Среден Исток[б 1] — прекуконтинентален регион кој се простира околу западна Азија, (и азискиот и европскиот дел) и Египет (кој е претежно во Северна Африка). Терминот дојде во поширока употреба како замена на терминот Близок Исток (во контраст на Далечниот Исток) на почетокот од 20 век.

Среден Исток
Middle East
Местоположбата на Средниот Исток
Површина7,207,575 km2 (2,782,860 ми)
Популација371 милион (2010)[1]
Земји
Часовни појасиUTC+2:00, UTC+3:00, UTC+3:30, UTC+4:00, UTC+4:30
Најголеми градови{{ublist|class=nowrap |Египет Каиро |Иран Техеран |
Карта на Средниот Исток помеѓу Африка, Европа и Средна Азија.
Карта на Средниот Исток според кепеновата климатска класификација.

Арапите, Турците, Персијците, Курдите, и Азерите (со исклучок на Азербејџан) ги сочинуваат најголемите етнички групи во регионот според населението.[2] Малцинства во Средниот Исток се Евреите, Белуџите, Грците, Асирците и други Арамејци, Берберите, Черкезите (вклучувајќи ги Карбадијанците), Коптите, Друзејците, Лурсите, Мандејанците, Самарите, Шабаките, Татите и Зазите. Во Средниот Исток исто така постои и ромска заедница. Европски етнички групи кои формале дијаспора во регионот се Албанците, Бошњаците, Кримските Татари, Франко-Левантијците и Итало-Левантијците. Меѓу другото мигрантско население се и Бенгалите како и други Индијанци, Кинези, Филипинци, Индонезијци, Пакистанци и потсахарски Африканци.

Историјата на Средниот Исток датира од древните времиња, со (геополитичката) важност на регионот призната со милениуми.[3][4][5] Неколку големи религии потекнуваат од Блискиот Исток, вклучувајќи ги и јудаизмот, христијанството и исламот; бахаизмот, мандејството и бројни други системи на веривања кои биле исто така воспоставени во рамките на регионот.

Средниот Исток генерално има жешка, суви клима, со неколку поголеми реки кои обезбедуваат наводнување за поддршка на земјоделството во ограничени области како што се Нил Делта во Египет, подрачјата на Тигар и Еуфрат во Месопотамија и повеќето од она што е познато како Плодна Полумесечина.

Повеќето земји кои граничат со Персискиот Залив имаат огромни резерви на сурова нафта, од која монарсите на Арапскиот Полуостров имале особено голема корист од економски аспект.

Терминологија

уреди

Терминот „Среден Исток“ можно е да потекнува од 1850-тите од британската индиска канцеларија.[6] Сепак, терминот стана попознат кога американскиот поморски стратег Алфред Тајер Махан го употребил во 1902 година[7] за "назначување на областа помеѓу Арабија и Индија".[8][9] Во ова време британската и руската империја се бореле за влијание во Средна Азија, во соперништво што ќе стане познато како Големата Игра. Махан го реализирал не само стратешкото значење на регионот, но исто така, значењето на неговиот центар, Персискиот Залив.[10][11] Тој ја етикетирал областа околу Персискиот Залив како Среден Исток, и рече дека по египетскиот Суецки Канал, тој е најважниот премин кој Велика Британија мора да го контролира со цел да ги задржи Русите од напредувањето кон Британска Индија.[12] Махан за првпат го употребил терминот во неговата статија "Персискиот Залив и меѓународните односи", објавена во септември 1902 година во Националниот Преглед, британски весник.

Статијата на Махан беше препечатена во Тајмс и по неа во октомври следеше серија на 20 статии под наслов "За прашањето на Средниот Исток" напишана од страна на Сер Игнациус Валентајн Чирол. Во текот на оваа серија, Сер Игнациус ја проширил дефиницијата на Средниот Исток да ги вклучи и "оние региони на Азија кои се распространуваат до границите на Индија или командувале со пристапи до Индија."[13] По завршувањето насеријата во 1903 година, Тајмс ги отстрани наводниците од следните употреби на терминот.[13]

