Ахеменидско Царство

првото персиско царство основано од Кир Велики

Ахеменидското Царство (/əˈkiːmənɪd/; 𐎧𐏁𐏂 Xšāça  (староперсиски) "Империјата"[б 2][11] околу 550 — 330 BC), наречено и Прво персиско царство[12] — стара иранска империја седиште во Западна Азија основана од Кир Велики. Протегајќи се во западниот дел од Балканот и Источна Европа, и на исток до долината на Инд, ова била најголемата од било која претходна империја во историјата, која се протегала 5.5 милиони квадратни километри. Вклучувајќи различни народи со различно потекло и вери, позната е по нејзиниот успешен модел на централизирана, бирократска администрација (преку сатрапи под кралот на кралевите), по инфраструктура како што се патиштата и поштенскиот систем, употребата на службен јазик низ нејзините територии, развој на државните служби и голема професионална армија. Успесите на империјата инспирирале слични системи во подоцнежните империи.

Ахеменидска Империја
𐎧𐏁𐏂
Xšāça  (јазик?)
"Империја"[1]
550 п.н.е. — 330 п.н.е.
 


Стандард на Кир Велики[б 1]

Местоположба на Персија
Ахеменидското Царство во неговата најголема експанзија,
за време на владеењето на Дариј I (522 п.н.е. до 486 п.н.е.)
Главен град Вавилон[3] (главна престолнина), Пазаргаде, Екбатана, Суза, Персеполис
Јазици
Вероисповед Зороастризам, Митраизам,[7]:21 Babylonian religion[8]
Уредување Монархија
Крал (xšāyaϑiya)илиКрал на кралевите(xšāyaϑiya xšāyaϑiyānām)
 -  559 — 529 п.н.е. Кир Велики
 -  336 — 330 п.н.е. Дариј III
Историски период Класичен антички период
 -  Основана 550 пр. н. е
 -  Замрела 330 п.н.е.
Валута дарик, сиглос
Минати
Следни
Медијско Царство
Нео-Вавилонска Империја
Лидија
Дваесет и шеста династија на Египет
Гандара
Согдија
Massagetae
Империја на Александар Велики
Дваесет и осма династија на Египет

Ахеменидското Царство во западната историја се памети како антагонист на грчките полиси за време на грчко-персиските војни и поради улогата во еврејските прогони во Вавилон. Историскиот белег на империјата ги надминува нејзините територијални и воени влијанија и вклучува културни, социјални, технолошки и религиозни влијанија. Наспроти трајниот конфликт меѓу двете држави, многу Атињани ги прифатиле ахеменидските обичаи во нивните секојдневни животи во реципрочната културна размена,[13] а многумина работеле или соработувале со персиските кралеви. Влијанието на едиктот на Кир се спомнува во јудео-христијанските текстови, а империјата била инструментална во ширењето на зороастризмот на исток дури до Кина. Империјата исто така го поставила тонот за политиката, наследството и историјата на Иран (познат и како Персија).[14]

Потекло уреди

Терминот Ахеменидска означува потекло „од семејството на Ахемен“ (староперсиски: 𐏃𐎧𐎠𐎶𐎴𐎡𐏁 Haxāmaniš [15] „да се има пријателски ум“).[16] Самиот Ахеман пак бил помал владетел од 7 век п.н.е на Аншан во југозападен Иран и вазал на Асирија.[17] 

Историја уреди

Види: Персија

Ахеменидското Царство го создале номадски Персијци. Името „Персија“ е грчки и латински изговор на зборот што се однесува на земјата на луѓето што потекнувале од Персис (староперсиски: 𐎱𐎠𐎼𐎿, Порса).[18] Персијците биле ирански народ кој пристигнал во денешниот Иран околу 1000 п.н.е. и населил регион, вклучувајќи го северозападен Иран, планините Загрос и Персис, заедно со домородните Еламити. Неколку векови, тие потпаѓале под доминацијата на Новоасирското Царство (911–609 п.н.е.), со седиште во северна Месопотамија. Персијците првично биле номадски сточари во западната иранска висорамнина и од 850 п.н.е. се нарекувале себеси Парса и постојано ја менувале нивната територија во најголем дел локализирана околу Персис.[19] Ахаменидската империјата не била првата иранска империја, бидејќи Медејците, друга група ирански народи, воспоставиле краткотрајна империја и одиграле голема улога во соборувањето на Асирците.[20] 

Ахеменидите првично биле владетели на еламитскиот град Аншан во близина на современиот град Марвдашт.[21][22] Титулата „Крал на Аншан“ била адаптација на претходната еламска титула „Крал на Суза и Аншан“.[23] Постојат спротивставени извештаи за идентитетот на најстарите кралеви на Аншан. Според Цилиндарот на Кир (најстарата генеалогија на Ахеменидите) кралеви на Аншан биле Теисп, Кир I, Камбис I и Кир II, познат и како Кир Велики, кој ја создал империјата[21] (подоцнежниот Бехистунски натпис, напишан од Дариј Велики, тврди дека Теисп бил син на Ахемен и дека Дариј исто така потекнува од Теисп преку различна линија, но во претходните текстови не се спомнува Ахемен[21]). Во Историјата на Херодот, пишува дека Кир Велики бил син на Камбис I и Мандана од Медија, ќерка на Астијаг, крал на Медејското Царство.[21]

Создавање и ширење на царството уреди

 
Карта на процесот на проширување на територијата на Ахеменидите

Кир завојувал против Медејското Царство во 553 година п.н.е., а во 550 година п.н.е успеал да ги победи Медејците, да ги освои Астагеја и да ја заземе престолнината на Медејците, Екбатана[21][24][25] Со контрола во Екбатана, Кир се наметнал како наследник на Астијаг и ја презел контролата врз целата империја.[21] Со наследувањето на империјата на Астијаг, тој ги наследил и територијалните судири што ги имале Медејците како со Лидија така и со Нововавилонското Царство.[21]

Кралот Крез од Лидија се обидел да ја искористи новата состојба и тргнал да освојува територија која претходно било медејска територија, во Мала Азија.[26] Кир извршил противнапад со што ги победил војските на Крез, го заземал Сардис и тоа значело пад на Кралството Лидија во 546 година п.н.е.[б 3][21][23] Кир го поставил Пакти одговорен за собирање данок во Лидија и заминал, но овој наскоро дигнал востание.[27] Кир го испратил медејскиот генерал Мазар да го задуши востанието, и Пакти бил заробен. Мазар, а по неговата смрт, Харпаг, се обидел да ги намали сите градови што учествувале во востанието. Биле потребни околу четири години за Лидија целосно да биде покорена.[21]

 
Во Библијата се вели дека Кир Велики ги ослободил Евреите заробеници во Вавилон и дека го обновил Ерусалим, со што стекнал почесно место во јудаизмот.
 
Гробницата на Кир Велики, основач на Ахеменидското Царство

Кога власта во Екбатана од Медејците преминала во рацете на Персијците, многу поданици на Медејското Царство верувале дека нивната состојба се сменила и дигнале востание против Кир.[28] Ова го принудило Кир да војува против Бактрија и номадските Саки во Средна Азија. За време на овие војни, Кир формирал неколку гарнизонски градови во Средна Азија, вклучувајќи го и Кирополис.

Ништо не се знае за персиско-вавилонските односи помеѓу 547 п.н.е. и 539 п.н.е., но веројатно е дека неколку години имало непријателства меѓу двете царства, што довело до војната од 540-539 п.н.е. и до падот на Вавилон.[21] Во октомври 539 година п.н.е., Кир победил во битка против Вавилонците во Опис, а потоа го заземал Сипар без борба пред конечно да го освои градот Вавилон на 12 октомври, каде што вавилонскиот крал Набонид бил заробен.[23][29] Во Библијата Кир бил пофален за постапките при освојувањето на Вавилон, а Евреите го сметале за Месија.[30] Тој бил заслужен за ослободувањето на народот во Јехуд од прогонството и за реконструкција на поголемиот дел од Ерусалим, вклучително и на Вториот храм.[31]

Во 530 година п.н.е., Кир умрел додека бил на воена експедиција против Масагетите во Средна Азија. Него го наследил неговиот најстар син Камбис II, додека пак неговиот помал син Бардија [б 4] добил голема територија во Средна Азија.[21] До 525 година п.н.е, Камбис успешно ги покорил Феникија и Кипар и се подготвувал да го нападне Египет со новосоздадената персиска морнарица.[34] Големиот фараон Амазис II починал во 526 година п.н.е. и него го наследил Псамтик III, а клучните египетски сојузници се приклучиле на Персијците. Псамтик ја позиционирал својата војска во Пелузиј на делтата на Нил. Тој бил поразен од Персијците во Битката кај Пелузиј пред да избега во Мемфис, каде Персијците го поразиле и го заробиле.[35]

Херодот го прикажал Камбис како отворено антагонистички настроен кон египетскиот народ и нивните богови, култови, храмови и свештеници, особено потенцирајќи го убиството на светиот бик Апис.[36] Тој кажува дека овие постапки го довеле до лудилото што го натерало да го убие неговиот брат Бардија (за кој Херодот вели дека бил убиен во тајност),[37] неговата сопствена сестра-сопруга [38] и Крез од Лидија.[39]

По освојувањето на Египет, Либијците и Грците од Кирена и Барса во Либија му се предале на Камбис без борба.[35] Камбис тогаш испланирал инвазии на Картагина, оазата на Амон и Етиопија.[40] Херодот тврди дека поморската инвазија на Картагина била откажана затоа што Феникијците, кои сочинувале голем дел од флотата на Камбис, одбиле да земат оружје против сопствениот народ[41] но модерните историчари се сомневаат дали инвазија на Картагина некогаш била воопшто планирана. Сепак, Камбис ги посветил своите напори на другите два походи, со цел да ја подобри стратешката позиција на Империјата во Африка со освојување на Кралството Куш и заземање стратешки позиции во западните оази. За таа цел, тој основал гарнизон во Елефантин, кој се состоел главно од еврејски војници, кои останале стационирани во Елефантин во текот на времето на Камбис. Инвазиите на Амон и Етиопија биле неуспех. Херодот тврди дека инвазијата на Етиопија била неуспех заради лудилото на Камбис и недостигот на залихи за неговите луѓе,[42] но археолошките докази сугерираат на тврдина на Втората катаракта на Нил, на границата меѓу Египет и Куш, која останала во употреба во текот на Ахеменидскиот период.[43]

 
Империјата на Ахаменидите околу 500 година п.н.е.

За време на престојот во Египет, Камбис масакрирал Персијци од истакнати семејства, кршел антички гробови, ги исмевал статуите во египетските храмови. Неподготвениот напад врз Етиопија и оазата на Амон, кој завршил со неуспех може да се припише и на ова негово лудило. Наспроти тезата која го објаснува однесувањето на Камбис со лудило, напредна е и хипотезата дека од истото го правел за политички интерес. Според Пјер Бријант, Камбис презел одмазднички мерки против големите семејства кои би се спротивставиле на неговите одлуки[44]. Повикан во Персија заради востание против него, го напуштил Египет во 522 п.н.е, ја повредил ногата во Сирија и починал од гангрена.  

Настаните околу смртта на Камбис и наследството на Бардија се дискутабилни многу затоа што има многу конфликтни извештаи. Според Херодот, бидејќи убиството на Бардија се извршило во тајност, мнозинството Персијци сепак верувале дека тој бил жив. Ктесиас пишува дека кога Камбис го убил Бардија, тој веднаш на негово место го ставил маѓесникот Синдедад за сатрап на Бактрија заради извонредна физичка сличност.[45] Без оглед какви биле точните околности, по смртта на Камбис императорот на Бактрија станал крал. [б 5] Извештајот на Дариј е најстар, и иако подоцнежните историчари се согласуваат околу клучните детали од приказната, дека еден некој маг му го земал престолот на Бардија, оваа приказна можеби била создадена од Дариј за да ја оправда неговата узурпација. Пјер Бријант претпоставува дека Бардија не бил убиен од Камбис, туку чекал до неговата смрт во летото 522 година п.н.е. да го побара своето легитимно право на престолот, бидејќи тој тогаш бил единствениот машки потомок на кралското семејство. Бриант вели дека иако хипотезата за измама на Дариј е општо прифатена денес, „ништо не е утврдено со сигурност во моментот, со оглед на достапните докази“.

Според Бехистунскиот натпис, Гаутама, маг претставен како Смердис (помалиот брат, Бадрија кој веројатно умрел 3 години претходно) владеел седум месеци пред да биде соборен во 522 година п.н.е. од Дариј Велики (Дариј I). Поради деспотизмот на Камбис и неговото долго отсуство во Египет, „сиот народ, Персијците, Медијците и сите други народи“ го признале овој узурпатор како свој крал и сето тоа бидејќи ги олеснил давачките за данок. По смртта на првиот псевдо-Смердис (Гаутама), вториот псевдо-Смердис (именуван Вахијажда) направил пуч. Пучот, иако првично бил успешен, не успеал.[48]

Херодот потоа пишува [49] дека локалните водачи се договориле околу најдобрата форма на управување со империјата. Се согласиле дека олигархијата ќе ги раздели едни против други, а демократијата ќе донесе правило на толпата, што резултирало со харизматичен водач за продолжување на монархијата. Тие избрале нов монарх - Дариј I кој бил братучед на Камбис II и Бардија (Смердис), со тврдење дека Аријарам е негов предок. 

