Отвори го главното мени
Географски подрегиони (или региони) на светот според ООН.

Регион (од лат. regio - „крај“, „предел“, „област“)[1] — мошне чест поим во полиња како географијата, астрофизиката и сл. што означува некоја територија во целост што содржи свои заемноповрзани делови. Поимот може да означува и територијална единица, од административен, статистички или поинаков карактер.

Содржина

Географски региониУреди

Во географијата, регионите можат да се поделат по нивните физички особености (физичка географија), карактеристики според човековото влијание (човечка географија) и замодејството на човекот со околината (околинска географија). Географските региони и подрегиони обично се непрецизно утврдени според извесни својства и напати менливи граници. Исклучок од ова е човечката географија, каде постојат построги законски одредници како државните граници на земјите.

Покрај глобалните континентални региони на светот, постојат и други видови на физички региони како што се хидросферните и атмосферски региони на океаните, и самостојни клими над копнените и водените маси на планетата. Копнените и водените региони се поделени на подрегиони според географските карактеристики што влијаат на екологијата. Такви се: рамниците и степите, шумовитите масиви, пустините и планинските подрачја.

Постојат региони што се однесуваат конкретно на животинскиот и растителниот свет, но и такви со општествена содржина: така, имаме културни, етнографски, јазични, економски, па сè до плански и статистички региони што служат за полесно собирање и обработка на податоци (на пр. статистички региони во Македонија).

Административни региониУреди

 
Карта на климатски региони (појаси) според Кепеновата класификација на климата

Самиот збор „регион“ е изведен од латинскиот збор regere („владее“). Според тоа поимување, голем број на земји во светот имаат региони како административни единици со значење на области во надлежност на извесна управа или самоуправа.

Административните региони се присутни во следниве земји:

Региони во МакедонијаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „регион“ — Лексикон на македонскиот јазик на офф.нет
  • Bailey, Robert G. (1996) Ecosystem Geography. New York: Springer-Verlag. ISBN 0-387-94586-5
  • Meinig, D.W. (1986). The Shaping of America: A Geographical Perspective on 500 Years of History, Volume 1: Atlantic America, 1492-1800. New Haven: Yale University Press. ISBN 0-300-03548-9

Надворешни врскиУреди