До втората светска војна, вообичаено при однесување на областите центрирани околу Турција и источниот брег на Медитеранот се користеше терминот "Близок Исток", додека "Далечниот Исток" бил центриран на Кина,[14] и Средниот Исток, тогаш го означуваше делот од Месопотамија до Бурма, имено, просторот меѓу Блискиот Исток и Далечниот Исток. Кон крајот на 1930-тите, Британија ја основа Блискоисточната Команда, која била со седиште во Каиро, за своите воени сили во регионот. По тоа време, терминот "Среден Исток" се здоби со широка употреба во Европа и САД, со што Блискоисточниот Институт бил основан во Вашингтон во 1946 година, меѓу другите употреби.[15]

Критика и употреба

уреди

Описот Среден има исто така доведено до извесна конфузија во однос на промените на дефинициите. Пред првата светска војна, "Близок Исток" се користише во англискиот јазик за означување на Балканот и на Отоманското Царство, додека "Среден Исток" се однесуваше на Иран, Кавказ, Авганистан, Средна Азија и Туркестан. Спротивно на тоа, "Далечниот Исток" се однесуваше на земјите на Источна Азија (на пример Кина, Јапонија, Кореја итн.)

Со исчезнувањето на Отоманското Царство во 1918 година, "Близок Исток" во голема мера падна од честата употреба на англиски јазик, додека "Среден Исток" почна да се применува за новите земји на Исламскиот свет. Сепак, употребата на "Близок Исток" беше задржана од страна на различни академски дисциплини, вклучувајќи ги и археологија и античката историја, каде што тој ја опишува областа идентична со поимот на Близок Исток, кој не се користи од страна на овие дисциплини.

Првата официјална употреба на терминот "Среден Исток" од страна на САД беше во 1957 година во Ајзенхауерската Доктрина, која се однесуваше на Суецката криза. Државниот секретар Џон Фостер Далес го дефинирал Средниот Исток како "област која лежи помеѓу и ги вклучува Либија на запад и Пакистан на исток, Сирија и Ирак на Север и Арапскиот полуостров на југ, плус Судан и Етиопија." Во 1958 година, Државниот Департмент објасни дека "Среден Исток" и "Близок Исток" се синоними и ги опфаќаат Египет, Сирија, Израел, Либан, Јордан, Ирак, Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин и Катар.[16]

Според Асошиетед Прес терминот Близок Исток порано се однесуваше на најдалечните западни земји, додека Среден Исток се однесува на источните, но дека сега тие се синоними. Тој поучува:

Користете го терминот Среден Исток, освен ако Близок Исток се користи од извор во приказна. Терминот Средисток исто така е прифатлив, но Среден Исток е најпосакуван.[17]

Терминот Среден Исток исто така беше критикуван како евроцентричен ("врз основа на британската западна перцепција") од страна на Ханафи (1998).[18]

Преводи

уреди

Постојат термини слични на Близок Исток и Среден Исток во другите европски јазици, но бидејќи тоа е релативен опис, значењата зависат од земјата и се различни од англиските поими генерално. Во германскиот јазик терминот Naher Osten (Близок Исток) сè уште е во општа употреба (во денешно време поимот Mittlerer Osten е сè повеќе и повеќе чест во текстовите преведени од англиски извори, иако има посебна смисла) и рускиот Ближний Восток, бугарскиот Близкия Изток, полскиот Bliski Wschód и хрватскиот Bliski istok остануваат посоодветни за регионот. Сепак, некои јазици имаат еквиваленти за "Среден Исток", како што се францускиот Moyen-Orient, шведскиот Mellanöstern, шпанскиот Oriente Medio или Medio Oriente и италијанскиот Medio Oriente.[б 2]

Можеби поради влијанието на западните медиуми, арапскиот еквивалент за Среден Исток (арапски: الشرق الأوسط аш-Шарк ал-Асват), стана стандарден во арапските мејнстрим весници, со исто значење како и терминот "Среден Исток" во Северна Америка и западна Европа. Назначувањето Маштекод арапскиот корен за Исток, исто така го означува различно дефинираниот регионот околу целиот Левант, источниот дел на арапскиот свет (спротивно на Магреб, западниот дел).[19] Иако терминот потекнува од Западот, освен арапскиот, другите јазици во земјите од Средниот Исток исто така го користат неговиот превод. Персискиот еквивалент за Среден Исток е خاورمیانه (Khāvar-e miyāneh), на хебрејски е המזרח התיכון (hamizrach hatikhon) и на турски јазик е Orta Doğu.