Експанзија на царството уреди

 
Персиската кралица Атоса, ќерка на Кир Велики, сестра-жена на Камбис II, сопруга на Дариј Велики и мајка на Ксеркс I

Потоа, Ахеменидите ги консолидирале областите цврсто под своја контрола. Кир Велики и Дариј Велики биле оние кои со здраво и далекусежно административно планирање, брилијантно воено маневрирање и хуманистички поглед на светот, ја утврдиле големината на Империјата и за помалку од триесет години, ги издигнале Ахеменидите од непознато племе до светска моќ. За време на владеењето на Дариј Велики (Дариј I) бил изграден Персеполис (518-516 п.н.е.) кој служел и како престолнина за неколку генерации на царевите на Ахеменидите. Екбатана (Хагматина „Град на собири“, денешен: Хамадан) во Медеја бил значајно проширен во овој период и служел како летна престолнина. 

Уште од времето кога македонскиот крал Аминта I предал својата земја на Персијците во околу 512-511 година п.н.е, Македонците и Персијците не биле повеќе странци. Покорувањето на Македонија било дел од персиските воени операции започнати од Дариј Велики (521-486) во 513 година - по огромни подготовки - огромна ахемединска војска го нападнала Балканот и се обидела да ги победи европските Скити северно од реката Дунав.[50] Армијата на Дариј покорила неколку тракиски народи и буквално сите други региони што го допираат европскиот дел на Црното Море, како што се делови од денешна Бугарија, Романија, Украина и Русија, пред да се врати во Мала Азија.[50][51] Дариј во Европа оставил еден од неговите команданти по име Мегабаз, чија задача била да го освои Балканот.[50] Персиските трупи ја покориле Тракија богата со злато, крајбрежните грчки градови, воедно поразувајќи и освојувајќи ги моќните Пајонци.[50][52] Најпосле, Мегабаз испратил претставници до Аминта, барајќи прифаќање на персиската доминација, што Македонците го прифатиле. Балканот обезбедил многу војници за мултиетничката армија на Ахеменидите. Многумина меѓу македонската и персиската елита се венчале, како што е персискиот службеник Бубар, кој се оженил со ќерката на Аминта, Гигеја. Семејните врски на македонските владетели Аминта и Александар со Бубар им обезбедувале добри односи со персиските кралеви Дариј и Ксеркс I. Персиската инвазија водела индиректно до пораст на моќта на Македонија а Персија имала некои заеднички интереси на Балканот; со персиска помош, Македонците се здобиле со многу на штета на некои балкански племиња како Пајонците и Грците. Сè на сè, Македонците биле „спремни и корисни персиски сојузници. Македонските војници се бореле против Атина и Спарта во војската на Ксеркс.[50] Персијците како Грците така и Македонците ги нарекувале Јона („Јонци“ бил нивниот термин за „Грци“), а Македонците конкретно како Јона Такабара или „Грци со капи налик на штитови“, веројатно посочувајќи на македонската каусиска капа.[53]  

До 5 век п.н.е., персиските кралеви владееле или имале подредени територии, кои ја опфаќале не само цела персиска висорамнина и сите територии што порано ги имало Асирското Царство (Месопотамија, Левант, Кипар и Египет), туку и цела Анадолија и Ерменија, како и Јужниот Кавказ и делови од Северен Кавказ, Азербејџан, Узбекистан, Таџикистан, цела Бугарија, Пајонија, Тракија и Македонија на север и запад, повеќето од крајбрежните региони на Црното Море, делови од Средна Азија, што се однесува до Аралското Море, на Оксус и Јаксарт на север и североисток, на Хиндукуш и западниот Инд (што одговара на денешните Авганистан и Пакистан ) на далечниот исток, делови од северна Арабија на југ, и делови од северна Либија на југозапад и делови од Оман, Кина и Обединетите Арапски Емирати.[54][55][56][57][58][59]

Грчко-персиски војни уреди

 
Карта што ги прикажува настаните од првите фази од грчко-персиските војни
 
Грчки хоплит и персиски воин прикажани во борба, на антички киликс, 5 век п.н.е.

Јонското востание во 499 година п.н.е., и придружните бунтови во Еолис, Дорис, Кипар и Карија, биле воени бунтови во неколку региони на Мала Азија против персиското владеење, што траело од 499 до 493 година п.н.е. Главната причина за бунтот било незадоволството на грчките градови во Мала Азија од тирани назначени од Персија да владеат со нив, како и постапките на двајцата тирани Хистиај и Аристагора. Во 499 година п.н.е., тогашниот тиранин на Милет, Аристагора, започнал заеднички поход со персискиот сатрап Артаферн за освојување на Наксос, во обид да ја зацврсти својата позиција во Милет (како финансиски така и во однос на престижот). Мисијата пропаднала и чувствувајќи го неговото непосредно отстранување како тиранин, Аристагора избрал да ја поттикне целата Јонија во бунт против персискиот крал Дариј Велики.

Персијците продолжиле да ги намалуваат градовите долж западниот брег што сè уште се противеле, пред конечно да воведат мировна спогодба во 493 п.н.е. со Јонија која генерално се сметала за праведна и фер. Јонското востание сочинува првиот голем конфликт помеѓу Грција и Ахеменидското Царство и како таков ја претставува првата фаза од грчко-персиските војни. Мала Азија била вратена во персискиот дел, но Дариј ветил дека ќе ги казни Атина и Еретрија за нивната поддршка на револтот.[60] Освен тоа, гледајќи дека политичката состојба во Грција претставува континуирана закана за стабилноста на неговата империја, тој решил да се зафати со освојување на цела Грција. Првиот поход на инвазијата била да се вратат териториите на Балканскиот Полуостров назад во рамките на Империјата.[61] Персискиот зафат над овие територии се олабавил по Јонското востание. Во 492 година п.н.е., персискиот генерал Мардониј повторно ја потчинил Тракија и ја натерал Македонија биде потполно потчинет дел од империјата. Таа била вазал уште од крајот на 6 век п.н.е., но сепак задржала голема автономија.[61] Сепак, во 490 година п.н.е. персиските сили биле поразени од Атињаните во Маратонската битка и Дариј умрел пред да има шанса да започне инвазија на Грција.  

Ксеркс I (485–465 п.н.е., на староперсиски „Херој меѓу кралевите“), син на Дариј I, ветил дека ќе ја заврши работата. Тој организирал голема инвазија со цел да ја освои Грција. Неговата војска влегла во Грција од север, наидувајќи на малку или никаков отпор низ Македонија и Тесалија, но била одложена од страна на мала грчка сила за три дена во Термопила. Истовремената поморска битка кај Артемиси била тактички неодлучна бидејќи големи бури уништувале бродови од обете страни. Битката запрела предвреме кога Грците добиле вест за поразот кај Термопила и се повлекле. Битката била стратешка победа за Персијците, давајќи им неоспорна контрола врз Артемиси и Егејското Море. 

После победата во Битката кај Термопилите, Ксеркс го отпуштил евакуираниот град Атина и се подготвил да се сретне со Грците во стратешкиот Истмус од Коринт и Саронскиот Залив. Во 480 година п.н.е. Грците оствариле пресудна победа над персиската флота во Битката кај Саламис и го принудиле Ксеркс да се повлече во Сардис. Копнената војска што ја оставил во Грција под Мардон одново ја зазела Атина, но на крајот била уништена во 479 година п.н.е. во Битката кај Платеа. Конечниот пораз на Персијците во Микале ги охрабрил грчките градови во Азија да дигнат востание, а Персијците ги загубиле сите свои територии во Европа. Македонија уште еднаш станала независна[50].  

Културна фаза уреди

 
Ксеркс I во палатата Хадиш на Ксеркс

По убиството на Ксеркс, го наследил неговиот најстар син Артаксеркс I. За време на неговото владеење, еламскиот престанал да биде јазик на владата, и арамејскиот добил на важност. Веројатно во текот на ова владеење сончевиот календар се претставил како национален календар. Под Артаксеркс I, зороастризмот станал главната религија на државата.

 
Гробот на Артаксеркс I во Накш-е Рустам.

Откако Персија била поразена во Битката на Евримедон (469 п.н.е. или 466 п.н.е.[62]), воената акција меѓу Грција и Персија била стопирана. Кога Артаксеркс I ja преземал власта, тој вовел нова персиска стратегија за слабеење на Атињаните со финансирање на нивните непријатели во Грција. Ова индиректно предизвикало Атињаните да ја пренесат ризницата на Делианската лига од островот Делос во атинската акропола. Оваа практика на финансирање неминовно предизвикала обновени борби во 450 година п.н.е., каде Грците нападнале во Битката кај Кипар . После неуспехот на Кимон да постигне многу во оваа експедиција, Мирот на Калиас бил договорен меѓу Атина, Аргос и Персија во 449 година. п.н.е.   

Артаксеркс I му понудил азил на Темистокле, кој бил победник во Битката кај Саламис, откако Темистокле бил острициран од Атина. Исто така, Артаксеркс му ги дал Магнезија, Миус и Лампсакус за да го одржува со леб, месо и вино. Покрај тоа, Артаксеркс I му го дал Палескепсис да му обезбеди облека, а тој му го дал и Перкоте со постелнини за неговата куќа.[63]

Кога Артаксеркс починал во 424 година п.н.е. во Суза, неговото тело било однесено во гробницата веќе изградена за него во некрополата Накш-е Рустам. Персиската традиција била царевите да започнуваат да градат свои гробници додека сè уште биле живи. Артаксеркс Први веднаш го наследил неговиот постар син Ксеркс II, кој бил единствениот легитимен син на Артаксеркс.[64] Меѓутоа, по неколку дена на престолот, тој бил убиен додека бил пијан од Фарнатија и Меностанес по наредба на неговиот нелегитимен брат: Согдијан, кој очигледно ја добил поддршката од своите региони. Тој владеел шест месеци и петнаесет дена пред да биде заробен од неговиот полубрат Охус, кој се побунил против него. Согдијан бил погубен со тоа што бил задушен во пепел затоа што Охус ветил дека нема да умре од меч, со отров или со глад.[65] Охус тогаш го земал кралското име Дариј II. Способноста на Дариј да ја одбрани својата позиција на престолот го завршила краткиот вакуум на моќ.  

Од 412 година п.н.е. Дариј II, на инсистирање на Тисафорн, ја дал поддршката прво на Атина, потоа на Спарта, но во 407 година п.н.е., синот на Дариј, Кир помладиот, бил назначен за замена на Тисафорн и помошта била дадена во целост на Спарта, која конечно ја победила Атина во 404 година п.н.е. Во истата година, Дариј се разболел и умрел во Вавилон. Неговата смрт му дала можност на египетскиот бунтовник по име Амиртеј да наметне персиската контрола врз Египет. Додека умирал, вавилонската сопруга на Дариј, Парисатис, го молела да го круниса неговиот втор постар син Кир (помладиот), но Дариј одбил. Кралицата Парисатис го фаворизирала Кир повеќе од нејзиниот најстар син Артаксеркс II. Плутарх раскажува како раселените Тисафорни дошле кај новиот крал на денот на крунисувањето за да го предупредат дека неговиот помлад брат Кир (помладиот) се подготвувал да го убие за време на церемонијата. Артаксеркс го уапсил Кир и ќе го погубел доколку не интервенирала нивната мајка Парисатис. Тогаш Кир бил вратен како сатрап на Лидија, каде што подготвил вооружен бунт. Кир собрал голема војска, вклучително и контингент од десет илјади грчки платеници, и тргнал кон Персија. Армијата на Кир била запрена од страна на кралската персиска војска на Артаксеркс II во Кунакса во 401 година п.н.е., каде Кир бил убиен. Десетте илјади грчки платеници, вклучително и Ксенофонт, биле навлезени длабоко на персиската територија и изложени на ризик од напад. Услугите ги понудиле и на други, но на крајот морале да се вратат во Грција.[66]

Податотека:Achaemenid gold ornaments,70.142.6- ноември jpg
Златни украси на Ахаменидите, музеј во Бруклин

Артаксеркс II најдолго владеел од сите ахеменидски кралеви и во овој 45-годишен период на релативен мир и стабилност биле изградени многу споменици од ерата. Артаксеркс го префрлил главниот град назад во Персеполис. Исто така, летната престолнина Екбатана била раскошно проширена со позлатени столбови и кровни плочки од сребро и бакар.[67] Несекојдневната иновација на зороастриските светилишта може да се датира и од неговото владеење и веројатно во овој период зороастризмот се проширил низ Ерменија, Мала Азија и Левант . Изградбата на храмови, иако служела за религиозна цел, не бил обичен чин, бидејќи тие служеле и како важен извор на приход. Ахеменидите од вавилонските кралеви го презеле концептот на задолжителен данок на храмот, па сите жители му плаќале паричен надомест на храмот што е најблизу до нивната земја.[68]

Артаксеркс II се вмешал во војна со трајните сојузници на Персија, Спартанците, кои под Агесила II ја нападнале Мала Азија. За да го пренасочи вниманието на Спартанците кон грчките работи, Артаксеркс II ги субвенционирал своите непријатели: особено Атињаните, Тебанците и Коринтијанците. Овие субвенции помогнале да се ангажираат Спартанците во она што ќе стане познато како Коринтинска војна. Во 387 година п.н.е., Артаксеркс II ги изневерил своите сојузници и се договорил со Спарта, а во Договорот од Анталцида ги натерал своите поранешни сојузници да се помират. Овој договор им ја вратил контролата врз грчките градови Јонија и Аеолис на анадолскиот брег на Персијците, а притоа и овозможил доминација на Спарта на грчкото копно. Во 385 п.н.е. тргнал во поход против Кадусите. Иако бил успешен против Грците, Артаксеркс II имал повеќе проблеми со Египќаните, кои успешно војувале против него на почетокот на неговото владеење. Обидот да се освои Египет во 373 година п.н.е. бил целосно неуспешен, но Персијците во успеале да го поразат египетско-спартанскиот обид за освојување на Феникија. Тој го задушил бунтот на Сатрапите во 372–362 п.н.е. За него се вели дека имал бројни сопруги. Неговата главна сопруга била Статеира, сè додека не била отруена од мајката на Артаксеркс II, Парисатс, околу 400 година п.н.е. Друга главна сопруга била грчка Фокеја по име Аспазија. Се вели дека Артаксеркс II имал повеќе од 115 синови од 350 жени.[69]

Во 358 година п.н.е., Артаксеркс II починал, а го наследил неговиот син Артаксеркс III. Во 355 година п.н.е., Артаксеркс III ја принудил Атина да склучи мир, со кој се барало градските сили да ја напуштат Мала Азија и да ја признаат независноста на нејзините востанички сојузници.[70] Артаксеркс започнал поход против бунтовните Кадузијци, но тој успеал да ги смири и двајцата цареви на Кадузите. Личноста која извлекла полза од овој поход бил Дариј Кодоман, кој подоцна го заземал персискиот престол како Дариј III.  

