Бесмртните (од грчки Ἀθάνατοι, понекогаш Десет илјади бесмртни или Персиски бесмртни), исто така познати и како бесмртна армија (персиски: سپاه جاويدان) е име дадено од Херодот за елитната тешка пешадиска единица од 10.000 војници во армијата на Ахеменидското Царство. Оваа единица вршела двојна улога: служела како царска гарда, но и како армија. Бесмртните главно биле Персијци, но имало и Мидијци и Еламити.[1]

Современа реконструкција на Бесмртните во нивните церемонијални облеки, при прославата на 2.500 години од Персиската Империја.

Бројни прашања поврзани со оваа единица остануваат неодговорени, (дури и потеклото на името), поради тоа што недостасуваат автентични извори.[2]

Херодот

уреди

Херодот ги опишал „Бесмртните“ како тешка пешадија, водени од Хидарн, и кои постојано биле точно 10.000 на број. Тој исто така напишал дека името на оваа воена единица доаѓа од обичајот да се замени со нов член секој што е убиен, повреден или болен, со што единицата има постојана сила.[3]

Оваа елитна единица е наречена „Бесмртните“ само во изворите кои се засноваат врз пишувањето на Херодот. Во персиските извори наоѓаме доказ за постоењето на постојана единица, иако не се наречени „Бесмртни“.[4] „Можно е информаторот на Херодот да ги измешал именките: Anûšiya („пријатели“) и Anauša („бесмртни“)“,[4] но ова тврдење не е прифатено од Рудигер Шмит.

Историја

уреди

Бесмртните одиграле клучна улога во битките на Камбис II (освојувањето на Египет во 525 година п.н.е.) и на Дариј I (освојувањето на помали кралства - северен Пенџаб и Синд, денес во Пакистан, и Скитија, во 520 година п.н.е. и 513 година п.н.е.). Бесмртните учествувале во Термопилската битка во 480 година п.н.е.[5] и биле дел од персиската војска при заземање на Грција, во 479 година п.н.е.

Во текот на последните декади од Ахеменидското Царство, улогата на главниот командант на Бесмртните (хазарапатиш) била проширена со тоа што тој станувал и главен министер на кралот.[6] Телохранителите на кралот кои биле во директен контакт со него, од пред тоа биле дел од одредена одбрана чета од илјада силни мажи.[6]

Опрема

уреди
 
Бесмртните во борба со војската на Александар Македонски. Бојата е реконструкција на оригиналниот релјеф од саркофагот на Александар, во Истанбул

Херодот го опишал нивното наоружување на следниов начин: плетени штитови, кратки која, контејнер за стрели, мечеви или кратки ками, прачки, лак и стрели. Под облеката носеле панцирни палта. Копјето, за разлика од обичните војници, било сребрено, а повисоките офицери имале врвови за копјето од злато.[7] Оваа единица била следена од караван со покриени кочии, камили и мазги, кои ги пренесувале потребните производи за нив, но и конкубини и слуги. Меѓу потребните производи спаѓала специјална храна што била сервирана само за нив.[8][9]

 
Војници Медиец (лево) и Персиец (десно), резба во Персеполис. Некои научници сметаат дека ова се Бесмртните.

Она што Бесмртните го носеле на главата, се смета дека е персиската тијара. Не се знае точно каква била формата, но некои извори ја опишуваат како капа од штоф или филц, која можела да се симне врз лицето заради заштита од ветер и прашина во сувите персиски предели.[7] Од зачуваните до денес обоени ахемедски глинени плочи и од резбите на кои се претставени Бесмртните, може да видиме дека тие носеле облеки со многу детали, обетки во форма на круг и златен накит. Сепак, се смета дека вака се облекувале само за свечени прилики.[10]

Во уметноста и популарната култура

уреди

Херодот споменал две воени елитни групи - Спартанците и Бесмртните - кои се соочиле во битка. Ова претставува инспирација за детален опис на битката, посебно на Бесмртните:

  • Во филмот од 1962 година, 300 Спартанци, Бесмртните носат копје и плетени штитови како и вистинските Бесмртни. Но, главно се облечени во црна или темна боја, што е спротивно на историското претставување на Бесмртните.[11]
  • Стрипот на Френк Милер од 1998 година, 300, и филмот кој е снимен во 2006 година врз основа на стрипот, 300, ни претставуваат измислена верзија на Бесмртните во Термопилската битка. Овде, Бесмртните носат метални маски во стилот на јапонските менгу, претставени се нечовечни и изобличени, и имаат пар мечеви, кои наликуваат на јапонските вакизаши.[11]
  • На американскиот ТВ канал за историја (History Channel), прикажан е документарец со наслов Последните 300 (Last Stand of the 300) каде се појавуваат Бесмртните како дел од Термопилската битка. Во оваа верзија, тијарата што ја носат Бесмртните е прикажана како црна маска од платно која го прекрива целото лице, а е доволно проѕирна за да се гледа низ неа.[11]

Наводи

уреди
  1. http://global.britannica.com/EBchecked/topic/587087/Ten-Thousand-Immortals
  2. http://www.iranicaonline.org/articles/immortals
  3. Jona Lendering. „The Persian Immortals“. Ancient Persia. Архивирано од изворникот на 2010-03-25. Посетено на 6 September 2009.
  4. 4,0 4,1 Lendering, Jona, Immortals, Greek name for an elite regiment in the ancient Achaemenid empire, Iran Chamber Society
  5. Jona Lendering. „Thermopylae“. Ancient Persia. Архивирано од изворникот на 2014-08-11. Посетено на 6 September 2009..
  6. 6,0 6,1 Jim Hicks, page 61, "The Persians", 1975 Time-Life International
  7. 7,0 7,1 [1] Архивирано на 25 март 2010 г.. Retrieved 16 May 2009.
  8. Cook, J.M. The Persian Empire. New York: Schocken Books, 1983. Page 105.
  9. Shadows in the Desert: Ancient Persia at War, Osprey Publishing, 2007, page 76
  10. Volume IX, Encyclopaedia Britannica, Fifteenth Edition 1983
  11. 11,0 11,1 11,2 Rastani, Nabil (27 October 2010). The Guards of the Shahanshah, How to fight, carry weapons, ride horses and learn archery. Архивирано од изворникот на 2016-09-13. Посетено на 2016-12-10.