Територии и региони

уреди

Територии и региони обично во рамките на Средниот Исток

уреди

Земјите традиционално вклучени во рамките на Средниот Исток се Иран (Персија), Мала Азија, Месопотамија, Левант, Арапскиот Полуостров и Египет.

Други дефиниции на Средниот Исток

уреди

Различни концепции често се поврзани со Средниот Исток, особено Блискиот Исток, Плодната Полумесечина и Левантот. Близок Исток, Левант и Плодна Полумесечина се географски поими кои се однесуваат на големи делови од модерно-дефинираниот Среден Исток, со што терминот Близок Исток е најблиску до Средниот Исток во неговата географска смисла.

Земјите од Јужен Кавказ—Ерменија, Азербејџан и Грузија—повремено се вклучени во дефинициите на Средниот Исток.[20]

Поголемиот Среден Исток беше политички термин измислен од страна на втората Бушова администрација во првата деценија на 21-от век за означување на различни земји кои се дел од Муслиманскиот свет, посебно Иран, Турција, Авганистан и Пакистан.[21] Различни земји од Средна Азија понекогаш се исто така вклучени.[22]

Историја

уреди
 
Ѕидот на плачот и Златната купола во Ерусалим
 
Каба во Мека, Саудиска Арабија

Средниот Исток се наоѓа измеѓу Евроазија и Африка и и Средоземното Море и Индискиот Океан. Тоа е родното место и духовниот центар на религиите како што се Христијанството, Исламот, Јудаизмот, Манихејството, Језидизмот, Друзеизмот и Мандејството, и во Иран Митраизмот, Зороастризмот, Манихејството и Бахаизмот. Во текот на својата историја Средниот Исток бил главен центар во однос на светските прашања; стратешки, економски, политички, културно и религиозно чувствителна област.

Најраните светски цивилизации, Месопотамија (Сумер, Акад, Асирија и Вавилон) и Древен Египет, настанале во Плодната Полумесечина и долината на Нил во регионите на античкиот Среден Исток. Овие биле проследени со Хетитските, Грчките и Урартиските цивилизации на Мала Азија, Елам во пред-иранска Персија, како и цивилизациите на Левантот (како што се Ебла, Угарит, Ханан, Арамеја, Феникија и Израел), персиските и медијанските цивилизации во Иран, Северна Африка (Картагина/Феникија) и на Арапскиот Полуостров (Маган, Сава, Убар). Средниот Исток за првпат бил во голема мера обединет под Неоаскирската Империја, потоа Ахеменидското Царство проследена од страна на Македонската Империја и по ова, до одреден степен од страна на Иранските империи (имено Партијанската и Сасанидското Царство), Римското Царство и Византија. Сепак, во времето на Арапските Калифати на Средниот Век, или Исламската Златна Доба всушонст започна арапското освојување на регионот во 7 век од н.е., што претставува првото обединување на целиот Среден Исток како посебен регион и создавање на доминантен исламски етнички идентитет, кој во најголема мера (но не исклучиво) опстојува и денес. Монголците, Царството на Ерменија, Селџуците, Сефевидите, Отоманското Царство и Британската Империја исто така во едно време доминирале во регионот.

Модерниот Среден Исток започна по првата светска војна, кога Отоманското Царство, која била сојузник на Централните сили, беше поразена од страна на Британската Империја и нејзините сојузници и притоа била поделена на голем број посебни нации, првично под британски и француски мандати. Други дефинирачки настани при оваа трансформација вклучувале воспоставување на Израел во 1948 година и евентуалното заминување на европските сили, особено Велика Британија и Франција при крајот на 1960-тите. Тие биле заменети во одредена мера од зголеменото влијание на САД од 1970-тите па наваму.