 
Временската рамка на Персиската империја, вклучувајќи важни настани и територијална еволуција - 550–323 п.н.е.

Артаксеркс III, наредил распуштање на сите сатрапски војски во Мала Азија, бидејќи сметал дека тие веќе не можат да го гарантираат мирот на западот и бил загрижен дека овие армии ги опремиле западните сатрапи со средства за револт.[71] Наредбата сепак била игнорирана од страна на Фригија Артабазос II, кој побарал помош од Атина во бунтот против кралот. Атина испратила помош во Сардис. Оронт од Мисија го поддржувал па Артабазос и комбинираните сили успеале да ги поразат силите испратени од Артаксеркс III во 354 година п.н.е. Сепак, во 353 година п.н.е., тие биле поразени од војската на Артаксеркс III и биле распуштени. Оронт бил помилуван од кралот, додека Артабазос се сокрил на дворот на Филип II Македонски. Во околу 351 година п.н.е., Артаксеркс започнал поход за закрепнување на Египет, кој дигнал востание додека на власт бил неговиот татко, Артаксеркс II. Во исто време, во Мала Азија избувнал бунт, кој, поддржан од Теба, се заканувал да стане сериозен. Со огромна војска, Артаксеркс се упатил кон Египет и го нападнал Нектанеб II . После една година борба со египетскиот фараон, Нектанеб нанесол штети на Персијците со поддршка на платеници предводени од грчките генерали Диофантус и Ламиус.[72] Артаксеркс бил принуден да се повлече и да ги одложи своите планови за освојување на Египет. Набргу по овој пораз, се случиле востанијата во Феникија, Мала Азија и Кипар.

Во 343 година п.н.е., Артаксеркс одговорноста да ги задуши кипарските востаници му ја дал на Идриј, кнезот на Карија, кој ангажирал 8000 грчки платеници и четириесет триери, под команда на Фокион од Атина, и Евагора, син на стариот Евагора, кипарски монарх.[73][74] Идриј успеал да го намали Кипар. Артаксеркс започнал контраофанзива против Сидон, под команда на Белесис, сатрап на Сирија и Мазаиј, сатрап на Киликија, за да го нападне градот и да ги држи под контрола Феникијците. И двајцата сатрапи претрпеле пораз од Тенес, кралот на Сидон, на кого му помогнале 40.000 грчки платеници испратени до него од Нектанбо II, а под команда на Ментор од Родос . Како резултат на овие битки, персиските сили биле истерани од Феникија.[73]  

После ова, Артаксеркс лично повел војска од 330.000 луѓе против Сидон. Војската на Артаксеркс опфаќала 300.000 пешадијци, 30.000 коњаници, 300 приколки и 500 транспорти или бродови за обезбедување. Откако ја собрал оваа војска, побарал помош од Грците. Оваа грчка поддршка иако била бројчено мала, со не повеќе од 10.000 луѓе, била значајна. Сидон бил срамнет со земја од пожари. Четириесет илјади луѓе загинале во судирот.[73] Артаксеркс ги продал урнатините на Сидон по висока цена на шпекуланти, кои сметале дека ќе се збогатат надевајќи се да ископаат богатства под пепелта.[75] Подоцна Тенес бил убиен од страна на Артаксеркс.[76] Артаксеркс ги испратил Евреите кои го поддржувале револтот во Хирканија на јужниот брег на Каспиското Море.[77][78]

Второто освојување на Египет уреди

 
Релјефен приказ на Дариј I, кој го дарува египетското божество Амон-Ра Камутеф, Храмот на Хибис
 
24-те земји потчинети на Ахеменидското Царство во времето на Дариј, египетска статуа на Дариј I.

По заземањето на Сидон било следела инвазијата во Египет. Во 343 година п.н.е., Артаксеркс, покрај неговите 330.000 Персијци, сега имал сила од 14.000 Грци опремени од грчките градови на Мала Азија: 4.000 под Ментор, 3.000 испратени од Аргос и 1000 од Теба. Нектанбо II се спротивставил на војската со 100.000 од кои 20.000 биле грчки платеници. Нектанеб II со својата голема морнарица го окупирала Нил.

Силите на Нектанбо II биле поразени од комбинираната персиска армија во Битката кај Пелузиум (343 п.н.е.). По поразот набрзина побегнал во Мемфис, оставајќи ги утврдените градови да бидат одбранети од нивните гарнизони. Овие гарнизони се состоеле од делумно грчки и делумно египетски трупи. Персијците освојувале многубројни градови низ Долен Египет и напредувале до Мемфис а Нектанбо решил да ја напушти земјата и да избега јужно кон Етиопија.[73] Персиската војска потполно ја окупирала Долната Делта на Нил. Откако Нектанеб избегал во Етиопија, целиот Египет се предал на Артаксеркс. Евреите во Египет биле испратени или во Вавилон или на јужниот брег на Каспиското Море, истата локација каде порано биле испратени и Евреите од Феникија.

По оваа победа над Египќаните, Артаксеркс ги уништил градските ѕидини, започнало владеење на терор и грабежи на сите храмови. Персија се здобила со значително богатство од овој грабеж. Артаксеркс исто така собрал високи даноци и се обидел да го ослабне Египет толку многу за никогаш да не може да се дигне против Персија. За 10-те години додека Персија го контролирала Египет, верниците на локалната религија биле прогонувани и биле украдени свети книги.[79] Пред да се врати во Персија, Артаксеркс го назначил Перендар за сатрап на Египет. Со богатството стекнато од Египет, Артаксеркс можел да ги награди своите платеници. Откако успешно ја завршил својата инвазија во Египет, се вратил во престолнината и ги поминал следните неколку години ефикасно задушувајќи востанија во разни делови на Империјата, така што неколку години по неговото освојување на Египет, Персиската империја била цврсто под негова контрола. Египет останал дел од Персиската империја сè до освојувањето на Египет од страна на Александар Велики

По освојувањето на Египет, немало повеќе востанија или бунтови против Артаксеркс. Ментор и Багоас, двајцата генерали кои се истакнале најмногу во египетскиот поход, биле унапредени на места од најголемо значење. Ментор, кој бил управител на целиот азиски морскиот брег. Во тек на неколку години, Ментор и неговите сили биле во можност да го доведат целиот азиски средоземен брег во целосна потчинетост и зависност. Багоас се вратил во персиската престолнина со Артаксеркс, каде преземал водечка улога во внатрешната администрација на Империјата и одржувал мир низ во остатокот на Империјата. За време на последните шест години од владеењето на Артаксеркс III, Персиското царство го управувало енергична и успешна влада.[73]

Персиските сили во Јонија и Ликија ја повратиле контролата врз Егејот и Средоземното Море и презеле голем дел од поранешната островска империја на Атина. Како одговор, Исократ од Атина започнал да одржуваат говори во кои повикувал на „поход против варварите“, но немал доволно сила и ниеден од грчките градови-држави не можел да одговори на неговиот повик.[80]

Иако во самата Персиска империја немало востанија, растечката моќ и територија на Филип II Македонски во Македонија (против која Демостен залудно ги предупредувал Атињаните) го привлекла вниманието на Артаксеркс. Како одговор, тој наредил да се искористи персиското влијание за да се провери и ограничува растечката моќ и влијание на македонското кралство. До последната година на владеењето на Артаксеркс, Филип II веќе имал планови за инвазија на Персиската империја, но Грците не му се придружиле.[81]

Во 338 година п.н.е. Артаксеркс бил отруен од Багоас со помош на некој лекар.

Падот на Империјата уреди

Види: Александар III Македонски и Падот на Персија

 
Битката кај Ис, помеѓу Александар Велики со коњи од лево и Дариј III со кочијата десно, претставена во еден мозаик на Помпеја, од 1 век п.н.е. - Национален археолошки музеј на Неапол
 
Првата победа на Александар над Дариј, прикажана во средновековен европски стил од 15 век во Историја на битките на Александар.

Артаксеркс III бил наследен од Артаксеркс IV, кој пред да може да дејствува исто така бил отруен од Багоас. Понатаму, се вели дека Багоас ги убил не само сите негови деца, туку и многу други принцови во земјата. Тогаш Багоас го поставил Дариј III, внук на Артаксеркс IV, на престолот. Дариј III, претходно Сатрап од Ерменија, лично го натерал Багоас да проголта отров. Во 334 година пред нашата ера, кога Дариј успеал повторно да го покори Египет, Александар и неговите воени сили ја нападнале Мала Азија.

Александар Велики (Александар III Македонски) ги победил персиските војски кај Граник (334 година п.н.е.), потоа кај Ис (333 п.н.е.), а на крај кај Гавгамела (331 п.н.е.). Тој се упатил кон Суза и Персеполис, кои се предале на почетокот на 330 година п.н.е. Од Персеполис, Александар тргнал кон север кон Пасаргаде каде го посетил гробот на Кир, за кого знаел од Киропедијата

Во последователниот хаос создаден со инвазијата на Александар во Персија, гробот на Кир бил распарчен и голем дел од неговите богатства биле ограбени. Кога Александар стигнал до гробот, бил ужаснат од начинот на кој бил третиран гробот и ги изнесол магите на суд.[82][83] Според некои извештаи, одлуката на Александар да им суди на магите било повеќе обид да се поткопа нивното влијание и да се покаже сопствената моќ отколку израз на грижа за гробот на Кир.[84] Сепак, Александар Велики му наредил на Аристобул да ја подобри состојбата на гробот и да ја врати нејзината внатрешност, искажувајќи почит кон Кир.[82] Оттаму тој се упатил кон Екбатана, каде што побегнал Дариј III.  

Дариј III бил заробен од Бес, неговиот бактријански сатрап и роднина. Како што се приближувал Александар, Бес ги натерал неговите луѓе да го убијат Дариј III, а потоа се прогласил за негов наследник, како Артаксеркс V, пред да се повлече во Средна Азија, оставајќи го телото на Дариј на патот од каде Александар потоа го донел во Персеполис за почесен погреб. Потоа Бес создал коалиција на своите сили, со цел да создаде армија за одбрана против Александар. Пред да може целосно да се соедини со сојузниците во источниот дел на империјата,[85] Александар го пронашол, му судел во некој персиски суд под негова контрола и наредил негово убиство на „суров и варварски начин“.[86]

Александар генерално ја зачувал оригиналната административна ахеменидска структура.[87] По смртта на Александар во 323 година п.н.е., неговата империја била поделена меѓу неговите генерали дијадоси, што резултирало со голем број помали држави. Најголемата од нив, која се протегала над иранската висорамнина, била Селевкидската империја, управувана од генералот на Александар Селевк Први Никатор. Локалното иранско владеење било обновено од страна на партското царство на североисточниот дел на Иран во текот на 2 век п.н.е. 

Ахеменидски кралеви и владетели уреди

Име Приказ Коментар Датум
Ахемен Првиот владетел на Ахеменидското Царството 705 п.н.е
Теисп Син на Ахемен 640 п.н.е
Кир I   Син на Теисп 580 п.н.е
Камбис I   Син на Кир I и татко на Кир II 550 п.н.е

Признати уреди

 

Имало 13 признати кралеви во текот на 220 години од постоењето на Ахеменидското Царство. Владеењето на Артаксеркс II било најдолго, траело 47 години.

