Организација на земји извознички на нафта

ОПЕК - Организација на земји извознички на нафта и нафтени деривати (англиски: OPEC - Organization of the Petroleum Exporting Countries) е меѓународна организација на земји-извознички на нафта. Од јануари 2020 година во неа членуваат 13 држави.


Организација на земји извознички на нафта
Organization of the Petroleum Exporting Countries
Flag
Местоположба на OPEC
ШтабВиена, Австрија
Службени јазици англиски[1]
Тип Трговски концерн
Членки
Лидери
 •  Генерален секретар Мохамед Баркиндо
Основана
 •  Statute 10 септември-14 1960
делотворно од јануари 1961 
Површина
 •  Вкупна 13,753,061 км2 
Население
 •  проценка за  г. 619,157,014[2] 
 •  Густина 45.02 жит/км2 
Валута Американски долар[3]
Страница
http://www.opec.org/

Историја уреди

Организацијата ОПЕК е основана во Багдад во 1960 година, на иницијатива на Иран, Венецуела и Саудиска Арабија. Покрај нив, како основачи на ОПЕК се водат и Ирак и Кувајт, но веќе следните неколку години им се придружиле и Катар, Индонезија, Обединетите Арапски Емирати и Алжир. Подоцна, во 1970-тите, членки на ОПЕК станале и Нигерија, Еквадор, Габон и неколку други земји. Нејзиното седиште во 1965 година било преместено од Женева во Виена.

По т.н. „октомвриска офанзива“ на арапските земји против Израел од 1973 година, земјите на ОПЕК, поддржани од Сирија и Египет, вовеле ембарго на нафта кон САД и другите западни земји, по што цената на нафтата скокнала неколкукратно. Ембаргото завршило во 1974 година, но ОПЕК внимателно го контролирал производството на нафта, не дозволувајќи поголем пад на цената. Во текот на 1980-тите, иако земјите на ОПЕК, а најмногу Саудиска Арабија, го намалиле производството на нафта, побарувачката и цената започнале да паѓаат, а пазарното учество на ОПЕК значително се намалило на малку повеќе од 30%. Во 1985 година, Саудиска Арабија го достигнала нивото од 30% од производниот потенцијал, но ниту тоа не го спречило паѓањето на цената на нафтата. Тогаш, членките на ОПЕК драстично го зголемиле производството и во 1986 година цената на нафтата паднала на само седум долари за еден барел, враќајќи се на нивото од пред 1973 година.

На почетокот од 21 век, цената на нафтата постојано растела, достигнувајќи го врвот од 143 долари за барел во 2008 година, но по избувнувањето на Глобалната финансиска криза, таа паднала на нивото од 33 американски долари за барел. Благодарение на стопанскиот раст во Кина и во другите земји од Далечниот Исток, за една година цената на нафтата пораснала на 77 долари, а набргу повторно го надминала нивото од 100 долари.[4]

Членки на ОПЕК уреди

Членки на ОПЕК+ уреди

Покрај формалните членки на ОПЕК, 10 дополнителни земји извознички на нафта, предводени од Русија, го формираат картелот ОПЕК+, и од 2016 година соработуваат со ОПЕК во одредувањето на глобалните цени на суровата нафта.

  Русија |   Азербејџан |   Бахреин |   Брунеј |   Казахстан |   Малезија |   Мексико |   Оман |   Јужен Судан |   Судан

Наводи уреди

  1. Chapter I, Article 6 of The Statute of the organization of the Petroleum Exporting Countries (as amended)
  2. According to Wikipedia
  3. The OPEC indexes the price of the Oil barrel in this currency
  4. Мирослав Саздовски, „Нафта: политика на моќ, на пари и на нерви“, Економија и бизнис, година 18, број 213, март 2016, стр. 56-61.

Надворешни врски уреди