Во 20-от век, значителните резерви на сурова нафта на регионот му дале нова стратешка и економска важност. Масовното производство на нафта започна околу 1945 година во Саудиска Арабија, Иран, Кувајт, Ирак и Обединетите Арапски Емирати кои ја имаат во големи количини.[23] Се проценува дека резервите, особено во Саудиска Арабија и Иран, се некои од наголемите во светот, поради и што меѓународниот картел ОПЕК е доминиран од страна на земји од Средниот Исток.

За време на Студената Војна, Средниот Исток беше театар на идеолошката борба меѓу двете велесили и нивните сојузници: НАТО и САД од една страна, и Советскиот Сојуз и Варшавскиот пакт на другата, додека тие се натпреварувале да извршат влијае врз регионалните сојузници. Освен политичките причини имало исто така и "идеолошки конфликт" меѓу двата системи. Покрај тоа, Луис Фацет тврди, една од важните причини за раздорот, или можеби поточно за анксиозноста, биле првично желбите на велесилите да добијат стратешка предност во регионот, и второ фактот што регионот содржил околу две третини од светските резерви на нафта во контекст каде што нафтата добивала се повитално значење за економијата на западниот свет [...][24] Во рамките на оваа контекстуална рамка, САД се обиде да го пренасочи арапскиот свет од советското влијание. Во текот на 20-от и 21-от век, регионот имал периоди на релативен мир и толеранција и периоди на конфликт, особено меѓу Сунитите и Шиитите.

Демографија

уреди

Етнички групи

уреди

Арапите претставуваат најголема етничка група во Средниот Исток, проследени со туркиските народи. Домородни етнички групи на регионот - во прилог на Арапите - се Евреите, Арамејците, Асирците, Белуџите, Берберите, Коптите, Друзеите, Курдите, Лурсите, Мандејците, Персијците, Самарите, Шабаките, Татите и Зазите.

Миграција

уреди

"Миграцијата секогаш била важен отвор за притисоците на пазарот на трудот на Средниот Исток. Во периодот помеѓу 1970-тите и 1990-тите, арапските држави особено претставувале богат извор на вработувања за работниците од Египет, Јемен и земјите од Левантот, додека Европа привлече млади работници од Северна Африка поради близината и наследството од колонијалните врски помеѓу Франција и поголемиот дел од Северно-Африканските држави." [25] Според Меѓународната организација за миграција, постојат 13 милиони првогенерациски мигранти од арапските нации во светот, од кои 5.8 живеат во други арапски земји. Иселеници од арапските земји придонесуваат за циркулација на финансиски и на човечки капитал во регионот и на тој начин значително се промовира регионалниот развој. Во 2009 година арапските земји примиле вкупно 35.1 милијарди долари во римеси од кои тие испратени до Јордан, Египет и Либан од други арапски земји се околу 40-190% повисоки од трговските приходи меѓу овие и другите арапски земји.[26] Во Сомалија, Сомалиската граѓанската војна во голема мера ја зголеми сомалиската дијаспората, со што многу од најдобро образованите Сомали ја напуштиле за Европа, Северна Америка и други земји од Средниот Исток.

Неарапските земји на Средниот Исток, како што се Турција, Израел и Иран се исто така предмет на важна миграциска динамика.

Голем процент на оние кои мигрираат од арапските нации се од етничките и верските малцинства кои се соочуваат со расен или верски прогон и не се нужно етнички Арапи, Иранци или Турци. Голем број на Курди, Евреи, Асирци, Грци и Ерменци, како и многу Мандејци ги напуштиле нациите како што се Ирак, Иран, Сирија и Турција поради овие причини во текот на изминатиот век. Во Иран, многу религиозни малцинства како Христијаните, Бахаистите и Зороастријците заминале после Исламската револуција од 1979 година.

Религии

уреди
 
Исламот е најголемата религија во Средниот Исток.

Средниот Исток е доста разновиден кога станува збор за религиите, многу од кои поттекнуваат од овој регион. Исламот е најголемата религија во Средниот Исток, но постојат и други вери кои од тука потекнуваат, како што се Јудаизмот и Христијанството кои се исто така добро застапени. Христијаните се 40.5% од Либан, каде либанскиот претседател, половина од кабинетот и половина од парламентот следат една од различните либански христијански обреди. Исто така, постојат важни малцински религии како Бахаизмот, Јарсанизмот, Језидизмот, Зороастријанизмот, Мандејството, Друзеизмот и Шабакизмот, и во античките времиња регионот беше дом на месопотамските религии, хананските религии, Манихејството, Митраизмот и разни монотеистички гностички секти.