Име Приказ Коментар Датум
Кир Велики   Основач на империјата. Кралот на „четирите страни на светот“ 560–530 п.н.е
Камбис II   Крал на Персија и воедно фараон на Египет 530–522 п.н.е
Бардија/Смердис   Крал на Персија и наводно наметник 522 п.н.е
Дариј I   Крал на Персија воедно и фараон на Египет 522–486 п.н.е
Ксеркс I   Крал на Персија воедно и фараон на Египет 486–465 п.н.е
Артаксеркс I   Крал на Персија воедно и фараон на Египет 465–424 п.н.е
Ксеркс II Крал на Персија воедно и фараон на Египет 424 п.н.е (45 дена)
Согдијан Крал на Персија воедно и фараон на Египет 424–423 п.н.е
Дариј II   Крал на Персија воедно и фараон на Египет 423–405 п.н.е
Артаксеркс II   Крал на Персија 405–358 п.н.е
Артаксеркс III   Крал на Персија воедно и фараон на Египет (Освоил контрола на Египет по 50 години) 358–338 п.н.е
Артаксеркс IV Крал на Персија воедно и фараон на Египет 338–336 п.н.е
Дариј III   Крал на Персија воедно и фараон на Египет, последен владетел на Империјата 336–330 п.н.е

Уредување на Империјата уреди

 
Местоположба на главните градови на Ахеменидите.

Структурата на Ахеменидското Царство се врти околу „кралот на кралевите“, кој е симболичен центар на империјата, каде и да е. Од географска гледна точка, можеме да утврдиме дека центарот на империјата е во Персија (сегашната провинција Фарс), регионот од каде било потеклото на династијата. Спомениците пронајдени таму биле местата на изразување на кралската моќ, но нивната точна функција останува неодредена. За оттука да владеат со толку огромна територија, која првично не била многу просперитетна, персиските крале се потпирале на администрација и армија предводена од нивните роднини, припадници на персиската аристократија кои, според П. Бријант, формирале „етно-доминантна класа“, поврзана меѓусебно со припадноста на заеднички племиња и кланови кои практикувале заеднички јазик и религија коишто никогаш не се обиделе да ги прошират и наметнат на народите со кои владееле.

Власт уреди

Кир Велики ја основал империјата како мултидржавна империја, управувана од четири престолнини: Пасаргада, Вавилон, Суза и Екбатана. Ахеменидите дозволиле одредена количина регионална автономија во форма на систем на сатрапија. Сатрапијата била административна единица, обично организирана, на географска основа. Сатрапот (гувернерот) управувал со регионот, „генералот“ имал воен ангажман и обезбедувал ред, а „државниот секретар“ ги чувал службените записи. Генералот и државниот секретар известувале директно до сатрапот, како и до централната власт. Во различен период, имало меѓу 20 и 30 сатрапи.[88]

Кир Велики создал организирана армија, вклучително и единицата наречена Бесмртни, составена од 10.000 високо обучени војници [22] Тој исто така формирал и иновативен поштенски систем низ целата империја, заснован на неколку штафетни станици наречени Чапар Кане.[89]  

„Кралот на кралевите“ уреди

 
Детаљ од Дариевата палата во Суза (во музејот Лувр, Париз).

Кралот го заземал централното место во Империјата, како и во нејзината администрација. Според посветената титула, тој бил „ Крал на кралевите“, xšāyaθiya xšāyaθiyānām[90] . Натписите на Дариј I во Накш-е Рустам и Бехистун ја отсликуваат кралската моќ, нејзините темели и вклучувањето во космичкиот ред. Според текстовите на втората локација, кралот е како другите луѓе биле создадени од големиот бог Ахура Мазда, но тој се разликувал од другите со извонредни квалитети [91]. Тој бил крал благодарение на богот кој го поставил на чело на народите на земјата со мисија да ги насочува на праведен начин и да обезбеди уредување на светот со борба против лошите и лагите (според дуалистички принцип). Затоа тој бил посредникот меѓу Ахура Мазда и луѓето за доброто да го победи злото, како што е покажано на Бехистунските релјефи во кои бунтовниците се гледаат како манифестации на лаги и нив ги казнува кралот, затоа што од него зависела правдата. За да ја исполни оваа улога, тој бил надарен од богот со супериорна интелигенција и непогрешлива проценка. Најпосле тој бил докажан воин, во можност да се справи со лак, копје, стрела [92]. Борбените квалитети на кралевите честопати се појавуваат на печати или монети, илустрирајќи го во позиција на победник во лов или војна [93]. Врската на кралот со божествениот свет била во неговата свештеничка функција бидејќи тој морал да дава жртви во Персија во редовни интервали наменети пред сè за иранските божества [94].

Монета уреди

Персискиот дарик била првата златна монета која, заедно со слична сребрена паричка, сиглос, го вовела биметалниот монетарен стандард на Ахеменидската Персиска Империја кој продолжил до денес.[95] Ова го постигнал Дариј Велики, кој ја засилил империјата и го проширил Персеполис како церемонијална престолнина[96] и ја подобрил економијата.

Даночни окрузи уреди

 
Обем на годишен данок по област, во Ахеменидското Царство, според Херодот.[97][98][99]
 
Собирач на даноци, кој смета на абакс или абакус, според ваза на Дариј (340–320 п.н.е.).[100]

Дариј исто така вовел регулиран и одржлив даночен систем кој бил прецизно прилагоден на секоја сатрапија, заснована врз нивната продуктивност и економски потенцијал. На пример, Вавилон бил проценет за најголема сума и за изненадувачка мешавина на производи - 1000 сребрени таленти, четиримесечно снабдување со храна за армијата. Индија била омилена за своето злато; Египет бил познат по богатството на своите земјоделски култури и требал да биде житар на Персиската империја (како подоцна и на Рим) и се барало да обезбеди 120.000 мерки жито, покрај 700 таленти сребро.[101]

Трговијата била развиена и постоела ефикасна инфраструктура што ја олеснувала размената на стоки низ империјата. Тарифите за трговија биле еден од главните извори на приход на империјата, заедно со земјоделството и даноците.[101][102]

Сатрапиите биле поврзани со 2.500 километри пат, највпечатливиот дел бил Кралскиот пат од Суза до Сардис, изграден со команда на Дариј Први. Имал станици и каравансараи . Релеите на монтирани курири ( ангариумот ) можеле да достигнат оддалеченост од области за петнаесет дена. Херодот напишал дека „нема ништо на светот што патува побрзо од овие персиски курири. Ниту снегот, ниту дождот, ниту топлината, ниту мракот на ноќта не ги задржува овие храбри курири од брзото завршување на нивните назначени тури.“ [103] Покрај релативната локална независност што ја овозможувал системот на сатрапија, кралските инспектори, „очите и ушите на кралот“, ја обиколувале империјата и известувале за локалните услови.   

Постојат докази дека поразените или бунтовничките непријатели биле продавани во ропство.[104] Покрај другите иновации во администрацијата и оданочувањето, Ахеменидите можеби биле првата власт на античкиот Близок Исток што регистрирала продажба на приватни робови и ги оданочувала со рана форма на данок на продажба.[105] 

Војска уреди

 
Ахеменидски крал убива грчки хоплит околу. 500 п.н.е. - 475 п.н.е., во времето на Ксеркс I. Митрополитен музеј на уметноста.
 
Ахеменидисти војници се борат против Скитите. Отисок на валчест печат (цртање).[106]

Наспроти скромното потекло од Персис, империјата достигнала огромна величина под водство на Кир Велики. Кир создал мултидржавна империја каде им дозволил на регионалните владетели, наречени „ сатрапи “, да владеат со одредена одредена област наречена сатрапија. Основното правило на управување се засновало врз лојалноста и послушноста на секоја сатрапија кон централната моќ, или кралот и почитувањето на даночните закони.[107] Поради етнокултурната разновидност на потчинетите нации под власта на Персија, нејзината огромна географска големина и постојаната борба за моќ од страна на регионалните конкуренти[19] создавањето професионална армија било неопходно за одржување на мирот и да се спроведе авторитетот на кралот во случаи на бунт и странска закана.[108] [22] Кир успеал да создаде силна копнена војска, користејќи ја за да напредува во неговите походи во Вавилонија, Лидија и Мала Азија, којашто по неговата смрт ја користел неговиот син Камбис II, во Египет против Псамтик III. Кир загинал во борбата при локалното иранско востание во империјата пред да има шанса да развие поморска сила.[109] Таа задача ќе падне на Дариј Велики, кој официјално им обезбедил на Персијците кралска морнарица со што овозможил воени ангажмани на повеќе мориња на оваа огромна империја, од Црното и Егејското Море, до Персискиот Залив, Јонското Море и Средоземното Море.  

Пешадија уреди

Пешадијата на Ахеменидите се состоела од три групи: Бесмртните (Мелофори), Спарабара и Такабара.

Бесмртниците биле опишани од Херодот како тешка пешадија, предводена од Хиднарс, која постојано се одржувала на сила со точно 10,000 мажи. Тој тврди дека името на единицата потекнува од обичајот дека секој убиен, сериозно ранет или болен член веднаш бил заменет со нов, со што се задржале броевите и кохезијата на единицата.[110] Имале плетени штитови, кратки копја, мечеви или големи дагери, лак и стрела. Под облеката носеле штитови. Контрабалансите на копјата на обичниот војник биле од сребро. За да се разликуваат командните редови, врвот на копјето на офицерите било златно.[110] Преживеаните застаклени ахеменидски тули во боја и издлабените релјефи ги претставуваат Бесмртниците облечени во наметки, со обетки и златен накит, иако овие додатоци најверојатно се носеле само за церемонијални прилики.[111]  

Спарабара обично биле првите што се впуштале во борба со непријателот. Иако не се знае многу за нив денес, се верува дека тие биле ’рбетот на персиската војска кои формирале ѕид на штит и ги користеле своите метарски копја за да ги заштитат поранливите трупи како стрелците од непријателот. Спарабара биле сите членови на персиското општество. Тие биле тренирани уште од детството да бидат војници и кога не биле повикани да се борат на походи во далечни земји, вежбале лов на огромните рамнини на Персија . Кога немало војна (Pax Persica), Спарабара се враќале во нормален живот, земјоделство на земјата и пасејќи ги нивните стада. Поради ова, тие немале вистински професионален квалитет на бојното поле, но сепак биле добро обучени и храбри до моментот да ја држат линијата во повеќето ситуации доволно долго за противнапад. Тие биле облечени во ленени алишта и носеле големи правоаголни плетени штитови за лесна манипулативна одбрана. Меѓутоа, ова ги ставало во сериозна неповолна положба против силно оклопните противници како што е хоплитот. Плетените штитови биле во можност ефикасно да запрат стрели, но не доволно силни за да го заштитат војникот од копјата.

Ахеменидите многу се потпирале на стрелците. Најголемите нации што придонесувале биле Скитите, Медијците, Персијците и Еламитите . Композитниот лак го користеле Персијците и Медијците, кои го прифатиле од Скитите и го пренеле на други нации, вклучително и на Грците.[112] Скитската стрела изработена од легура на бакар била варијантата што вообичаено ја користела ахеменидската војска. Оваа варијанта барала голема експертиза и прецизност за изработка.[113]

Такабара била ретка единица која била тежок вид на пелтасти.[114] Такабара беа регрутирани од териториите на денешен Иран.

Коњаница уреди

 
Ахеменидски коњаник во сатрапијата од Фригија, релјеф на саркофаг, почеток на 4 век п.н.е.
 
Печат на Дариј Велики во кочија, со натпис на старо персиски „Јас сум Дариј, Великиот крал“ ( 𐎠𐎭𐎶 𐏐 𐎭𐎠𐎼𐎹𐎺𐎢𐏁𐎴 𐏋), на еламски јазик и вавилонски. Зборот „голем“ се појавува само во вавилонскиот. Британски музеј .[115][116]

Персиската коњаница била клучна за освојувањето на народите и ја одржувала својата важност во Ахеменидската војска до последните денови на Ахеменидското Царство. Коњаницата била поделена во четири групи. Воени кочии, коњи, камили и воени слонови.

Во подоцнежните години кочиите станале само церемонијален дел од персиската војска, но во раните години на Империјата, нивната употреба била широко распространета. Стрелците на кочиите биле вооружени со копја, лакови, стрели, мечеви и штит. Коњите исто така носеле оклопен штит, сличен на сасанидските катафакти. Кочилите биле украсени со империјални симболи и украси.  

Коњите честопати носеле оклопен штит, како и повеќето коњанички единици. Коњаниците честопати имале ист оклоп како пешадиските единици, плетените штитови, кратки копја, мечевите или широки сечила, лак и стрела и оклопни палта. Коњаницата на камила била поинаква, затоа што на камилите им била пружена помала заштита против непријателите, но сепак кога имале заштита, јавачите на камили носеле копја, мечеви, лак, стрела и штит. Камилите за првпат се вовеле во персиската војска од страна на Кир Велики, во Битката кај Тимбра. Слонот најверојатно бил воведен во персиската војска од страна на Дариј I по неговото освојување на долината Инд. Можеби биле користени во грчките походи од Дариј и Ксеркс I, но во грчките извештаи се спомнуваат само 15 од нив користени во Битката на Гавгамела.

