juhlii tuplamestaruutta“ (фински). Посетено на YLE Urheilu 25.5.2017. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Norwich City sign Finland striker Teemu Pukki“. Norwich City F.C. 30 June 2018. Архивирано од изворникот на 20 August 2019. Посетено на 30 June 2018.
- ↑ Freezer, David (4 August 2018). „Birmingham 2 Norwich City 2 – Hernandez the hero as Canaries fight back twice for opening-day draw“. Eastern Daily Press. Посетено на 10 April 2019.
- ↑ Bailey, Michael (10 February 2019). „'It's nice to beat him' – Pukki chuffed to seal his own piece of history over Ipswich favourite“. Посетено на 10 April 2019.
- ↑ „EFL awards: Che Adams, Teemu Pukki & Billy Sharp on Championship shortlist“. BBC Sport. 26 March 2019. Посетено на 28 March 2019.
- ↑ „Norwich City: Teemu Pukki signs new contract“. BBC Sport. 3 July 2019. Посетено на 29 August 2019.
- ↑ „Liverpool 4–1 Norwich: Newly promoted side overwhelmed at Anfield“. BBC Sport. 9 August 2019. Посетено на 10 August 2019.
- ↑ „3 – Teemu Pukki is the first player to score a @premierleague hat-trick for Norwich City since Efan Ekoku against Everton in September 1993. Magic.pic.twitter.com/G1BEHe6qBx“. 17 August 2019.
- ↑ MacInnes, Paul (17 August 2019). „Norwich brush aside Newcastle thanks to Teemu Pukki hat-trick“. The Observer (англиски). ISSN 0029-7712. Посетено на 17 August 2019.
- ↑ Doyle, Tom (26 July 2020). „Premier League top scorers: Jamie Vardy wins the Golden Boot“. www.standard.co.uk (англиски). Посетено на 7 April 2021.
- ↑ Young, Alex (27 July 2020). „How the Premier League table looks after the 2019–20 season ends“. www.standard.co.uk (англиски). Посетено на 7 April 2021.
- ↑ „Football: Japan thrash Finland 5–1 in international friendly“. channelnewsasia.com. 4 February 2009. Архивирано од изворникот на 2012-10-18. Посетено на 5 August 2012.
- ↑ „Suomelle selkäsauna Tokiossa“ (фински). YLE Urheilu. 4 February 2009. Посетено на 25 January 2015.
- ↑ 44,0 44,1 44,2 44,3 44,4 Nei turni preliminari.
- ↑ 45,0 45,1 Во плејофот.