Јазици

уреди

Петте најголеми јазици во однос на бројот на говорниците се арапски, персиски, турски, курдски и хебрејски. Арапскиот и хебрејскиот се дел од афроазиското јазично семејство. Персискиот и курдскиот припаѓаат на поголемата индоевропска група. Турскиот припаѓа на туркиското јазично семејство. Околу 20 малцински јазици се исто така користат во Средниот Исток.

Арапскиот јазик, со сите негови дијалекти, е најшироко користениот јазик на Средниот Исток, со литератураниот арапски јазик како службен во сите земји на Северна Африка и во повеќето западноазиски земји. Арапските дијалекти исто така се зборуваат во некои соседни неарапски области на Средниот Исток. Тој е член на семитската гранка на афроазиски јазици. Неколку современи јужноарапски јазици како што се Мехри и Сокотри се исто така користат во Јемен и Оман. Друг семитски јазик е арамејскиот и неговите дијалекти кои се зборуваат главно од страна на Асирците и Мандејците. Исто така постои заедница на говорниците на берберски во Египет каде јазикот е исто така познат како Сива. Тој е несемитски афроазиски јазик.

Персискиот е вториот најраспространет јазик. Иако тој првенствено се зборува во Иран и во некои гранични области во соседните земји, оваа област е една од најголемите и најнаселените. Тој припаѓа на индоиранската гранка на семејството на индоевропски јазици. Други западни ирански јазици кои се зборуваат во регионот вклучуваат ахоми, дајлами, курдиски дијалекти, семани, луриски, меѓу многу други.

Третиот најшироко распространет јазик, турскиот јазик, во голема мера е ограничен на Турција, која е исто така една од најголемите и најнаселените земји, но тој исто така е присутен и во области во соседните земји. Тој спаѓа во семејството на туркиските јазици, кои имаат свои корени во Средна Азија. Друг турски јазик, азербејџанскиот, е користен од Азербеџаните во Иран.

Хебрејскиот е еден од двата службени јазици на Израел, другиот е арапскиот јазик. Хебрејскиот се зборува и користи од страна на над 80% од израелското население, другите 20% го користат арапскиот.

Англискиот јазик најчесто се изучува и се користи како втор јазик, особено меѓу средените и повисоките класи во земјите како што се Египет, Јордан, Иран, Курдистан, Ирак, Катар, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт.[27][28] Тој е исто така главен јазик во некои Емирати на Обединетите Арапски Емирати.

Францускиот јазик се изучува и се користи во многу владини установи и медиуми во Либан, и се предава во некои основни и средни училишта во Египет и Сирија. Малтешкиот, семитски јазик кој воглавно се зборува во Европа, исто така се користи од страна на франко-малтешката дијаспора во Египет.

Ерменскиот и грчкиот јазик исто така можат да се најдат во регионот. Грузискиот е зборуван од страна на грузиската дијаспората. Рускиот е користен од голем дел од израелското население, поради емиграцијата во доцните 1990-ти години. Рускиот денес е популарен неофицијален јазик во употреба во Израел; можат да се најдат вести, радио станици и знаци и на руски освен на хебрејски и арапски јазик. Черкескиот исто така е зборуван од страна на дијаспората во регионот, како и од речиси сите Черкези во Израел кои исто така зборуваат еврејски и англиски. Најголемата романско-јазична заедница на Средниот Исток се наоѓа во Израел, каде од 1995 романскиот е зборуван од 5% од населението.[б 3][29][30]

Бенгалски, Хинди и Урду широко се зборуваат од страна на доселенички заедници во многу земји на Средниот Исток, како Саудиска Арабија (каде 20-25% од населението е од Јужна Азија), Обединети Арапски Емирати (каде 50-55% од населението е од Јужна Азија) и Катар, кои имаат голем број на пакистански, бангладешки и индиски имигранти.