Морнарица уреди

 
Реконституција на персиските бродови во Маратинската битка.
 
Грчки бродови против ахеменидската флота во Битката кај Саламис.

Од основањето Персиската империја првенствено била копнена империја со силна војска, но без никакви реални поморски сили. До 5 век пред нашата ера, ова требало да се промени, бидејќи империјата се соочила со грчки и египетските сили, секоја со свои поморски традиции и способности. Дариј Велики (Дариј I) бил првиот цар на Ахеменидите кој инвестирал во флота.[117] Дури и до тогаш ниту една вистинска „империјална морнарица“ не постоела ниту во Грција ниту во Египет. Персија ќе стане првата империја, под Дариј, која ќе ја инаугурира и распореди првата регуларна империјална морнарица.[117] Силите на империјалната морнарица честопати биле Феникијци (претежно од Сидон ), Египќани и Грци избрани од Дариј Велики за да управуваат со борбените бродови на империјата.[117] 

Најпрво бродовите биле изградени во Сидон од Феникијците. Првите ахеменидски бродови биле долги околу 40 метри и 6 метри широки, со можност да пренесат до 300 персиски трупи на кое било патување. Наскоро, другите држави на империјата граделе свои бродови, секоја вклучувајќи мали локални преференци.[117] Персиските поморски сили ги поставиле темелите за силно поморско присуство на Персија во Персискиот Залив. Персијците не само што биле распоредени на островите во Персискиот Залив, туку имале и бродови често со капацитет од 100 до 200 патроли на различните реки на империјата, вклучувајќи ги Карун, Тигар и Нил на запад, како и Инд.[117]

Ахеменидската морнарица воспоставила бази сместени долж Карун и Бахреин, Оман и Јемен. Персиската флота не била користена само за мировни цели покрај Карун, туку и ја отворила вратата за трговија со Индија преку Персискиот Залив.[117] Морнарицата на Дариј била во многу начини светска моќ во тоа време, но Артаксеркс II бил тој којшто во летото 397 година п.н.е. изградил огромна морнарица, како дел од вооружувањето што ќе доведе до неговата решавачка победа кај Книдос во 394 година п.н.е. и повторното воспоставување ахеменидската власт во Јонија . Артаксеркс II ја искористил својата морнарица за подоцна да го угнети бунтот во Египет.  

Култура уреди

 
Персиска уметност
Ликовна уметност
Сликарство
Минијатури
Декоративна уметност
Накит
Вез Мотиви
Плочкарство Ракотворби
Грнчарство
Книжевност
Книжевност Митологија
Фолклор
Друго
Архитектура Кујна
Ќилими Градини
Изведбена уметност
Танц Музика
Филм
 
Релјеф на борбата на лавот и бикот, Ападана од Персеполис.
 
Златна чинија со приказ на лавица
 
Урнатините на Персеполис.

 Херодот, во неговиот извештај од средината на 5 век п.н.е. за персиските жители на Понт, вели дека младите во Персија, од петтата година до нивната дваесетта година, биле поучувани во три работи - да јаваат коњ, да фрлаат стрела и да ја зборуваат вистината.[118]

Во Ахеменидска Персија, лагата, дуру, се сметала за кардинален грев, и тоа било казнувано со смрт во некои екстремни случаи. Таблетите откриени од археолозите во 1930-тите години [119] на местото на Персеполис ни даваат соодветни докази за љубовта и почитта кон културата на вистината за време на Ахеменидскиот период. Овие таблети содржат имиња на обични Персијци, главно трговци и чувари на складишта.[120] Според Стенли Инслер од универзитетот Јеил, дури 72 имиња на службени лица и ситни службеници пронајдени на овие таблети го содржат зборот вистина.[121] Дариј Велики утврдил уредба за добри прописи за време на неговото владеење. Сведочењата на кралот Дариј за неговата постојана борба против лагата се наоѓаат во натписите со клинесто писмо.[122]

Обичаи уреди

Херодот спомнува дека Персијците правеле прослави (Херодот, Историја 8), со многу десерти, закуска која Грците ја изоставувале од нивните оброци. Тој исто така забележал дека Персијците пиеле вино во големи количини и го користеле во Советот, разговарајќи за важни работи кога се пијани и донесувајќи одлука следниот ден, кога се трезни. Поклонувањето пред претпоставените, или кралското семејство била една од многуте персиски обичаи прифатени и од страна на Александар Велики.  

Пишување и јазици уреди

 
Тријазично клинесто писмо на староперсиски / вавилонски / еламски на Ксеркс I пронајдено на карпа на бреговите на езерото Ван, Турција.
 
Административна глинена таблета од Персеполис напишана на еламски.

Писмо уреди

Неколку видови пишани извори од ерата на Ахамедидите биле пронајдени во центарот на империјата. Кралските натписи со клинесто писмо се оние што се познати подолг период. Неколку од нив се претставени во тријазична форма : староперсиски, акадски (вавилонски) и еламски . Тие служеле како основа за дешифрирање на документите на клинесто писмо во 19 век [123], заземајќи посебно место во историјата на асириологијата.Тие честопати раскажуваат за градбите на кралот, понекогаш и за воени победи и се испишани на камен, понекогаш метални, на трајни материјали, и можеле да ја испратат славата на владетелите на следните генерации, по традиција директно преземена од кралството на Месопотамија и Еламит [124] . Текстовите биле откопани во Суза и особено во Персеполис, огромно мнозинство административни акти напишани на еламски, понекогаш на акадски, арамејски, па дури и на староперсиски (во еден случај). Тие биле напишани на глинени таблички, материјал прилично отпорен на времето [125].

Староперсиското клинесто писмо првенствено било систем на фонетско пишување, со околу триесетина слоговни знаци и три чисти самогласки (а, е, и), но содржело осум логограми (знаци со вредност на еден збор, како што е „земја“, “ крал “,„ бог “). Тоа веројатно било разработено за натписите на Дариј I, а неговата употреба надвор од Персија е многу ограничена (во тријазични натписи или четири јазици пронајдени во Египет, или Анадолија). Јазикот е од ирански тип, инспириран од оној што го зборувале Персијците од тоа време, но вклучуваат зборови што доаѓаат од јазиците на други ирански народ, особено Медијците, јазиците што ги зборувале елитите кои владееле со империјата [126] .

Користејќи го клинестиот систем за натписите на староперсиски јазик, Ахаменидите се надоврзале на претходните кралства. Персијците ја имале навиката да ги преземат писмата што веќе се користеле во регионите во кои владееле без наметнување на нивниот облик на јазик и пишување. Вавилонскиот, семитски јазик, кој е дијалект на акадскиот, на натписите на вавилонските кралеви и во литературните и административните текстови на Вавилон, се користел и во Елам. Најчеста форма на пишување било клинестото писмо, со десетици слоговни знаци и други со логографска вредност [127] . Еламскиот јазик бил лингвистичкиот изолат што го користеле луѓето кои им претходеле на Персијците во југозападен Иран. Забележан со клинесто писмо, бил користен и од персиската администрација, покрај кралските натписи, за изготвување на сметководствени таблети на иранските територии (како што е потврдено во Персеполис а исто така и во Кандахар )[128] . Во египетскиот контекст, кралските натписи се појавуваат и во хиероглифи [129] .

Јазици уреди

 
Староперсискиот дел од тријазичниот Бехистански натпис. Другите верзии се на вавилонски и еламски јазик.
 
Копија од Бехистанскиот натпис на арамејски јазик на папирус . Арамејскиот јазик бил лингва франка на империјата.

За време на владеењето на Кир и Дариј, и сè додека седиштето на владата сè уште било во Суза во Елам, јазикот на канцеларството бил еламски . Ова првенствено е потврдено во таблетите за богатството и ризницата на Персеполис кои откриваат детали за секојдневното функционирање на империјата.[120] Во големите камени натписи на кралевите, еламските текстови секогаш се придружени со акадски (вавилонски дијалект) и старо персиски натписи, а се чини дека во овие случаи, еламските текстови се преводи на староперсискиот. Тогаш е веројатно дека иако еламскиот јазик го користел главниот град на владата во Суза, тој не бил стандардизиран јазик на владата насекаде во Империјата. Употребата на еламскиот не е потврдена по 458 година п.н.е.  

По освојувањето на Месопотамија, арамејскиот јазик (како што се користи на таа територија) бил усвоен како „средство за писмена комуникација помеѓу различните региони на огромната империја со нејзините различни народи и јазици. Употребата на единствен службен јазик, во голема мерка придонело за зачудувачкиот успех на Ахеменидите да ја одржат целосна својата далечна империја онолку долго колку што траела.[130] Во 1955 година, Ричард Фрај ја довел во прашање класификацијата на империјалниот арамејски како „службен јазик“, истакнувајќи дека ниту еден преживеан едикт експлицитно и недвосмислено не му го доделувал тој статус на кој било посебен јазик.[131] Фрај го прекласирал империјалниот арамејски во лингва франка на територијата на Ахеменидите. Многу векови по падот на империјата, арамејското писмо и - како идеограмите - арамејскиот речник преживеал како суштинска одлика на системот за пишување во Пахлави.[132]

Иако староперсискиот исто така се појавува на некои уметнички предмети, овој јазик се потврдува првенствено во ахеменидските натписи од Западен Иран, што сугерира тогаш дека староперсискиот бил заеднички јазик во тој регион. Меѓутоа, со владеењето на Артаксеркс II, граматиката и правописот на натписите биле толку „далеку од совршени“[133] што пак сугерира дека книжниците што ги составувале тие текстови веќе во голема мерка го имале заборавено јазикот и морале да се потпираат на постари натписи, чии глаголи во голема мерка ги репродуцирале [134].

Кога барала пригодата, административната кореспонденција на била спроведена и на грчки јазик. Има многу докази (покрај извештаите на Херодот) дека Грците, освен што биле распоредени и вработени во основните региони на империјата, очигледно живееле и работеле и во срцето на Ахеменидското Царство, имено Иран. На пример, Грците биле дел од различните етникуми што ја конструирале палатата на Дариј во Суза, покрај грчките натписи пронајдени во близина, и една кратка таблета од Персеполис напишана на грчки.

Уметност и архитектура уреди

 
Реконструкција на палатата на Дариј во Суза. Палатата служела како модел за Персеполис.
 
Лав на украсна табла од палатата на Дариј I, Лувр.

Археменидската архитектура вклучува големи градови, храмови, палати и мавзолеи како што е гробот на Кир Велики. Квинтесенцијалната одлика на персиската архитектура била нејзината еклектична природа со елементи на медијско, асирско и азиско грчко влијание, одржувајќи уникатен персиски идентитет што се гледа во изработките.[135] Еден од највпечатливите примери и на ахеменидската архитектура и уметност е големата палата на Персеполис, како и нејзината детална изработка, заедно со нејзината огромна скала.

Ахеменидската уметност вклучува фриз релјефи, металопреработувачка, како што се Окуското богатство, декорација на палати, глазирани тули, фино занаетчиство (ѕидарство, столарија, итн), и сл. Персијците земале уметници од сите страни на нивната империја и создале не само комбинација на стилови, туку синтеза на нов уникатен персиски стил.[136]

Уметничкиот материјал на кралските персиски наоѓалишта квантитативно е прилично ограничен , но доволен е да се илустрираат основните одлики на уметноста од овој период, симболизирајќи ја моќта на империјата и синтетизирајќи влијанија донесени во неговиот центар од занаетчии од региони. разновидност. Пред сè, тоа е претставено со скулптурите во под релјефите на палатилните згради, емајлираните цигли што ги украсиле другите и садовите во скапоцен метал.

 
Сфинга на Дариј во палатата во Суза, Лувр.

Скулптура уреди

Најпознатата и најраспространета форма на ахеменидската скулптура е барелјефот, особено во Персеполис, каде барелјефите систематски ги украсуваат скалите, страните на платформите и внатрешноста на заливите. Исто така, се претпоставува дека тие биле користени за украсување на простории за хипостил. Се среќаваат повеќе стереотипи на античките ориентални претстави: сите ликови се претставени во профил; ако понекогаш е присутна перспектива, различните планови генерално се поставени едни под другиот; не се почитуваат пропорциите помеѓу ликовите, животните и дрвјата; принципот на изоцефалија е строго применлив, вклучително и на различни скалила. Предметите претставени се паради на претставници на народите на империјата, благородни Персијци и чувари, сцени на публика, кралски репрезентации и битки меѓу кралскиот јунак со вистински или имагинарни животни. Овие релјефи се извонредно изработени и секој детал е прикажан со голема финеса[137]

Полихромија уреди

За разлика од Персеполис, палатите на Суза немаат основни релјефи врежани во камен. Декорацијата е обезбедена со комплети на емајлирана тула што прават големи полихроматски керамички панели од месопотамска инспирација. Постојат смалени фигури на животни (лавови, бикови, грифини) и претстави на Мелофори како оние на перспеполитските релјефи. Полихромијата игра значителна улога во претставителната уметност на Ахеменидите, преобразувајќи ги претставените ликови и фигури, давајќи им на палатите шарен сјај [138].

