Сончев календар календар со чија помош се означува годишното време или пак привидната положба на Сонцето во однос на ѕвездите. грегоријанскиот календар, широко прифатен стандард во светот, е пример за сончев календар. Друг поважен вид на календар е месечевиот календар, чии месеци соодветствуваат на циклусите на фазите на Месечината. Месеците на грегоријанскиот календар не се совпаѓаат со циклусите од месечевите мени.

Примери

уреди

Меѓу најстарите сочеви календари се: јулијанскиот календар и коптскиот календар. И двата календари имаат година со траење од 365 дена, што е продолжена на 366 денови еднаш на секои четири години, без исклучок, така да тие имаат просечна година од 365,25 дена. Како што сончевите календари станувале се поточни, ти се развиле во два вида.

Тропски сончеви календари

уреди

Ако положбата на Земјата во својата орбита околу Сонцето е пресметана во однос на рамноденицата, точката низ која орбитата преминува низ небесниот екватор, тогаш датумите точно ги означуваат годишните времиња, односно тие се синхронизирани со деклинацијата на Сонцето.Овој вид на календар е наречен тропски сончев календар.

Времетраењето на средната календарска година на овој вид на календар приближно претставува одреден облик на тропската година, обично или просечна тропска година или рамноденична година.

Следниве календари се тропски сончеви календари:

Гореспомнатите календари имаа година од 365 дена, што повремено се продолжува со додавање на дополнителен ден за да се образува престапна година, методот е наречен „ престапност“, а вметнатиот ден се нарекува „престапен“.

Иранскиот календар секогаш ја започнува годината при рамноденица и пресстапните денови се така додадени, така што следната година би започнала при пролетната рамноденица. Моментот на стапување на пролетната рамноденица на северната полутопка е одреденво Техеран „со помош на астрономски пресметки од дигурно потекло“.[1] °

Ѕвездени сончеви календари

уреди

Ако положбата на Земјата (Погледајте погоре) се пресметува од неподвижните ѕвезди, тогаш датумите го означуваат соѕвездието од зодијакот близу кое може да биде Сонцето. Календарот од овој вид се нарекува ѕвезден сончев календар.

Средната календарска година на овој вид на календар е приближна на ѕвездената година .

Индиските календари налик на хиндуистичкиот календар, тамилскиот календар, бенгалскиот календар (неизменет) и малајалскиот календар се ѕвездени сончеви календари. Тајландскиот сончев календар, кога се засновал на хиндуистичкиот календар, исто така бил ѕвезден календар. Тие се добиени врз основа на привидното движење на Сонцето преку дванаесетте хороскопски знаци наместо употребата на тропското движење на Земјата.

Несончеви календари

уреди

Исламскиот календар, е месечев календар и има година, чиј почеток се менува низ годишните времиња, што го прави да биде несончев календар. Мајанскиот календар цолкин, кој е заснован на циклус од 260 дена, нема година, што исто така го прави несончев календар. Исто така, секој календар заснован само на орбиталниот период на Венера не е сончев календар.

Месечево-сончеви календари

уреди

Месечево-сончевите календари се месечеви календари, со дополнителни правила за престапност за задржување на груба синхронизација со сончевата година, а со тоа и годишните времиња. Бидејќи типичниот месечево-сончев календар има една година составена од цел број на месечеви месеци, не постои можност да укажува на местоположбата на Земјата околу Сонцето, на начин на кој тоа го прават сончевите календари.

Список на сончеви календари

уреди

На следниов список се тековни, историски и предложени сончеви календари:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. The Universal House of Justice (2014-07-10). „To the Bahá'ís of the World“. Посетено на 2014-07-10.

Надворешни врски

уреди

Предлошка:Time measurement and standards Предлошка:Chronology