Економија

уреди
 
Цевководи на нафта и гас во Средниот Исток

Економиите на Средниот Исток опфаќаат многу сиромашни (како што Газа и Јемен) и екстремно богати нации (како што се Катар и ОАЕ). Според CIA World Factbook од 2007 година сите нации на Средниот Исток одржувале позитивна стапка на раст.

Според базата на податоци на Светската Банка објавени на 1 јули 2009 година, трите најголеми економии во Средниот Исток во 2008 година биле припаѓале на Турција ($794,228), Саудиска Арабија ($467,601) и Иран ($385,143) во однос на номиналниот БДП.[31] Во однос на номиналниот БДП по глава на жител, највисоко рангирани земји се Катар ($93,204), ОАЕ ($55,028), Кувајт ($45,920) и Кипар ($32,745).[32] во Турција ($1,028,897), Иран ($839,438) и Саудиска Арабија ($589,531), имаше најголеми економии во однос на БДП (ППП).[33] Во однос на БДП по глава на жител, највисоко рангирани земји се Катар ($86,008), Кувајт ($39,915), ОАЕ ($38,894), Бахреин ($34,662) и Кипар ($29,853). Најниско рангирана земја во Средниот Исток, во однос на просечниот приход по жител (ППП), е палестинската автономна власт на Газа и Западниот брег ($1,100).

Економските структури на нациите на Средниот Исток се различни, во смисла на тоа дека додека некои нации се силно зависни од извозот на само нафта и нафтено-поврзани производи (како што се Саудиска Арабија, ОАЕ и Кувајт), други имаат многу разновидна економска основа (како што се Кипар, Израел, Турција и Египет). Индустриите на Средниот Исток вклучуваат нафта и нафтено-поврзани производи, земјоделство, памук, говеда, млечни производи, текстил, кожни производи, хируршки инструменти, опрема за одбрана (пиштоли, муниција, тенкови, подморници, борбени авиони и проектили). Банкарство е исто така важен сектор за економиите, особено во случајот на ОАЕ и Бахреин.

Со исклучок на Кипар, Турција, Египет, Либан и Израел, туризмот е релативно неразвиена област на економијата, делумно поради социјално конзервативната природа на регионот, како и политичките превирања во одредени региони на Средниот Исток. Во последниве години, сепак, земјите како што се ОАЕ, Бахреин и Јордан почнаа да привлекуват поголем број на туристи поради подобрените туристички капацитети и релаксирањето на рестриктивните политики поврзани со туризмот.

Невработеноста е особено висока во Средниот Исток и Северна Африка, особено меѓу младите луѓе на возраст од 15-29 години, кои демографски претставуваат 30% од вкупното население. Вкупната регионална невработеност во 2005 година според Меѓународната Организација на Труд беше 13.2%,[34] а помеѓу младите дури 25%,[35] 37% во Мароко и 73% во Сирија.[36]

Галерија

уреди

Белешки

уреди
  1. арап. الشرق الأوسط, Ash-Sharq al-Awsaṭ; ерменски: Միջին Արևելք, Miǰin Arevelk’; азерски: Orta Şərq; Central Kurdish: ڕۆژھەڵاتی ناوین, Rojhelatî Nawîn; француски: Moyen-Orient; грузиски: ახლო აღმოსავლეთი, Axlo Aɣmosavleti; грчки: Μέση Ανατολή, Mési Anatolí; хебрејски: המזרח התיכון, Ha'Mizrah Ha'Tihon; персиски: خاورمیانه, Xāvar-Miāne; сомалиски: Bariga Dhexe; турски: Orta Doğu; урду: مشرق وسطی, Maśriq Vosta
  2. На италијански, изразот "Vicino Oriente" (Близок Исток) исто така лесто се користеше за Турција, а Estremo Oriente (Далечен или Екстремен Исток) за цела Азија источно од Средниот Исток
  3. According to the 1993 Statistical Abstract of Israel there were 250,000 Romanian speakers in Israel, at a population of 5,548,523 (census 1995).