И покрај откривањето на полихромната керамика од Суза, употребата на боите во Персеполис честопати била потценета заради многуте измени на што пигментите биле подложени со текот на времето. Означувањето на повеќе бои на многу парчиња од повеќето палати и градби од Персеполис, докажува за богатството и сеприсутноста на полихроматските слики во Персеполис. Овие бои се користеле не само на архитектонските елементи (sидови, релјефи, столбови, врати, подови, скали, статуи), туку и на ткаенини и на други украси. Застаклени тули, вар подови обоени во црвен окер или зелено-сив гипс, насликани столбови и др. ги украсуваат ентериерите и надворешните страни на палатите. Големата палета на бои дава идеја за полихромското богатство. Се споменува употреба на растителни пигменти, но сè уште не е докажано [139] .

 
Гробницата на Артаксеркс III во Персеполис

Гробници уреди

Многу ахемидски владетели граделе гробници за себе. Најпознатиот, Накш-е Рустам, е античка некропола сместена околу 12 км северозападно од Персеполис, со гробници на четворица од кралевите на династијата врежани на оваа планина: Дариј I, Ксеркс I, Артаксеркс I и Дариј II. Другите кралеви ги граделе своите гробници на друго место. Артаксеркс II и Артаксеркс III претпочитале да ги издлабнат своите гробови покрај пролетниот главен град Персеполис, левиот гроб, кој припаѓа на Артаксеркс II и десниот гроб што му припаѓал на Артаксеркс III, последниот ахаменидски крал што има гроб. Гробот на основачот на Ахеменидската династија, Кир Велики, бил изграден во Пасаргада (денес место за светско наследство). 

 
Божествениот карактер што произлегува од крилестиот диск, во кој доминираат неколку персиски барелјефи, генерално се толкува како претстава на големиот бог Ахура Мазда [140] (овде на портата на Персеполис).

Религија   уреди

Религиската толеранција е опишана како „извонредна одлика“ на Ахеменидското Царство.[141] Стариот завет кажува дека кралот Кир Велики ги ослободил Евреите од вавилонското заробеништво во 539–530 п.н.е. и им дозволил да се вратат во татковината.[142] Кир Велики помогнал во реставрацијата на светите места на разни градови.[141] Религијата на населението на Персија во ерата на Ахеменидите е пред сè позната од документи на кралската моќ и персиските елити. На прво место, официјалните натписи на кралевите. Што се однесува до верувањата, тие посочуваат дека голем бог на Персијците бил Ахура Мазда („Господ-мудрост“), кој останал голем бог на Иранците сè до исламското освојување. Според натписите на Дариј, тој „ги создал земјата, небото, човекот, среќата за човекот“ : тој е бог творец. Се споменува како суверено божествo, оној што го создал кралот и го надарил со квалитети над оние на другите луѓе за да му ја овозможи победата и да го постави на чело на империјата [143]. Оваа форма на религија е хенотеизам, бидејќи постојат други богови, но со понизок ранг. Натписите на Дариј се повикуваат на „други богови што постојат“, без дополнителни детали, оние на Артаксеркс II или III, покажуваат дека овој крал го подигнал рангот на Анахита и Митра, уште два големи ирански бога[144]. Таблетите на Персеполис укажуваат дека кралската палата предвидена во срцето на Персија за обожавање на разни божества, од кои некои се именувани како ирански ( Наријасанга, можеби Зурван ) и други се еламитски божества кои продолжуваат да бидат почитувани на истите места каде што биле неколку векови пред доаѓањето на Персијците (Хуман, Напириша)[145].

Зороастризам уреди

За време на Ахеменидскиот период, зороастризмот стигнал во Југозападен Иран, каде што бил прифатен од владетелите и преку нив станал дефинирачки елемент на персиската култура. Религијата освен што била придружена со формализирање на концептите и божественоста на традиционалниот ирански пантеон, вовела и неколку нови идеи, вклучително и оние на слободната волја.[146][147] Под покровителство на ахеменидските царевите и тоа до 5 век п.н.е. како де факто религија на државата, зороастризмот стигнал до сите страни на империјата.

За време на владеењето на Артаксеркс I и Дариј II, Херодот напишал „[Персијците] немаат слики на богови, нема храмови ниту олтари и сметаат дека нивната употреба е глупост. Ова доаѓа, мислам, од нивното неверување дека боговите ја имаат истата природа со луѓето, како што замислуваат Грците. “ [148] Тој тврди дека Персијците нудат жртва на: „сонцето и месечината, земјата, оганот, водата и ветровите. Овие се единствените богови чие обожавање потекнува уште од прастари време. Во подоцнежниот период тие го започнале обожавањето на Уранија, кое го позајмиле од Арапите и Асирците. Милита е името со кое Асирците ја познаваат оваа божица, на која Персијците ја нарекуваа Анахита.” [148] (Оригиналното име овде е Митра, кое оттогаш се објаснува дека е мешање на Анахита со Митра, разбирливо бидејќи тие обично се поклонувале заедно во еден храм).

Прашањето дали Ахамедидите биле зороастри или не, е многу контроверзно. Од една страна, нивниот врховен бог е Ахура Мазда а името на пророкот Заратустра (Зороастер) стигнало до современите грчки автори. Но, од друга страна, не се појавува во познати персиски извори или во светите зороастриски текстови (Авеста и особено на Гата ), а персиските кралеви не делувале во согласност со реформите што му се припишуваат на Заратустра, особено за време на погребот (кралевите биле закопувани додека тоа било забрането со зороастризмот) [149]. Сепак, концептите присутни во зороастризмот се рефлектираат во кралските натписи, како што е опозициската „вистина“ ( хашија ) / „лага“ ( драуга ) која доаѓа од дуалистички концепт на добро / лошо, првиот што триумфира под покровителство на Ахура Мазда. Но, тие тука се политизираат („лажговците“ се бунтовниците, триумфот на „вистината“ е победата на кралот) и навистина не претставуваат радикален дуализам [150]. Според тоа, ситуацијата останува неодредена.

 
Релјеф Ападана, Персеполис

Култ уреди

Култот бил ставен под покровителство на персиските кралеви, кои самите вршеле ритуали [151]. „Свештенството“ се појавува особено во текстовите на Персеполис, но и во грчки текстови. Магите ( " мудреците ") биле свештеници на иранските богови и можеби биле свештеничко племе (од медијско потекло, ако се следи Херодот), кои биле задолжени за изведување жртвување и ониромантија[152]. Свештениците од еламска религија ( Шатин ) се спомнуваат во текстовите на Персеполис, очигледно соработувале со свештеници од персиската религија [153] Малку се знае за местата за богослужба. Херодот вели дека Персијците немале храмови и затоа треба да се предвиди дека тие ќе градат само храмови од Артаксеркс (II или III) што ги спомнува во неговите натписи. Архивите на Персеполис јасно укажуваат на присуство на многу места за богослужба, од кои некои се несомнено храмови (поврзани повеќе со еламската религија ?).

Од вавилонскиот научник-свештеник Берос, кој - иако пишувал над седумдесет години по владеењето на Артаксеркс II Мномон - рекол дека императорот бил првиот што направил култни статуи на божества и ги поставил во храмовите во многу од поголемите градови на империјата.[154] Берос го потврдува и Херодот кога вели дека Персијците не знаеле за слики на богови сè додека Артаксеркс II не ги подигнал овие слики. На средствата за жртвување, Херодот додава „тие не подигаат олтар, не палат оган, не истураат никакви либерации“.[155] Оваа реченица е протолкувана за да се идентификува критичко (но подоцна) приближување кон зороастризмот. Олтар со оган од дрво и служба Јасна на која се истураат либерациите, сите се јасно препознатливи со современиот зороастризам, но очигледно, биле практики кои сè уште не се развиле во средината на 5 век.  

Археологијата не е во можност да ги лоцира храмовите, само веројатните места за обожавање на отворено со олтари како на Пасаргадис (две камени основи, од кои едната носи горилник) [156]. Херодот, исто така, забележал дека „ниту една молитва ниту жртва не може да се изврши без присутен маг[155] но тоа не треба да се меша со она што денес го сфаќаме под поимот маг, тоа бил магупат (современ персиски: мобед), зороастриски свештеник . Ниту, пак, описот на Херодот за терминот како едно од племињата или касти на Медијците не мора да значи дека тие маги биле Медијци. Тие едноставно биле наследно свештенство кое било пронајдено низ целиот Западен Иран и иако (првично) не биле поврзани со ниту една специфична религија, тие биле традиционално одговорни за сите ритуални и верски служби. Недвосмислената идентификација на магите со зороастризмот дошла подоцна (ерата на Сасанида, 3–7 век од нашата ера). Зороастријанството подлежело на доктрински модификации за кои денес се смета дека се одземања на оригинални учења на пророкот. Многу од ритуални практики опишани во Вендидад на Авеста (како изложеноста на мртвите ) веќе се практикувале од страна на магот за време на Херодот.   

 
Панорамски поглед на карпестите гробници на ахеменидските кралеви Накш-е Ростам .


Наследство уреди

Ахеменидското Царство оставила траен белег врз наследството и културниот идентитет на Азија, Европа и Блискиот Исток и влијаела врз развојот и структурата на идните империи. Всушност, Грците, а подоцна и Римјаните, ги усвоиле најдобрите одлики на персискиот метод на управување со империјата[157].

Во историјата на античкиот Близок Исток, Ахеменидското Царство зазема посебно место. Под владеењето на Ахамедидите, претходно кралските кралства се обединиле во иста државна формација која се протегала помеѓу Инд и Егејското Море. Претходните кралства исчезнале, заменети со административната организација на империјата. Империја која, исто така, ги сочувала различните традиции на освоените империи и ги преосновала во нова целина со воведување на нова идеологија, како што е прикажано особено од ахеменидската уметност или одредени административни традиции успевајќи долго да ја обезбеди својата моќ [158] .

Хегел во своето дело Филозофија на историјата ја воведува Персиската империја како „првата империја што изумрела“ а луѓето како „првиот историски народ“ во историјата. Според неговите кажувања: 

Персиската империја е империја во модерна смисла - како онаа што постоела во Германија, и големото царство под низата на Наполеон; зашто сметаме дека се состои од голем број на држави, кои се навистина зависни, но кои ја задржале сопствената индивидуалност, нивните манири и закони. Општите акти, необврзувачки за сите, не ги нарушувале нивните политички и социјални идиосинкразии, туку дури ги заштитувале и одржувале; така што секоја од нациите што ја сочинуваат целината, има своја форма на устав. Бидејќи светлината осветлува сè - давајќи му на секој предмет посебна виталност - така Персиската империја се протега низ мноштво нации и му остава на секој свој свој карактер. Некои имаат дури и свои кралеви; секој од нив има посебен јазик, оружје, начин на живот и обичаи. Целата оваа различност коегзистира хармонично под непристрасна доминација на Светлината   ... комбинација на народи - оставајќи го секој од нив слободен. Притоа, се запрел варваризмот и жестокоста со кои нациите не сакаа да ги носат своите деструктивни разидувања.[159]

Американскиот ориенталист Артур Уфам Попа (1881-1969) рекол: „Западниот свет има огромен неплатен долг кон персиската цивилизација!“ [160]Вил Дурант, американскиот историчар и филозоф, за време на еден од своите говори „Персија во историјата на цивилизацијата“, како обраќање пред Иранско-американското друштво во Техеран на 21 април 1948 година, изјавил:

Илјадници години Персијците создавале убавина. Шеснаесет века пред Христа тие оделе од овие области или близу до нив. . . Вие бевте тука некој вид слив на цивилизација, истурајќи ја својата крв и мисла и уметност и религија кон исток и запад кон светот   . . . Не треба повторно да ви ги кажувам достигнувањата на вашиот ахеменидски период. Тогаш за првпат во познатата историја империја скоро толку обемна, бидејќи Соединетите држави добија уредна влада, надлежност на администрацијата, мрежа на брза комуникација, безбедност на движење од мажи и стока на величествени патишта, еднакви пред само нашето време од зенитот на Империјалниот Рим.[161]

Наследството на ахеменидската политичка градба се наоѓа во последователните империи, особено на Селевкидсокото и Пертиското. Ахеменидите наоѓаат наследници во сасанската персиска династија која се појавила во III век од н.е. од античко срце на првото Персиско Царство. Иако ахеменидските култни места како Персеполис и Накш-е Ростам биле посетувани од сасанидските кралеви кои оставале натписи и барелјефи таму, со што се ставале во континуитет на нивните славни предци, персиската историографија од времето на Сасанида како и на исламската ера не го зачувале навистина споменот на ахеменидските кралеви, ограничени на неколку споменувања на Кир Велики и Дариј I. Дури по повторното откривање на спомениците на Ахеменидите од страна на истражувачите, а потоа и од европските археолози, а особено со доаѓањето на власт на Реза Чах во 1925 година, сеќавањето на првата персиска империја било целосно интегрирано во националното наследство на современите Иранци[162]

