Уранија
Во старогрчката митологија Уранија (старогрчки: Οὐρανία), што значи „небесна“, била муза на астрономијата и астрологијата. Таа обично е насликана со глобус во својата лева рака и (зашилен) стап во десната, додека нејзината нога е поставена на желка, симболот на молчењето. Таа била способна да ја предвиди иднината од позицијата на ѕвездите. Честопати е поврзувана со универзалната љубов и Светиот Дух. Облечена е во наметка на која се извезани ѕвезди, а нејзините очи се фокусирани кон небото. Најмили и се луѓето кои се занимаваат со филозофија и со небесните работи.