Наводи

уреди
  1. Population 1971–2010 (pdf Архивирано на 6 јануари 2012 г. pages 89) IEA (OECD/ World Bank) (original population ref OECD/ World Bank e.g. in IEA Key World Energy Statistics 2010 page 57)
  2. Ethnic Groups of Africa and the Middle East: An Encyclopedia. Архивирано од изворникот на 24 April 2016. Посетено на 26 May 2014.
  3. Cairo, Michael F. The Gulf: The Bush Presidencies and the Middle East University Press of Kentucky, 2012 ISBN 978-0813136721 p xi.
  4. Government Printing Office. History of the Office of the Secretary of Defense: The formative years, 1947–1950 ISBN 978-0160876400 p 177
  5. Kahana, Ephraim. Suwaed, Muhammad. Historical Dictionary of Middle Eastern Intelligence Scarecrow Press, 13 apr. 2009 ISBN 978- 0810863026 p xxxi.
  6. Beaumont, Blake & Wagstaff 1988.
  7. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  8. Lewis, Bernard (1965). The Middle East and the West. стр. 9.
  9. Fromkin, David (1989). A Peace to end all Peace. стр. 224. ISBN 0-8050-0857-8.
  10. Melman, Billie, Companion to Travel Writing, Collections Online, 6 The Middle East/Arabia, Cambridge, Архивирано од изворникот на December 8, 2007, Посетено на January 8, 2006
  11. Palmer, Michael A. Guardians of the Persian Gulf: A History of America's Expanding Role in the Persian Gulf, 1833–1992. New York: The Free Press, 1992. ISBN 0-02-923843-9 pp. 12–13.
  12. Laciner, Dr. Sedat. "Is There a Place Called 'the Middle East'? Архивирано на 6 октомври 2015 г. ", The Journal of Turkish Weekly, June 2, 2006. Retrieved January 10, 2007.
  13. 13,0 13,1 Adelson 1995.
  14. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  15. Held, Colbert C. (2000). Middle East Patterns: Places, Peoples, and Politics. Westview Press. стр. 7. ISBN 0-8133-8221-1.
  16. 'Near East' is Mideast, Washington Explains“. The New York Times. August 14, 1958. Архивирано од изворникот на October 15, 2009. Посетено на 2009-01-25.(бара претплата)
  17. Goldstein, Norm. The Associated Press Stylebook and Briefing on Media Law. New York: Basic Books, 2004. ISBN 0-465-00488-1 p. 156
  18. Hanafi, Hassan. „The Middle East, in whose world? (Primary Reflections)“. Nordic Society for Middle Eastern Studies (The fourth Nordic conference on Middle Eastern Studies: The Middle East in globalizing world Oslo, 13–16 August 1998). Архивирано од изворникот на 8 October 2006. ("unedited paper as given at the Oslo conference. An updated and edited version has been published in Utvik and Vikør, The Middle East in a Globalized World, Bergen/London 2000, 1-9. Please quote or refer only to the published article") "The expression Middle East is an old British label based on a British Western perception of the East divided into middle or near and far". see also Shohat, Ella. „Redrawing American Cartographies of Asia“. City University of New York. Архивирано од изворникот на 2007-03-12. Посетено на 2007-01-12.
  19. Anderson, Ewan W., William Bayne Fisher (2000). The Middle East: Geography and Geopolitics. Routledge. стр. 12–13.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  20. Novikova, Gayane (December 2000). „Armenia and the Middle East“ (PDF). Middle East Review of International Affairs. Архивирано од изворникот (PDF) на 21 August 2014. Посетено на 14 August 2014.
  21. Ottaway, Marina & Carothers, Thomas (2004-03-29), The Greater Middle East Initiative: Off to a False Start Архивирано на 8 јули 2018 г. , Policy Brief, Carnegie Endowment for International Peace, 29, Pages 1–7
  22. Middle East What Is The Middle East And What Countries Are Part Of It? worldatlas.com. Retrieved 16 April 2016.
  23. Goldschmidt (1999), p. 8
  24. Louise, Fawcett. International Relations of the Middle East. (Oxford University Press, New York, 2005)
  25. Hassan, Islam; Dyer, Paul (2017). „The State of Middle Eastern Youth“. The Muslim World. 107 (1): 3–12. Архивирано од изворникот на 2017-04-03.
  26. „IOM Intra regional labour mobility in Arab region Facts and Figures (English)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-04-30. Посетено на 2012-10-31.
  27. „World Factbook – Jordan“. Архивирано од изворникот на 2011-06-29.
  28. „World Factbook – Kuwait“. Архивирано од изворникот на 2014-07-02.
  29. „Reports of about 300,000 Jews that left the country after WW2“. Eurojewcong.org. Архивирано од изворникот на 2010-08-13. Посетено на 2010-07-07.
  30. „Evenimentul Zilei“. Evz.ro. Архивирано од изворникот на 2007-12-24. Посетено на 2010-07-07.
  31. The World Bank: World Economic Indicators Database. GDP (Nominal) 2008. Data for 2008. Last revised on July 1, 2009.
  32. Data refer to 2008. World Economic Outlook Database-October 2009, International Monetary Fund. Retrieved October 1, 2009.
  33. The World Bank: World Economic Indicators Database. GDP (PPP) 2008. Data for 2008. Last revised on July 1, 2009.
  34. „Unemployment Rates Are Highest in the Middle East“. Progressive Policy Institute. August 30, 2006. Архивирано од изворникот на July 14, 2010.
  35. Navtej Dhillon; Tarek Yousef (2007). „Inclusion: Meeting the 100 Million Youth Challenge“. Shabab Inclusion. Архивирано од изворникот на 2008-11-09.
  36. Hilary Silver (December 12, 2007). „Social Exclusion: Comparative Analysis of Europe and Middle East Youth“. Middle East Youth Initiative Working Paper. Shabab Inclusion. Архивирано од изворникот на August 20, 2008.