Поврзано уреди

Белешки уреди


  1. Reconstruction, based on an Achaemenid tile. The Alexander Mosaic instead shows the standard in red and gold.[2]
  2. Дека Персијците и Медијците ја делеле власта, а и други биле ставани на важни позиции, Ахеменидите не можеле да дадат име за нивната мултинационална држава. Тие ја нарекувале Кшаса (Khshassa), - „Империјата“.
  3. Хронологијата на владеењето на Кир е несигурна и овие настани се датирани во 542–541 п.н.е.
  4. Bardiya is referred to by a variety of names in Greek sources, including Smerdis, Tanyoxarces, Tanoxares, Mergis and Mardos. The earliest account to mention him is the Behistun Inscription, which has his name as Bardiya.[32][33]
  5. Sources differ on the circumstances of Cambyses' death. According to Darius the Great in the Behistun Inscription, he died of natural causes.[32] According to Herodotus, he died after accidentally wounding himself in the thigh.[46] The true cause of death remains uncertain.[47]

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „FOOTNOTEBriant200234“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Наводи уреди

  1. Shapour Shahbazi, Alireza (2012). Daryaee, Touraj (уред.). The Oxford handbook of Iranian history. Oxford: Oxford University Press. стр. 131. doi:10.1093/oxfordhb/9780199732159.001.0001. ISBN 978-0-19-973215-9. Although the Persians and Medes shared domination and others were placed in important positions, the Achaemenids did not—could not—provide a name for their multinational state. Nevertheless, they referred to it as Khshassa, "the Empire".
  2. „DERAFŠ“. Encyclopædia Iranica. Encyclopædia Iranica Foundation. 21 November 2011. Посетено на 7 April 2019.
  3. Yarshater, Ehsan (1993). The Cambridge History of Iran, Volume 3. Cambridge University Press. стр. 482. ISBN 978-0-521-20092-9. Од четирите престолнини на Ахеменидите именувани по ХеродотЕкбатана, Пазаргаде или Персеполис, Суза и Вавилон—последната [сместена во Ирак] е спомената како најважната престолнина, зимска, централно седиште кое се заменувало само во тек на жештините во летниот период. Under the Seleucids and the Parthians the site of the Mesopotamian capital moved slightly to the north on the Tigris—to Seleucia and Ctesiphon. It is indeed symbolic that these new foundations were built from the bricks of ancient Babylon, just as later Baghdad, a little further upstream, was built out of the ruins of the Sassanian double city of Seleucia-Ctesiphon.
  4. Kittel, Harald; Frank, Armin Paul; House, Juliane; Greiner, Norbert; Schultze, Brigitte; Koller, Werner (2007). Traduction: encyclopédie internationale de la recherche sur la traduction. Walter de Gruyter. стр. 1194–95. ISBN 978-3-11-017145-7.
  5. Tucker, Elizabeth (2001). Christidis, Anastasios-Phoivos (уред.). A History of Ancient Greek: From the Beginnings to Late Antiquity. Greek and Iranian. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-83307-3.
  6. Windfuhr, Gernot. „Iran vii. Non-Iranian Languages (3) Elamite“. Encyclopædia Iranica. Посетено на 8 February 2017.
  7. Foltz, Richard. „Religions of Iran from prehistory to the present“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-03-28. Посетено на 2020-01-19.
  8. Boiy, T. (2004). Late Achaemenid and Hellenistic Babylon. Leuven: Peeters Publishers. стр. 101. ISBN 978-90-429-1449-0.
  9. Turchin, Peter; Adams, Jonathan M.; Hall, Thomas D (December 2006). „East-West Orientation of Historical Empires“. Journal of World-systems Research. 12 (2): 223. ISSN 1076-156X. Посетено на 12 September 2016.
  10. Taagepera, Rein (1979). „Size and Duration of Empires: Growth-Decline Curves, 600 B.C. to 600 A.D“. Social Science History. 3 (3/4): 121. doi:10.2307/1170959. JSTOR 1170959.
  11. Daryaee, Touraj, 1967- (2012). The Oxford handbook of Iranian history. Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-973215-9. OCLC 670375356.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  12. Sampson, Gareth C. (2008). The Defeat of Rome: Crassus, Carrhae and the Invasion of the East. Pen and Sword Books|Pen & Sword Books Limited. стр. 33. ISBN 978-1-84415-676-4. Cyrus the Great, founder of the First Persian Empire (c. 550–330 BC).
  13. Margaret Christina Miller (2004). Athens and Persia in the Fifth Century BC: A Study in Cultural Receptivity. Cambridge University Press. стр. 243. ISBN 978-0-521-60758-2.
  14. Vesta Sarkhosh Curtis; Sarah Stewart (2005). Birth of the Persian Empire. I.B.Tauris. стр. 7. ISBN 978-1-84511-062-8.
  15. Curtis, Vesta Sarkhosh; Stewart, Sarah (2010). The Sasanian Era. I.B.Tauris. ISBN 978-0-85773-309-2.
  16. Tavernier 2007.
  17. Jamie Stokes (2009). Encyclopedia of the Peoples of Africa and the Middle East, Volume 1. Infobase Publishing. стр. 2–3. ISBN 978-0-8160-7158-6. [мртва врска]
  18. Stokes, Jamie. (2009). Encyclopedia of the peoples of Africa and the Middle East. New York: Facts On File. ISBN 978-0-8160-7158-6. OCLC 166382606.
  19. 19,0 19,1 Sacks, David; Murray, Oswyn; Brody, Lisa (2005). Encyclopedia of the Ancient Greek World. Infobase Publishing. стр. 256. ISBN 978-0-8160-5722-1.
  20. Van de Mieroop, Marc (2015-06-25). A history of the ancient Near East ca. 3000–323 BC (Third. изд.). Chichester, West Sussex, UK. ISBN 978-1-118-71817-9. OCLC 904507201.
  21. 21,00 21,01 21,02 21,03 21,04 21,05 21,06 21,07 21,08 21,09 21,10 Briant, Pierre. (2002). From Cyrus to Alexander : a history of the Persian Empire. Winona Lake, IN: Eisenbrauns. ISBN 978-1-57506-574-8. OCLC 785943651.
  22. 22,0 22,1 22,2 Briant 2002.
  23. 23,0 23,1 23,2 Brosius, Maria. (2006). The Persians : an introduction. London: Routledge. ISBN 978-0-415-32089-4. OCLC 61864553.
  24. Nabonidus Chronicle II.1–4
  25. Nabonidus Cylinder I.8–II.25
  26. Herodotus, Histories јануари 0126%3Abook%3D1%3Achapter%3D72 I.72, јануари 0126%3Abook%3D1%3Achapter%3D73 I.73
  27. Herodotus, Histories јануари 0126 I.68
  28. Justin, Epitome I.7 Архивирано на 17 мај 2021 г.
  29. Nabonidus Chronicle III.12–16
  30. Isaiah 41:2–4 NRSV;
  31. Ezra 6:2–5 NRSV
  32. 32,0 32,1 Behistun Inscription 11
  33. Briant 2002, стр. 98.
  34. Wallinga, H.T. (1984). „The Ionian Revolt“. Mnemosyne. 37 (3–4): 401–437. doi:10.1163/156852584x00619. ISSN 0026-7074.
  35. 35,0 35,1 Herodotus, Histories јануари 0126 III.11, јануари 0126%3Abook%3D3%3Achapter%3D13 III.13
  36. Herodotus, Histories јануари 0126 III.29
  37. Herodotus, Histories јануари 0126%3Abook%3D3%3Achapter%3D30 III.30
  38. Herodotus, Histories јануари 0126%3Abook%3D3%3Achapter%3D31 III.31
  39. Herodotus, Histories јануари 0126%3Abook%3D3%3Achapter%3D36 III.36
  40. Herodotus, Histories јануари 0126%3Abook%3D3%3Achapter%3D17 III.17
  41. Herodotus, Histories јануари 0126%3Abook%3D3%3Achapter%3D19 III.19
  42. Herodotus, Histories јануари 0126 III.25
  43. Heidorn, Lisa Ann (1992). The Fortress of Dorginarti and Lower Nubia during the Seventh to Fifth Centuries B.C. (PhD). University of Chicago.
  44. Briant 1996, стр. 109
  45. Ctesias, Persica 11
  46. Herodotus, Histories јануари 0126 III.64
  47. Brosius 2006, стр. 13.
  48. Herodotus (1897). Herodotus: the text of Canon Rawlinson's translation, with the notes abridged, Volume 1. C. Scribner's. стр. 278.
  49. Herodotus. The Histories Book 3.80–83.
  50. 50,0 50,1 50,2 50,3 50,4 50,5 Joseph Roisman, Ian Worthington A Companion to Ancient Macedonia[мртва врска]. pp. 342–45. John Wiley & Sons, 2011 ISBN 1-4443-5163-X
  51. The Oxford Classical Dictionary by Simon Hornblower and Antony Spawforth,ISBN 0-19-860641-9, p. 1515, "The Thracians were subdued by the Persians by 516"
  52. „Persian influence on Greece (2)“. Архивирано од изворникот на 2016-12-16. Посетено на 17 December 2014.
  53. Johannes Engels, "Ch. 5: Macedonians and Greeks", In: Roisman and Worthington, "A companion to Ancient Macedonia", p. 87. Oxford Press, 2010.
  54. „Maka“. livius.org.
  55. Behistun Inscription
  56. „DĀḠESTĀN“. Посетено на 29 December 2014.
  57. Suny, Ronald Grigor (1994). The Making of the Georgian Nation. ISBN 978-0-253-20915-3. Посетено на 29 December 2014.
  58. Ramirez-Faria, Carlos (2007). Concise Encyclopedia Of World History. Atlantic Publishers & Dist. стр. 6. ISBN 978-81-269-0775-5. Посетено на October 7, 2012.
  59. O'Brien, Patrick (2002). Concise Atlas of World History. Oxford University Press. стр. 43. ISBN 978-0-19-521921-0. Посетено на October 7, 2012.Curtis, John E.; Tallis, Nigel (2005). Forgotten Empire: The World of Ancient Persia. University of California Press. стр. 47. ISBN 978-0-520-24731-4.Facts On File, Incorporated (2009). Encyclopedia of the Peoples of Africa and the Middle East. Infobase Publishing. стр. 60. ISBN 978-1-4381-2676-0. Посетено на October 7, 2012.Parker, Grant (2008). The Making of Roman India. Cambridge University Press. стр. 13. ISBN 978-0-521-85834-2. Посетено на October 7, 2012.Thapar, Romila (2004). Early India: From the Origins to AD 1300. University of California Press. стр. 157. ISBN 978-0-520-24225-8. Посетено на October 7, 2012.
  60. Willis Mason West (1904). The ancient world from the earliest times to 800 CE. Allyn and Bacon. стр. 137. The Athenian support was particularly troubling to Darius since he had come to their aid during their conflict with Sparta
  61. 61,0 61,1 Joseph Roisman, Ian Worthington. "A companion to Ancient Macedonia" John Wiley & Sons, 2011. ISBN 1-4443-5163-X pp 135–38, 343–45
  62. See discussion on possible dates for the battle in the article Battle of the Eurymedon.
  63. „Plutarch's Lives by Plutarch: Themistocles Themistocles, Part II“. 2015-10-01. Архивирано од изворникот на 2015-10-01. Посетено на 2018-03-22.
  64. Kuhrt, Amélie, 1944- (2007). The Persian Empire. London: Routledge. ISBN 978-0-203-60774-9. OCLC 681219999.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  65. Kitto, J (1841). Palestine: the Bible History of the holy land. London. стр. 657.
  66. Maurice Whittemore Mather (ed.), Joseph William Hewitt (ed.), Xenophon: Anabasis, Books 1–4. University of Oklahoma Press, 1979, ISBN 978-0-8061-1347-0, p. 44
  67. (Polybius, 27 October 2012)
  68. (Dandamaev & Lukonin, 1989:361–62)
  69. Nash, June (2003-01). јануари 19.2 „IWAC and NYWAC Materials Archived“ Проверете ја вредноста |url= (help). Anthropology News. 44 (1): 19–19. doi:10.1111/an.2003.44 јануари 19.2 Проверете ја вредноста |doi= (help). ISSN 1541-6151. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  70. Kjeilen, Tore. „Artaxerxes 3“. Архивирано од изворникот на 25 February 2008. Посетено на March 5, 2008.
  71. Sekunda, Nick; Nicholas V. Sekunda; Simon Chew (1992). The Persian Army 560–330 BC. Osprey Publishing. стр. 28. ISBN 978-1-85532-250-9.
  72. Miller, James M. (1986). A History of Ancient Israel and Judah. John Haralson Hayes (photographer). Westminster John Knox Press. стр. 465. ISBN 978-0-664-21262-9.
  73. 73,0 73,1 73,2 73,3 73,4 „Artaxerxes III Ochus ( 358 BC to 338 BC )“. Посетено на March 2, 2008.
  74. Newton, Sir Charles Thomas; R.P. Pullan (1862). A History of Discoveries at Halicarnassus, Cnidus & Branchidæ. Day & son. стр. 57.
  75. Rawlinson, George (1889). „Phœnicia under the Persians“. History of Phoenicia. Longmans, Green. Архивирано од изворникот на 20 July 2006. Посетено на March 10, 2008.
  76.   Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)
  77. „The Legend Of Gog And Magog“. Архивирано од изворникот на 15 March 2008. Посетено на March 10, 2008.
  78. Bruce, Frederick Fyvie (1990). The Acts of the Apostles: The Greek Text with Introduction and Commentary. Wm. B. Eerdmans Publishing. стр. 117. ISBN 978-0-8028-0966-7.
  79. „Persian Period II“. Архивирано од изворникот на 17 February 2008. Посетено на March 6, 2008.
  80. „Chapter V: Temporary Relief“. Архивирано од изворникот на 19 June 2008. Посетено на March 1, 2008.
  81. „Philip of Macedon Philip II of Macedon Biography“. Архивирано од изворникот на 14 March 2008. Посетено на March 7, 2008.
  82. 82,0 82,1 Charles Dexter Cleveland (1861). A compendium of classical literature: comprising choice extracts translated from Greek and Roman writers, with biographical sketches. Biddle. стр. 313.
  83. Abraham Valentine Williams Jackson (1906). Persia past and present. The Macmillan Company. стр. 278.
  84. Ralph Griffiths; George Edward Griffiths; George Edward Griffiths (1816). The Monthly review. 1816. стр. 509.
  85. Theodore Ayrault Dodge (1890). Alexander: a history of the origin and growth of the art of war from the earliest times to the battle of Ipsus, B.C. 301, with a detailed account of the campaigns of the great Macedonian. Houghton, Mifflin & Co. стр. 438.
  86. William Smith (1887). A smaller history of Greece: from the earliest times to the Roman conquest. Harper & Brothers. стр. 196.
  87. Pierre Briant; Amélie Kuhrt; Amélie Kuhrt (2010). Alexander the Great and His Empire: A Short Introduction. Princeton University Press. стр. 183–85. ISBN 978-0-691-14194-7.
  88. Engineering an Empire – The Persians. Broadcast of The History Channel, narrated by Peter Weller
  89. Herodotus, Herodotus, trans. A.D. Godley, vol. 4, book 8, verse 98, pp. 96–97 (1924).
  90. Lecoq 1997, стр. 165-166
  91. Lecoq 1997, стр. 221-224
  92. Briant 1996, стр. 222-228
  93. Briant 1996, стр. 239-244
  94. Briant 1996, стр. 252-265
  95. Michael Alram, "DARIC", Encyclopaedia Iranica, December 15, 1994, last updated November 17, 2011
  96. Persepolis Recreated, NEJ International Pictures; 1st edition (2005) ISBN 978-964-06-4525-3 ASIN B000J5N46S, https://www.youtube.com/watch?v=nCwxJsk14e4
  97. Herodotus Book III, 89-95
  98. Archibald, Zosia; Davies, John K.; Gabrielsen, Vincent (2011). The Economies of Hellenistic Societies, Third to First Centuries BC (англиски). Oxford University Press. стр. 404. ISBN 978-0-19-958792-6.
  99. „India Relations: Achaemenid Period – Encyclopaedia Iranica“. www.iranicaonline.org (англиски).
  100. Williams, Michael R. (1998). A history of computing technology (2 ed., 2nd print.. изд.). Los Alamitos, Calif.: IEEE Computer Soc. стр. 56. ISBN 978-0-8186-7739-7.
  101. 101,0 101,1 „History Of Iran (Persia)“. Historyworld.net. Посетено на 7 January 2011.
  102. „Darius I (Darius the Great), King of Persia (from 521 BC)“. 1902encyclopedia.com. Посетено на 7 January 2011.
  103. The words are actually inscribed on the frieze of the James A. Farley Post Office Building in the borough of Manhattan in New York City, New York. The inscription is based on: Herodotus with George Rawlinson, trans., The History of Herodotus (New York, New York: Tandy-Thomas Co., 1909), vol. 4, Book 8, § 98, p. 147.
  104. M. DandaMayev, "Foreign Slaves on the Estates of the Achaemenid Kings and their Nobles," in Trudy dvadtsat' pyatogo mezhdunarodnogo kongressa vostokovedov II, Moscow, 1963, pp. 151–52
  105. Stolper, Matthew (1989). „Registration and Taxation of Slave Sales in Achaemenid Babylonia“. Zeitschrift für Assyriologie und Vorderasiatische Archäologie. 79: 80–101. Посетено на 20 November 2019.
  106. Hartley, Charles W.; Yazicioğlu, G. Bike; Smith, Adam T. (2012). The Archaeology of Power and Politics in Eurasia: Regimes and Revolutions (англиски). Cambridge University Press. стр. 83. ISBN 978-1-107-01652-1.
  107. Palmira Johnson Brummett; Robert R. Edgar; Neil J. Hackett; Robert R. Edgar; Neil J. Hackett (2003). Civilization past & present, Volume 1. Longman. стр. 38. ISBN 978-0-321-09097-3.
  108. Schmitt, Rüdiger (21 July 2011). „Achaemenid Dynasty“. Encyclopædia Iranica. Посетено на 4 March 2019.
  109. A history of Greece, Volume 2, By Connop Thirlwall, Longmans, 1836, p. 174
  110. 110,0 110,1 Jona, Lendering (1997). 'Immortals'. Livius.org. Посетено на 16 May 2009.
  111. Volume IX, Encyclopædia Britannica, Fifteenth Edition 1983
  112. Potts, D. T. (1999). The Archaeology of Elam: Formation and Transformation of an Ancient Iranian State (англиски). Cambridge University Press. стр. 345. ISBN 978-0-521-56496-0.
  113. Delrue, Parsival (2007). „Trilobate Arrowheads at Ed-Dur (U.A.E, Emirate of Umm Al-Qaiwain)“. Arabian Archaeology and Epigraphy. 18.
  114. Sekunda, Nicholas (1992). The Persian Army 560–330 BC. Osprey Publishing. стр. 30. ISBN 978-1-85532-250-9.
  115. „The Darius Seal“. British Museum.
  116. „Darius' seal: photo - Livius“. www.livius.org.
  117. 117,0 117,1 117,2 117,3 117,4 117,5 Kaveh Farrokh (2007). Shadows in the desert: ancient Persia at war. Osprey Publishing. стр. 68. ISBN 978-1-84603-108-3.
  118. Herodotus (2009) [publication date]. The Histories. Translated by George Rawlinson. Digireads.Com. стр. 43–44. ISBN 978-1-4209-3305-5.
  119. Garrison, Mark B.; Root, Margaret C. (2001). Seals on the Persepolis Fortification Tablets, Volume 1. Images of Heroic Encounter (OIP 117). Chicago: Online Oriental Institute Publications. Архивирано од изворникот на 5 January 2007. Посетено на 9 January 2007.
  120. 120,0 120,1 Persepolis Elamite Tablets. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-01-21. Посетено на 2020-01-23.
  121. Insler, Stanley (1975). „The Love of Truth in Ancient Iran“. Архивирано од изворникот на 5 May 2007. Посетено на 9 January 2007. In Insler, Stanley; Duchesne-Guillemin, J., уред. (1975). The Gāthās of Zarathustra (Acta Iranica 8). Liege: Brill.
  122. Brian Carr; Brian Carr; Indira Mahalingam (1997). Companino Encyclopedia of Asian philosophy. Taylor & Francis. ISBN 978-0-415-03535-4.
  123. (англиски) I. J. Finkel, « The decipherment of Achaemenid Cuneiform », dans Curtis & Tallis (dir.) 2005, стр. 25-29 ; voir les différentes contributions relatives au déchiffrement du cunéiforme dans B. Lion et C. Michel (dir.), Les écritures cunéiformes et leur déchiffrement, Paris, 2008.
  124. (англиски) M. W. Stolper, « Achaemenid Languages and Inscriptions », dans Curtis & Tallis (dir.) 2005, стр. 22-24
  125. Les tablettes qui nous sont parvenues s'étant conservées par accident, souvent la destruction violente du site où elles étaient entreposées.
  126. Lecoq 1997, стр. 40-50 ; (англиски) M. W. Stolper dans Curtis & Tallis (dir.) 2005, стр. 18-20 ; (англиски) R. Schmitt, « Old Persian », dans R. D. Woodard (dir.), The Ancient Languages of Asia and the Americas, Cambridge, 2008,   ; F. Joannès et G. Tolini, « L'alphabet vieux-perse », dans B. Lion et C. Michel (dir.), Les écritures cunéiformes et leur déchiffrement, Paris, 2008,  .
  127. Lecoq 1997, стр. 54-56 ; (англиски) M. W. Stolper dans Curtis & Tallis (dir.) 2005, стр. 20-21
  128. Lecoq 1997, стр. 51-54 ; (англиски) M. W. Stolper dans Curtis & Tallis (dir.) 2005, стр. 20
  129. Lecoq 1997, стр. 57 ; (англиски) M. W. Stolper dans Curtis & Tallis (dir.) 2005, стр. 21
  130. Aramaic.
  131. Frye, Richard N.; Driver, G. R. (1955). „Review of G.R. Driver's 'Aramaic Documents of the Fifth Century B.C.'“. Harvard Journal of Asiatic Studies. 18 (3/4): 456–61. doi:10.2307/2718444. JSTOR 2718444. p. 457.
  132. Geiger, Wilhelm; Ernst Kuhn (2002). Grundriss der iranischen Philologie: Band I. Abteilung 1. Boston: Adamant. pp. 249ff.
  133. Ware, James R.; Kent, Roland G. (1924). „The Old Persian Cuneiform Inscriptions of Artaxerxes II and Artaxerxes III“. Transactions and Proceedings of the American Philological Association. 55: 52–61. doi:10.2307/283007. JSTOR 283007. p. 53
  134. Gershevitch, Ilya (1964). „Zoroaster's own contribution“. Journal of Near Eastern Studies. 23 (1): 12–38. doi:10.1086/371754. p. 20.
  135. Charles Henry Caffin (1917). How to study architecture. Dodd, Mead and Company. стр. 80.
  136. Edward Lipiński; Karel van Lerberghe; Antoon Schoors; Karel Van Lerberghe; Antoon Schoors (1995). Immigration and emigration within the ancient Near East. Peeters Publishers. стр. 119. ISBN 978-90-6831-727-5.
  137. G. Lacaze, « Un art iranien », dans Regards sur la Perse antique
  138. Stierlin 2006, стр. 115
  139. (англиски) „PDF-врска“ мора да се употребува со аргумент PDF Janet Ambers, St John Simpson Some pigment identifications for objects from Persepolis ARTA 2005.002, Achemenet.com (consulté le 16 janvier 2007)
  140. Benoit 2003, стр. 439
  141. 141,0 141,1 Fisher, William Bayne; Gershevitch, I. (1968). The Cambridge History of Iran (англиски). Cambridge University Press. стр. 412. ISBN 978-0-521-20091-2.
  142. „Book of Ezra | King James Bible“. Kingjamesbibletrust.org. Архивирано од изворникот на 10 May 2011. Посетено на March 21, 2011.
  143. Lecoq 1997, стр. 157
  144. Lecoq 1997, стр. 158-159
  145. (англиски) H. Koch, « Theology and Worship in Elam and Achaemenid Iran », dans J. M. Sasson (dir.), Civilizations of the Ancient Near East, New York, 1995,   ; S. Razmijou, « Religion and Burial Customs », dans Curtis & Tallis (dir.) 2005, стр. 150-151
  146. A. V. Williams Jackson (2003). Zoroastrian Studies: The Iranian Religion and Various Monographs (1928). Kessinger Publishing. стр. 224. ISBN 978-0-7661-6655-4.
  147. Virginia Schomp (2009). The Ancient Persians. Marshall Cavendish. стр. 24. ISBN 978-0-7614-4218-9.
  148. 148,0 148,1 Herodotus, I.131
  149. Lecoq 1997, стр. 156-157 ; Huyse 2005, стр. 135-139 ; S. Razmijou dans Curtis & Tallis (dir.) 2005, стр. 150 ; (англиски) W. W. Malandra, « Zoroastrianism i. Historical Review », dans E. Yarshater (dir.), Encyclopædia Iranica Online, 2005 (accessible http://www.iranicaonline.org/).
  150. Lecoq 1997, стр. 163-164
  151. Briant 1996, стр. 252-256
  152. Briant 1996, стр. 256-258 ; Lecoq 1997, стр. 161 ; S. Razmijou dans Curtis & Tallis (dir.) 2005, стр. 151
  153. (англиски) W. Henkelman, The Other Gods Who Are, Studies in Elamite-Iranian Acculturation Based on the Persepolis Fortification Texts, Leyde, 2008
  154. Berosus, III.65
  155. 155,0 155,1 Herodotus, I.132
  156. S. Razmijou dans Curtis & Tallis (dir.) 2005, стр. 152 ; R. Boucharlat, « Autres travaux de Darius et ses successeurs », dans Perrot (dir.) 2010, стр. 412-417.
  157. "Mastering World History" by Philip L. Groisser, New York, 1970, p. 17
  158. Briant 1996, стр. 893-896
  159. George W.F. Hegel (2007). The Philosophy of History. ISBN 978-1-60206-438-6.
  160. "The History of the Persian Civilization" by Arthur Pope, P. 11
  161. Durant, Will. „Persia in the History of Civilization“ (PDF). Addressing 'Iran-America Society. Mazda Publishers, Inc. Архивирано од изворникот (PDF) на 23 July 2011.
  162. (англиски) V. Sarkosh Curtis, « The legacy of ancient Persia », dans Curtis & Tallis (dir.) 2005, стр. 250-257

Надворешни врски уреди