Надворешни врски

уреди

Дополнителна литература

уреди
  • Adelson, Roger (1995). London and the Invention of the Middle East: Money, Power, and War, 1902–1922. Yale University Press. ISBN 0-300-06094-7.
  • Anderson, R; Seibert, R; Wagner, J. (2006). Politics and Change in the Middle East (8. изд.). Prentice-Hall.
  • Barzilai, Gad; Aharon, Klieman; Gil, Shidlo (1993). The Gulf Crisis and its Global Aftermath. Routledge. ISBN 0-415-080029.
  • Barzilai, Gad (1996). Wars, Internal Conflicts and Political Order. State University of New York Press. ISBN 0-7914-2943-1.
  • Beaumont, Peter; Blake, Gerald H; Wagstaff, J. Malcolm (1988). The Middle East: A Geographical Study. David Fulton. ISBN 0-470-21040-0.
  • Cleveland, William L., and Martin Bunton. A history of the modern Middle East (Westview Press, 2016).
  • Cressey, George B. (1960). Crossroads: Land and Life in Southwest Asia. Chicago, IL: J.B. Lippincott Co. xiv, 593 p., ill. with maps and b&w photos.
  • Freedman, Robert O. (1991). The Middle East from the Iran-Contra Affair to the Intifada, in series, Contemporary Issues in the Middle East. 1st ed. Syracuse, NY: Syracuse University Press. x, 441 p. ISBN 0-8156-2502-2 pbk.
  • Goldschmidt, Arthur Jr (1999). A Concise History of the Middle East. Westview Press. ISBN 0-8133-0471-7.
  • Halpern, Manfred. Politics of Social Change: In the Middle East and North Africa (Princeton University Press, 2015).
  • Ismael, Jacqueline S., Tareq Y. Ismael, and Glenn Perry. Government and politics of the contemporary Middle East: Continuity and change (Routledge, 2015).
  • Lynch, Marc, ed. The Arab Uprisings Explained: New Contentious Politics in the Middle East (Columbia University Press, 2014). p. 352.
  • Palmer, Michael A. (1992). Guardians of the Persian Gulf: A History of America's Expanding Role in the Persian Gulf, 1833–1992. New York: The Free Press. ISBN 0-02-923843-9.
  • Reich, Bernard. Political leaders of the contemporary Middle East and North Africa: a biographical dictionary (Greenwood Publishing Group, 1990).


  Статијата Среден Исток е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.